• Игри
  • Уплата и исплата
  • Мобилна верзија
  • Корисничка поддршка
  • Сигурност
  • Дизајн
4.6

Резиме

  • Широк спектар на игри
  • Многу методи за уплата и исплата
  • 300% бонус
  • 24/7 корисничка поддршка
Sending
User Review
0 (0 votes)

22Bet казино е дел од 22Bet обложувачкиот проект кој стекна голема популарност кај играчите во текот на изминатата година. Широкиот избор на игри се главна причина за да го посетите ова казино, а исто така позитивно е тоа што минималниот депозит е само 60 денари, па за да го испробате и не треба да потрошите многу пари. Минимален депозит од таа цифра е вистинска реткост во онлајн казината.

Општо за 22Bet казино

Со самата посета на 22Bet казиното добивме впечаток дека станува збор за една сериозна компанија која токму знае што работи. Располага со доста голем избор на казинот игри, но треба да кажеме дека имаат и супер промоции како за постоечките, па така и за новите корисници.

Дизајн и навигација

Дизајнот на 22Bet казиното е нешто поразличен од оној изглед кој сме навикнати да го гледаме. Како и да е, вебсајтот е едноставен за навигација и многу лесно ќе го најдете тоа што го барате, односно без да вложите воопшто труд.

Во горниот дел на мени барот лево е логото, во централниот дел се категориите, а десната страна е за логин и регистрација формата, како и за подесувањата. Веднаш под него е слајдерот кој ни ги најавува активните промоции во 22Bet казино, а десно на слајдерот се претставуваат добитниците на награди.

Веднаш подолу може да изберете нешто од понуденото или пак да ги филтрирате резултати и да пребарувате по софтверски провајдери.

22Bet казино

Јазици во 22Bet казино

Во ова казино може да да најдете нешто повеќе од 50 јазици. На тој начин вие имате можност да функционирате на казино кое е на вашиот јазик, а тоа дополнително предизвикува чувство на задоволство. Понудени се најпознатите јазици, но има и јазици кои се помалку познати. Најважно во овој дел е тоа што го има македонскиот јазик. Со оваа опција вие веруваме дека ќе се снајдете многу лесно и ќе функционирате одлично.

Лиценца на 22Bet казино

Секогаш треба да внимавате при изборот на казино да има лиценца и да е лиценцирано во познатите сектори кои точно знаат што прават. Конкретно, казиното на 22Bet поседува лиценца и регистрација во две земји и тоа во Кипар и Курасао. Во кипар лиценцата на 22Bet е заведена под бројот HE 377018 и официјално име  TechSolutions (CY) Group Limited. Во Курасао поседуваат лиценца од 19.05.2021 година под број No. 00882. Со самото тоа што поседуваат овластена лиценца вие како корисници имате некој вид на заштита, па можете да бидете прилично сигурни во тоа дека личните податоци се заштитени, а исто така и дека вашите банкарски податоци се на сигурно. Освен тоа, можете да знаете дека и евентуалната добивка е прилично сигурна и ќе ви биде исплатена според политиките и правилата на компанијата на 22Bet.

Софтвер

Казиното на 22Bet може да се пофали со понуда од многу познати софтвер компании кои ги создаваат најдобрите казино игри. Тука можете да ги најдете казино игрите на најпознатите софтверски компании како EGT, Isoftbet, ELK, Betsoft, Bgaming, Red Tiger, Platipus, Booming Games, Play’n GO, Thunderkick, 1×2 Gaming, Nextgen Gaming, Endorphina, Iron Dog Studio, Spinomenal, Mr Slotty, Belatra, Netent, Gameart. Доколку сте љубител на казино игри и слот игри од помалку познатите провајдери исто така ќе имате можност да пронајдете многу игри. Помалку познати софтвер компании присутни во 22Bet казино се Pariplay, Zeus, Spinmatic, Evoplay, Lightning Box, Gamevy, Tom Horn, Ka Gaming, Pragmatic Play, Xplosive, Fazi August Gaming, Nolimit City, Side City, Inteplay, ( Winning Games) Bbin, Omi Gaming, Spade Gaming, Wazdan, Apollo Games, Play Pearls, Noble Join Games, Superlotto, Slotmotion, Betixon Rival Bet, Digital Games, Co Leander Games, Kalamba Games, Fugaso, Gii365.

Избор на игри во 22Bet казино

Во однос на изборот на игри, дефинитивно 22Bet казино располага со пребогата понуда. Ова е важен дел во секое казино бидејќи ако има мал број игри, многу често знае да им се здосади на корисниците, но овде не е така и баш е спротивно. Мора да ги пофалиме дека секојдневно работат во зголемување на пондуата на најразлични казино игри.

Слотови

Казиното на 22Bet изобилува со широк спектар на слотови и казино игри од познатите провајдери вклучувајќи ги Betsoft, Endrophina, Microgaming, Amatic, Аmusnet и многу други. Вие може лесно да го најдите слотот кој одговара на вашите потреби. Од вообичаени овошни слотови, до сложени видео слотови, односно со еден збор слот за сечија потреба. Слотовите се поделени во неколку категори и и топа нови, омилени, популарни и слотови кои нудат големи џекпот добивки.

22Bet избор на онлајн казино игри

Казино во живо

Во изминатата година, казиното во живо зеде голем замав и стана многу популарно кај љубителите на ова хоби. Вие во живо на 22Bet може да се коцкате на блекџек и рулет. Преубавите дилери ви даваат чувство дека сте дел од некое реално најпознато казино. Ова е малку поразлично и почудно бидејќи се случува во живо преку видео стрим. Сепак доколку не сте пробале, топло препорачуваме да се стекнете со едно ново и прекрасно искуство. Имате можност да играте рулет, блекџек, бакарат, покер и многу други познати казино игри.

Дргуи казино игри

Доколку сакате нешто поразлично од класичните казино игри, тогаш тоа ќе го најдете во онлајн казиното на 22Bet. Покрај класичните слот игри, казино во живо со покер, рулет, блекџек, бакарат итн, ќе имате можнсот да сретнете и доста други интересни во категоријата 22Bet Games. Tаму имате најразлични тркала на среќата, фрлање коцки, игри со карти, домино и многу други. Ова дефинитивно ќе ја разбие монотонињата и ќе испробате нешто друго, поразлично од тоа што сме навикнати.

22Bet бонуси и промоции

Како и секое онлајн казино што има казино бонус за добредојде со цел да ве привлечи како играч, така и 22Bet казиното нуди одличен бонус. Многу често категоријата бонус и промоции претрпува различни измени и сме сведоци не многу атрактивни промоции кои и не траат баш многу долго. Искрено, ние оваа категорија би ја оцениле со просечна оценка бидејќи не во секој момент имаат активни многу промоци. Во моментов активни се два казино бонуси и тоа бонус на прв депозит и неделна трка.

Бонус за добредојде

Бонусот за добредојде во поново време дојде да биде дел од секое казино. Не секогаш за овој вид на бонус е важна цифрата која можете да ја добиете, туку треба да се внимава и на условите кои се побарани за да се исполнат за повлекување на бонусот. Конкретно за 22Bet бонусот за добредојде може да кажеме позитивни работи. Станува збор за бонус на првиот депозит, поточно овој бонус е достапен за сите играчи кои се уште не направиле депозит без разлика дали се постоечки или нови. Со самиот депозит вие имате можнсот да го дуплирате влогот, но најмногу до 18.000 денари. Овој бонус се добива еднаш, а квалификуван минимален депозит е 60 денари. Со самото тоа вие ги зголемувате шансите за добивка бидејќи играте со повеќе пари. Потребниот обрт им е малце висок и за да ги повлечите парите треба да ги изиграте 50 пати во рок од седум дена.

Уплата

Уплатата и исплатата им е исклучиво на високо нови и бројот на методи за уплата и исплата изнесува 195. Веруваме дека вие како што ќе посакате така ќе депозирате, вклучувајќи ги кредитните и дебитните картички, банкарските акаунти, криптовалутите, е-новачниците и многу други. Важно е тоа што провизија на поголем број од методите скоро и немате во 22Bet казино. Исто така достапна е и уплата со криптовалути што е вистинска реткост во поголем дел од онлајн казината. Уплатата се врши инстант за најголем број методи и најчесто немате никаква провизија, поточно тоа значи дека колку ќе направите депозит, толку ќе имате и на вашата сметка за игра. Минималната цифра за да депонирате средства е 60 денари, а тоа е позитивна работа за тие што сакаат да испробаат и да се забавуваат без да ризикуваат многу од својата готовина.

Исплата

Во многу казина кои сме ги испробале сме сретнале дека исплатата се врши за неколку дена, а некаде знае да потрае и месеци. Искрено, тоа и не е добра пракса, но во 22Bet бевме пријатно изненадени во поглед на исплатата на средства Исплатата е исто така усовршена до максимум. Провизија нема, а вашите пари ќе бидат процесирани најмногу за 24 часа, што практично тоа е брз временски период. Откако ќе се процесира исплатата, доклку изберете картичка метод, вашите пари многу често се на располагање за само 15 минути и можете слободно да си ги повлечете од вашиот банкомат. Сепак имајте на ум дека рокот е 2 до 5 работни денови, а тоа најмногу зависи од банката која ја користите. Најчесто методот за исплата треба да биде ист со методот на уплата.

Мобилна верзија

Мобилната верзија барем во денешно време е многу важен елемент за едно онлајн казино. Не секогаш имаме можност да бидеме пред компјутер, а многу повеќе време се поминува на мобилниот телефон. Со квалитетна мобилна верзија се нуди голема флексибилност. На пример вие може да играте во вашите омилени казино слот игри додека сте во движење, во автобус, аеродром итн. Како на компјутер, така и на мобилен вие може да уживате во разновидните игри кои ги нуди ова казино. Се што ви е потребно е мобилен телефон кој работи на Андроид или iOS и интернет конекција. На тој начин вие ќе уживате во казиното каде и да сте. Мора да напомнеме дека мобилната верзија им е повеќе од одлична и ги нуди иститите можности како и десктоп сајтот.

22Bet казино

Корисничка поддршка

Казиното на 22Bet има 24/7 корисничка поддршка која и баш не е толку спремна. Разговараат на два јазици и тоа Англиски и Руски. Но да бидеме реални нема да ви биде кој знае колку потребен овој дел од казиното. Сепак долку ви затреба не се плашете. Тие немаат многу „одврзани раце“, но најдобро е тоа што ќе го слушнат вашиот проблем, па ако се во можност ќе го решат веднаш, а ако не, тогаш ќе мора вашиот проблем да го препратат до соодветниот сектор, па вие ќе биде контактирани од повисокиот ешалон на 22Bet казино преку вашиот е-маил. Достапни се преку Live Chat форма и преку е-маил. Во продолжение ви ја претставуваме табелата со потребните е-маил адреси. Искористете го правилниот е-маил како би заштедиле на време.

Корисничка поддршка[email protected]
Безбедносен сектор[email protected]
Приватност и заштита[email protected]
Пофалби и поплаки[email protected]
Финансиски прашања[email protected]

Заклучок за 22Bet казино

22Bet е вистински избор за играчите кои бараат доверливо и модерно казино. Располагаат со голем број на казино игри, како овошни слотови, повеќелиниски, едноставни, сложени итн. Нудат многу добар дизајн на сајтот, а исто така е лесно за навигација и за управување. Македонскиот јазик е исто така важен елемент за тие што не знаат друг, па им го олеснува максимално функционирањето. Уплатата и исплатата се на високо ниво. Освен што располагаат со многу методи, исто така немаат и провизија што е позитивна работа. Процесирањето на трансакциите за уплата најчесто е веднаш во истиот момент, додека за исплатата неколку часа што е навистина релативно брзо. Доклку живеете подинамично и сте чество во движење, имате можност да уживате во мобилната верзија која ќе ви приреди незаборавно уживање. Се на се, 22Bet казино ќе ги задоволи сите потреби на различните видови љубители на игри на среќа.

Доколку сакате, прочитајте рецензија за 22Bet oбложувалница на Kladenje.mk