Ако првин речете казино, треба исто така, да го споменете и зборот Блек Џек. Блек Џек онлајн е доста популарна казино игра. Една од најпривлечните карактеристики на играта е тоа што таа е лесна за играње, па може да ја игра секој кој знае да изброи до 21. Сепак, пред да се впуштите во вашата Блек Џек авантура, добра идеја е да ја прочитате оваа статија. Тука ви опишуваме каде е најдобро да играте Блек Џек и која е суштината на играта. За почеток, можете да одберете да играте на едно од онлајн казината кои подолу ви ги препорачуваме за Блек Џек.

Играј Блек Џек онлајн

Блек Џек е едноставна и лесна игра, што значи дека може да биде малку проблематично кое онлајн казино да го одберете. Многу онлајн казина се слични едни на други. Како и да е, едно е сигурно, сите казина кои ќе ги најдете на CasinoBonus.mk ви нудат добро искуство со Блек Џек. А како надополнување, можете да бидете наградени со одлични бонуси. Добра идеја да си одберете едно од казината кои ви ги препорачуваме погоре. Таму сте во добри и безбедни раце, а ви следува и одлична забава, како и добри шанси за добивки.

Блек Џек

Како се игра Блек Џек

Дури и оној кој не е страстен казино играч, сепак може да игра Блек Џек. Не треба многу време за да ги научите едноставните основи правила и можете – дури и пред да ги знаете – да почнете да играте на некоја од масите за Блек Џек. Подолу ви нудиме објаснување како да започнете со игра.

Целта во Блек Џек, познат и како 21, е да се победи дилерот. За да се направи тоа, потребен ви е идеален збир од 21 на вашите карти, или барем збир кој е што поблиску до оваа добитна бројка. Играта почнува со тоа што вие, како играч, добивате две карти, а истовремено толку добива и дилерот од кои вие можете да ја видите едната.

Картите со бројки од 1 до 9 ја имаат истата вредност на нивните бројки при збирање на сумата која ја имате. Тоа значи дека 8-ката се брои за осум, а четворка за четири. Картите со слики (џандар, дама, поп) се бројат за 10, додека кецот се брои за 1 или 11, во зависност од тоа што повеќе ви одговара во комбинација со другите. Вредноста на карите останува додека играта е во прогрес. Откако ќе ги видите вашите две карти, одлучувате дали сакате уште или запирате со барање на нови карти од дилерот. Кога ќе одлучите да запрете, на ред е дилерот да се обиде во име на казиното да погоди збир од 21 или што е можно поблиску до таа сума.

Како победувам во Блек Џек?

Ако имате две карти, едната со слика, а другата е кец, тоа се вика Блек Џек и во тој случај вашата добивка е 2,5 пати поголема од паричниот влог кој сте го направиле. Во случај на било која друга победа, вашиот влог се удвојува како добивка. Што значи, ако вложите сто долари, вашата добивка ќе изнесува дополнителни сто долари, или вкупно двесте долари. Доколку вашиот дилер има Блек Џек истовремено со вас, вашите пари ќе ви бидат вратени.

Ако збирот на вашите карти е поголем од 21, играта е загубена. Треба да знаете дека доколку и вие и дилерот имате збир поголем од 21, тогаш дилерот ги добива парите. Блек Џек, исто така, подразбира и вештина на тактизирање кога сте под притисок во неизвесна ситуација и мора да пресечете дали вреди да барате уште една карта со ризик да го надминете збирот од 21. Ако вие и дилерот имате ист збир на картите и тој е под 21, паричниот влог ви се враќа.

Ако дилерот има збир од 16 или помалку, тој мора да влече карта, додека ако има збир од 17, тогаш може да остане на таа бројка без да бара карта. Тоа значи дека треба да сте внимателни колку блиску до 16 е дилерот. Во таков случај тој ќе треба да влечи карта, дури и ако истата вам ви донесе победа и добивка.

Токму тој тактички момент истовремено ја прави играта интересна и возбудлива. Кога играте Блек Џек имате неповторливо искуство на возбуда и шанса да освоите добра сума на пари. Поради тоа, Блек Џек е многу популарна и распространета казино игра.