• Игри
  • Бонус и промоции
  • Уплата и исплата
  • Мобилна верзија
  • Корисничка поддршка
  • Сигурност
  • Дизајн
3.9

Резиме

Admiral Casino е сајт кој што може да ги задоволи потребите на сите љубители на игрите на среќа. Таму може да најдете спортско обложување, широк спектар на казино игри како и поспецифични игри на среќа.

Pros

  • Добар и квалитетен дизајн
  • Солидна корисничка поддршка
  • Добри бонуси

Cons

  • Корисничката поддршка може да се подобри
  • Изборот на игри може да се зголеми

Admiral Casino во Македонија е дефиниција за казино кое има физичка локација и каде што можете да уживате во најразлични казино игри како слотови, рулет итн.

Општо

Онлајн казиното на Admiral е достапно во соседството, а се надеваме дека набргу ќе стане достапно и кај нас. Насловено е како Admiralbet, а на нивниот сајт можете да најдете категории на спортско обложување, обложување во живо, слот игри, казино игри во живо, виртуелни игри итн.

Исто така располагаат и со бројни промоции кои дефинитивно ќе ве привлечат да станете нивни корисници.

Лиценца

Лиценцата е многу важен дел за едно онлајн казино. Доколку казиното не поседува официјална лиценца, ние најискрено би ви препорачале да го избегнете колку и да нуди одлични услови и бонуси, бидејќи најчесто таквите казина завршуваат неславно, а играчите во најголем дел од случаевите се оштетени. Admiral Casino има лиценца од Република србија под број 12/576-1 со која што управува ZBET.RS ДОО.

Дизајн и навигација

На прв поглед дизајнот изгледа комплицирано, поточно делува некако настегано. Освен горе што ги имате категориите, во левата страна повторно се истите категории, а веднаш до нив се спортовите и лигите. Сепак ние да се задржеме на слот категоријата. Таму имате во централниот дел банер со најатрактивните промоции и понуди кои се активни во тој момент. Во левиот дел можете да избирате слот игри според категоријата како популарни, турнири, нови итн.

Како што ќе скролате надолу, така ќе имате можност да ги погледнете слот игрите, па искрено нема да ви биде тешко да изберете некоја игра.

Admiral Casino
Admiral Casino – почетна

Јазици

Во поглед на јазиците Admiral Casino е доста ограничено. Нивниот сајт е достапен само на два јазици и тоа српски и англиски, па играчите од друга земја можно е да имаат потешкотии при функцинирањето доколку не ги разбираат овие два јазици.

Избор на игри во Admiral Casino

Како што и погоре напомнавме, на сајтот на Admiral Casino достапни се неколку категории на игри и тоа спортско обложување, обложување во живо, слот игри, казино игри во живо итн.

Слот игри

Понудата за слот казино игри им е дефинитивно импресивна. Освен што располагаат со голем број на игри, таа листа секојдневно се надополнува. Во Admiral Casino може да најдете од обичните овошни слотови, до најмодерните повеќе лински слот игри.

Admiral Casino
Admiral Casino – слот игри

Казино игри во живо

Обично казино игрите во живо сите не асоцираат на рулет, блекџек, покер и бакарат, но овде покрај тие игри има и многу други несекојдневни игри како тркало на среќата, квизови, па доколку сте расположени за несекојдневна забава овде дефинитивно не би биле разочарани.

Виртуелни игри

Во категоријата на виртуелни игри во Admiral Casino ќе ги надјете кено игрите, бингото, трките со кучиња и коњи како и такви слични други игри.

Admiral Casino бонуси и промоции

Бонусите и промоциите се дел од секое онлајн казино. Колку тие се подобри и поатрактивни, толку полесно ќе привлекуваат нови корисници. Овде постојат неколку бонуси и тоа бонус без депозит, бонус со депозит итн.

Бонус за добредојде без депозит

На сите нови играчи кои ќе се регистрираат во Admiral Casino им следува бонус за добредојде во вредност од 2000 РСД без депозит, а за да го добиете треба да отворите сметка во ова казино и да ја направите потребната верификација. Откако ќе ги завршите тие два чекори, бонусот автоматски ќе биде додаден на вашата сметка.

Бонус за добредојде на вашиот прв депозит

Овој вид на бонус можете да го комбинирате со спортско обложување и со казино игри, а вредноста е вргоглави 40.000 РСД. За да бидете квалифкувани за овој бонус мора да направите минимален депозит од најмалку 500 РСД. Условите и правила се достапни на сајтот, а мора да бидат исполнети во наредните 7 денари.

Мобилна верзија на Admiral Casino

За едно онлајн казино да биде добро оценето мора да поседува и квалитетна мобилна верзија. Случајот  со ова казино е одличен, бидејќи нивната мобилна верзија е фантастична и нема никакви ограничувања во однос на десктоп верзијата. Со еден збор, доколку решите да уживате во нивните казино игри и услуги преку мобилен телефон, нема да се соочите со никакви проблеми и недостатоци.

Admiral Casino
Admiral Casino – мобилна верзија

Софтвер во Admiral Casino

Како што и погоре пишавме ова онлајн казино располага со многу различни казино игри од повеќе производители. Дел од нив се многу познати, а дел се помалку познати, но тоа не значи дека игрите не им се забавни.

Во Admiral Casino се достапни казино игрите од следните провајдери:

  • Greentube
  • Fazi
  • Amusnet Interactiv ( EGT )
  • Pragmatic Play
  • Microgaming
  • Gamomat
  • Playson
  • Synot
  • Nsoft
  • Elbet
  • Spribe

Уплата и исплата на средства во Admiral Casino

Ова е еден од најважните, а можеби и најважен елемент за едно онлајн казино. Според нашето искуство носиме заклучок дека овој дел треба да функционира беспрекорно како за уплатата, така и за исплатата. Во Admiral Casino можете да депонирате преку седум различни методи и тоа кредитни и дебитни картички како Master, Visa, Maestro, Dina Card и Corvus Pay.

Исплатата скоро во сите казина се врши на истиот начин како и уплатата, освен тоа кога е технички невозможно како на пример депонирање со ваучери, па во тој случај ќе мора да побарате алтернативен метод за исплата.

Корисничка поддршка Admiral Casino

Доколку се соочите со проблем во казиното на Admiral, на располагање ви стои корисничка поддршка во живо каде што водите разговор со нормален човек, а не виртуелен асистент. Овој вид на поддршка е најдобар, а чет модераторите може да го пофалиме како доста професионални и одговорни. Нив можете да ги добиете директно преку опцијата Live Chat која што се наоѓа на сајтот на Admiral Casino.

Заклучок

Admiral Casino е онлајн сајт каде што можете да најдете буквално се и сешто од страна на обложување и казино игри. Располага со широк спектар на игри и многу интересни промоции кои дефинитивно нема да ве остават рамнодушни доколку сте во двоумење дали да се регистрирате кај нив или не. Како и да е, ова казино е солидно и може да дадеме прелазна оцена.

Прочитајте рецензии за спортски обложувалници на Kladenje.mk