Блекџекот е доста популарна игра на среќа во која генерално предноста ја има казиното. Но со одредени методи, предноста може да ја насочите кон вас.

Постојат многу методи за создавање предност во блекџекот, а една од тие методи е броењето на карти.

Броењето на карти може да биде многу важно за вашата игра. Со броење на картите ја зголемувате вашата шанса за победа.

Во блекџек, како и во останатите игри, казиното има предност во однос на вас, но доколку во вашата игра вклучете соврешено броење на карти, не само што ќе ја намалите предноста на казиното, туку имате шанса и да заработите пари.

Броењето карти доаѓа во неколку формати, од едноставни до комплицирани методи. За оние кои се нови во броењето на карти, едноставната метода е доволна. Еднаш кога играчот ќе ја усоврши таа едноставна метода, може да премине и на комплицираните методи.

Едноставен начин за тестирање на вашите вештини е играње блекџек онлајн. Не сте временски ограничени, ниту сте под казино надзоро. За почетниците, може да ги запишувате резултатите на лист додека играте блекџек онлајн, но само за учење.

Едноставно Hi – Lo броење на карти во блекџек

оваа техника е за почетници, но тоа не значи дека не е добра. Со оваа техника може да остварите голема предност.
Цела идеја која се крие зад Hi – Lo системот на броење на секоја карта да и дадете вредност.

Оваа метода на броење му кажува на играчот кои карти останале во шпилот, високи или ниски. После половина шпил, доколку вашето броење е високо, во шпилот има повеќе 10 до А карти, тоа предстваува предност за играчот. Доколку броењето е ниско, тоа претставува предност за казиното.

Кога има повеќе 10 – А карти останато во шпилот, играчот има голема можност за добивање блекџек. Со ова знаење, можете да го зголемете влогот во прав момент. Ова исто така може да значи дека дилерот во голем број случаеви ќе надмине 21.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*