Казино порано претставувало просторија или место во кое се одвиваат одредени активности на коцкање. Во денешно време спаѓаат и онлајн казината. Тие се се повеќе популарни и повеќе користени. Традиционалните казина најчесто се градат или се отвораат во комбинација со хотели, ресторани, трговски центри, бродови за крстарење или други туристички атракции.

Казино

Некои казина се познати по тоа што организираат вечери на забава во живо, како што се стенд aп комеди, концерти и спортски натпревари. Тие гледаат максимално да им пружат задоволство на своите клиенти. Уживањето на играчите е многу важно за казино менаџерите, и гледаат да им угодат. Употребата на зборот во минатото и модерната употреба во некои земји, не секогаш вклучуваат коцкање.

Казино правила

Секое казино си има свои правила, до кои играчите мора да се придржуваат. Коцкањето во повеќето земји е регулирано, и е дозволено за лица не помали од 16 до 21 година. Тоа е во зависност од државата, во некои држави границата е повисока и обратно.

Пред да се коцкате добро запознајте се со правилата на казиното. Тоа може директно или индиректно да влијае на вашите финансии.

Казино маса во онлајн казино за blackjack

Посетителите се коцкаат играјќи игри на среќа, а во некои случаи за тоа е потребно одредена вештина, како кај крапс, рулет, бакарат, блек џек, и видеопокер. Вештините ќе ве однесат до профит, но мора да поминете доволно време во информирање и запознавање со игрите. Повеќето од игрите имаат математички определени коефициенти, кои гарантираат дека казиното секогаш има предност пред играчите. Во игрите, како што е покерот, каде што играчите играат еден против друг, куќата зема посебна провизија. Казината понекогаш даваат некои награди на играчите. Кај традиционалните казина, тоа може да е бесплатни пијалоци или некој друг вид на материјални работи. Додека кај онлајн казината, тоа не е случај. Тие не може да ве почестат со пијачка, но затоа ви даваат бонуси.

Бонусите може да бидат во вид на слободни вртења, жетони, парични средства со кои ќе се кладите и слично.

Минималната и максималната уплата и исплата во казиното зависи од самото казино т.е што тоа казино нуди. Добро е да се информирате и за овие вредности, за да немате некои проблеми поврзани со максимална/минимална уплата или исплата.

Историја на казино

Зборот казино доаѓа од венецијанскиот јазик т.е од зборот „casa“ што значи куќа. Казино игрите се многу стари и популарни со векови. Бројот на казино игри се зголемувал со текот на времето. На пример, современите слот машини ги развивале Ситмен и Пит од Бруклин во 1891 година. Тоа бил апарат за коцкање кој имал 50 карти, бил базиран на покерот. Овој покер апарат се покажал како многу популарен и па така многу барови во градот имале по еден или повеќе вакви механички покер апарати.

Модерни или онлајн казина

Онлајн казината исто така познати и како виртуелни коцкарници е онлајн верзија на традиционалните казина. Онлајн казината им овозможуваат на играчите да играат и да се обложуваат на игри преку интернет.

онлајн коцкање

Ваквите казина претежно нудат коефициенти и исплата кои се споредливи со традиционалните коцкарници. Некои онлајн казина тврдат дека имаат повисоки проценти на исплата за коцкарски автомати („џек потови“), а некои дури и објавуваат ревидирани извештаи за процентот на исплата на нивните мрежни места.

Поголемиот дел од онлајн казината го изнајмуваат или го купуваат софтверот од софтверски компании. Најпознати софтверски комапнии кои прават софтвер за коцкање се Microgaming, Realtime Gaming, Playtech, International Game Technology и CryptoLogic.

Најпопуларни казино игри

Бакарат

Бакарат (Baccarat) е игра каде најблиската рака до 9 е победник. Асовите се сметаат како 1 (еден), картите од 2 до 9 имаат вредност како обележаната вредност на картата, додека десетките и картите со слика (џандар, дама, крал) имаат вредност нула. Ако вашиот збир е над 10 тогаш од истиот се одзема 10 и остатокот е вредноста на вашата рака во тоа делење. Пример, 6 + 9 = 15 – 10 = 5, значи 5 е вашиот збир.

Рулет

Рулет е една супер игра која ви нуди многу различни игри и начини на исплата. Во рулетот има 37 можни полиња. Треба да го погодете бројот каде што ќе застане топчето, но може и да се обложувате на боја, пониско или повисоко, сето тоа во зависно од ситуацијата. Битно е да знаете дека рулетот се состои од круг во кој се врти едно топче во него.

Рулет во онлајн казино

Покер

Покер е група на игри со карти кои имаат слични правила за обложување и најчесто и слични покер комбинации. Покер игрите се разликуваат според тоа, како се делат картите, можноста за формирање покер комбинации, дали појаките или послабите карти победуваат кога има тесна борба за победа (во некои игри добивката се дели), ограничувањата на големината на облогот, и колку рунди на обложување се дозволени.

покер

Блекџек

Блекџек или познат и под името ајнц е најпопуларна казино игра која се игра на маса против казиното.  Блекџек е ретка  казино игра во која играчите може да се здобијат со предност над казиното во некои делови од играта.

блекџек маса во казино

Постојат и многу други игри кои може да ги играте во казино, затоа на вас останува сами да истражите која игра е наменета за вас. Секако субјективно да се оцени една игра е тешко, затоа што се работи за различни вкусови.