• Игри
  • Бонус и промоции
  • Уплата и исплата
  • Мобилна верзија
  • Корисничка поддршка
  • Сигурност
  • Дизајн
4.6

Резиме

Bet365 казино е водечки бренд кога станува збор за онлајн казино игри и обложување. Целокупната понуда на казино игри како и на бонуси и промоции е одлична, за разлика од други онлајн казина. Го препорачуваме казиното на Bet365 доколку ви треба место со многу слот-машини, добри бонуси и промоции, голем број други игри, добар углед и многу повеќе. Bet365 е блиску до совршенство.

Sending
User Review
4.75 (4 votes)

Според нас bet365 казино е доста популарно во светот на онлајн обложувањето, нудејќи покер, бинго и широк асортиман на други казино игри.

Забележавме дека веб-страницата користи разни софтвери, но најмногу го користи најголемиот снабдувач на софтвер за игри на среќа во светот Playtech, обезбедувајќи брзи, ефикасни и едноставни за користење игри.

Општо за bet365 казино

Кога го посетивме онлајн казиното bet365 забележавме дека можете да најдете повеќе од 250 казино игри, голем број покер соби, спортска обложувалница со најголем број понуди, и се разбира, многу слот-машини.

Дизајн и навигација

Дизајнот на казиното на bet365 важи за еден од најдобрите, бидејќи секојдневно се работи на негово подобрување со цел да се добијат што повеќе и повеќе задоволни корисници.

Во горниот мени бар имате опција да ја одберете категоријата која ја сакате. Тука можете дали ви треба спортско обложување, обложување во живо, казино, казино во живо, покер или бинго. ДНа средината ви е почетната страна, а веднаш до неа имате опција да ги изберете сите игри, понудите и промоции како и опциите за џекпот. Десниот дел е наменет за логин и регистрација формата, како и за помош за користењето на ова онлајн казино.

Навигацијата исто така е одлична, а доколку го испробате ќе се уверите во ова што го пишуваме. Таму што и да барате ќе го најдете премногу брзо, бидејќи сајатот е едноставен за користење.

bet365 казино

Јазици

Казиното на Bet365 располага со повеќе јазици, односно опфатени се скоро сите европски познати јазици. На прво место е англискиот, а потоа следуваат германски, шпански, италијански, дански, бугарски, руски, грчки, полски, чешки и многу други. Веруваме дека доколку одлучите да се регистрирате таму нема да се соочите со проблеми во поглед на јазикот.

Избор на игри во bet365 казино

Категоријата казино на Bet365 е составено од повеќе подкатегории. Слот игри, игри со карти, игри на маса, видео покер и џек пот игри.

Слот игри

Кога го посетивме казиното на bet365 забележавме дека корисниците имаат пристап до повеќе од 250 игри во казиното на bet365. Вклучени се најразлични слот игри, кои вклучуваат дополнителни опции како бесплатни вртења и бонус игри.

Популарни се: Lucky Panda, Iron Man, Funky Fruits, Superman the movie, Monty Python and the Holy Grail, Superman II, God of Storms, Green Lantern и многу други.

bet365 рецензија

Игри на маса

bet365 Casino нуди вкупно 12 игри на маса и девет варијанти на рулет и блек џек. Некои интересни игри на маса се Baccarat, Pontoon, Craps и Tequila Poker, додека забавни и дарежливи варијации на рулет и блек џек се: Age of the Gods Roulette, Mini Roulette, Blackjack Surrender, Multi Hand Blackjack и 21 Duel.

Специјални игри што се наоѓаат овде се Multi Wheel Roulette и Lucky Blackjack.

Видео покер

Ако сакате да пробате нешто малку поинакво од слот на кои сте навикнати, видео покер е одлична алтернатива.

Гарантира возбуда и пристојни добивки. Забележавме дека на bet365 Casino има 12 видео покер игри како што се: 10’s or Better, 25-Line Aces and Faces, 4-Line Aces and Faces, 4-Line Deuces Wild, Deuces Wild, Jacks or Better Multihand, Joker Poker.

bet365 рецензија

Други игри

Достапни се и следниве игри: Around The World, Bonus Bowling, Derby Day, Dice Twister, Genie’s Hi-Lo, Heads or Tails, Keno, Penalty Shootout,Pop Bingo,Rock-Paper-Scissors,Rollercoaster Dice,Spin A Win.

Казино во живо на bet365

Казиното во живо општо како категорија е нешто кое е омилено помеѓу многу казино играчи. Посебно онлајн казиното во живо, предизвикува едно поинакво чувство, односно вие имате впечаток дкеа играте во живо заедно со дилерите, а притоа седите дома во вашата удобна фотеља или кревет.

Кога станува збор за овој вид на игра во Bet365, слободно може да кажеме дека им е беспрекорно. Располагаат со високи резулции, пријатни звуци итн.

Фановите на игри со дилер во живо можат да бираат помеѓу Азиски дилер и Европски дилер. Нема потреба претходно да се регистрирате или да креирате нова сметка за да добиете пристап до делот за казино во живо.

Верзијата со Азиски дилер во живо ги нуди Sic Bo, Blackjack, Baccarat, додека верзијата со Европски дилер во живо нуди поголем избор- VIP Roulette, Roulette Pro, Casino Hold’em, Unlimited Blackjack, стандарден Blackjack итн.

Игри во Bet365 (Games)

Во онлајн казиното на Bet365 имате и категорија која е насловена како Games или во превод игри. Тука може да најдете многу слот игри кои најчесто се сопственост на Bet365. Значи, доколку барате нешто уникатно и поразлично од другите онлајн казина, тогаш тоа може да го најдете во категоријата Games.

Покер

Покерот исто така е дел од казиното на Bet365, но сепак тоа си е засебна категорија. Покерот е омилена игра на многу луѓе ширум светот, па доколку и вие сте фан на оваа игра, тогаш ова е вистинското место за вас.

Секогаш има по неколку илјади онлајн корисници кои се активни на различни маси во поглед на влогот. Вие можете да играте на различни маси кои се наменети за сечиј џеб, па веруваме дека ќе се чувствувате задоволно од оваа категорија.

Освен тоа, вие за почеток имате можност да добиете дури до 365 евра бонус за добредојде, а искрено ова е понуда која не смеете да ја пропуштите.

Вегас во Bet365

Во казиното на Bet365 имате можност да играте и во Vegas категоријата. Тоа е категорија со слот апарати кои се доста усовршени и модерни. Оваа категорија е наменета за сите играчи кои бараат модерно онлајн казино и кои се стремат кон високи добивки.

Бинго

Ретко во кое казино можете да си приуштите задоволство наречено бинго. Во оваа категорија можете да се сретнете со повеќе видови на бинго и тоа бинго со 75 и 90 бројки како и специјал бингото.

Лојалните бинго играчи можат да освојуваат VIP поени за секои 10 изиграни евра на бинго, а потоа да ги разменуваат во пари.

Џекпоти

Џекпотите на bet365 казино брзо се зголемуваат и често се добиваат. Со најголем џекпот најчесто е прогресивниот слот Jackpot Giant со повеќе од 7 милиони евра. За разлика од неколку други помалку реномирани казина, bet365 казино плаќа прогресивни добивки одеднаш, а не на рати, па затоа ако победите нема да чекате 30 години за да ги добиете парите.

Bet365 казино бонуси и промоции

Тимот кој е овластен за бонусите и промоциите напорно работи на оваа тематика. Како што знаете бонусот е главната алатка за придобивање на нови клиенти. Многу често имаат програми за лојалност, неделни промоции, како и бонуси за добредојде. Целата понуда можете ја најдете на нивниот сајт.

Бонус за добредојде

Онлајн казиното на Bet365 нуди фантастична можност за сите нови корисници кои ќе се регистрираат или ќе направат депозит за прв пат. Добропознато е дека бонусот е главното „оружје“ на онлајн обложувалниците и казината за привлекување на нови корисници. Во ова казино може да си добиете 100% бонус за добредојде до максимални 100 евра. Минималниот квалификуван депозит за оваа промоција е 10 евра, а потребните услови за повлекување на бонусот се 20 пати да се изврти депозитот и бонус сумата во казиното на Bet365. Исто така доколку не се исполнат условите на бонусот во рок од 30 дена, истиот ќе биде поништен од страна на казиното на Bet365.

Мобилна верзија на bet365 казино

Според нашето искуство со bet365 Casino, тие се решени да им обезбедат на корисниците колку што е можно повеќе практични функции. За таа цел им овозможуваат на корисниците да ги играат нивните омилени игри преку своите мобилни уреди. bet365 казино е компатибилно со сите оперативни системи. Можете да играте во вашиот прелистувач или да ја преземете и инсталирате апликацијата.

Ако поседувате iOS уред, можете директно да ја преземете апликацијата од продавницата на Apple и да уживате во неверојатните функции што се достапни.

По преземањето и инсталирањето на апликацијата, ќе можете да уживате во рулет, баккарат, блек џек и дури игри. Некои од најпопуларните слотови се исто така достапни – Beach Life, Spider Man, Rocky, итн.

Ако поседувате уред кој работи со Android, ќе имате пристап до истите фантастични функции. Но мора да ја преземете апликацијата директно од веб-сајтот на bet365. Во моментов, апликацијата може да се инсталира на било кој уред, со Андроид верзија 4.4 или повисоко.

bet365 казино

Уплата на средства

Кога го посетивме казиното на bet365 забележавме дека уплатата на bet365 казино е практичен и лесен процес. Листата на методи достапни за уплата на bet365 ви е дадена на главното мени, подолу е листата на методи на уплата кои ние ги забележавме како и времето на процесирање на трансакциите. Позитивно е тоа што во казиното на bet365 минималната уплата е само 5 евра, па за да го испробате и не треба да ризикувате многу пари.

Уплатa можете да извршите со сите картички, преку банка, чек или со некои од познатите е-новчаници. bet365 казино не напраќа надомест за уплата со било кој метод, сите се бесплатни.

  • Дебитна картичка
  • Кредитна картичка
  • Neteller
  • Skrill
  • PaySafeCard
  • Paypal
  • Банкарски трансфер
  • Чек
  • uKash

Исплата на средства

Кога го посетивме bet365 казиното зебележавме дека за подигнување на средства се користи истиот метод кој сте го избрале и за уплата, подолу се времињата на процесирање кои се назначени на веб страната:

  • Дебитна картичка
  • Кредитна картичка
  • Neteller
  • Skrill
  • Paypal
  • Банкарски трансфер
  • UKash

Исто така треба да нагласиме дека минималната сума за повлекување е 5 евра.

Корисничка поддршка

Според нашето искуство корисниците можат да се потпрат на љубезната поддршка за корисници 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Агентите за грижа за корисници се достапни преку чет во живо, телефон, емаил, факс и тие се спремни да се справат со секој проблем и да одговорат на секое прашање на ефикасен и пријателски начин.

За разлика од некои други оператори кои бараат да имате сметка за да ја користите опцијата за чет во живо, на bet365 казино е достапна за секој посетител на сајтот.

Мора да ги пофалиме во поглед на ингеренциите. Во многу онлајн казина корисничката поддршка е само за да го слушне вашиот проблем и да го препрати до соодветниот сектор, додека во bet365 тој случај е поинаков. Сапортот им е обучен и има пристап до многу сегменти, па се што е во нивна можност ќе се потрудат да го решат во најбрз можен рок.

Кога ќе пристапите до веб-страницата на bet365, треба да се упатите кон “Помош”, а потоа во делот “Контактирајте”, каде што ќе го најдете достапниот телефонски број за вашата земја.

Исто така корисничката поддршка е достапна на повеќе јазици.

Заклучок за bet365 казино

Според нашата рецензија bet365 е водечки бренд кога станува збор за онлајн обложување, како и казино игри. Целокупната понуда на игри како и на бонуси и промоции е одлична, за разлика од други онлајн казина.

Го препорачуваме казиното на bet365 доколку ви треба место со многу слот-машини. Исто така добри бонуси и промоции, голем број други игри, добар углед и многу повеќе. Според нас bet365  казино е многу блиску до совршенство.

Тоа се должи благодарение на многуте методи за уплата и исплата, како и минималните цифри за депозит и повлекување. Исто така можете да уживате во широк спектар на казино игри, па дури и казино во живо кое дава едно посебно чуство за љубителите на казино игрите.

Доколку сакате, прочитајте рецензија за Bet365 oбложувалница на Kladenje.mk

Достапна на други јазици: рецензија за bet365 казино на бугарски јазик на Kazinobonus.bg и рецензија за bet365 казино на српски јазик Casinobonus.rs