Позади секој слот апарат, како и позади секој компјутерски анимиран шпил на карти, постои некаков софтвер без кој нема да биде возможно играњето на популарните и креативни машини. Но, кој всушност го развива таквиот софтвер, кој е основа за активноста која ја практикува секој онлајн казино играч?

Одговорите на тоа што стои зад големите казино игри можете да ги најдете во текстот подолу.

Постојат многу различни компании кои развиваат софтвери за казино игри. Тука ќе направиме рецензии на некои од најголемите и најпопуларни креатори на овие игри.

Софтвер за казино игри

Playtech

Во 1999 година Playtech беше основана како компанија, а веќе во 2001 година тие ја добија првата казино лиценца. Оттогаш, Playtech е во континуиран развој и има креирано одлични и забавни казино игри. Секоја година тие излегуваат на пазарот со повеќе од 50 нови и различни игри. Многу од нивните игри се базирани на популарните ТВ шоу емисии и филмови, иако создаваат нешто сосема ново врз основа на нешто веќе добро препознатливо. Тука се вклучени и хероите од Marvel и популарните ТВ серии од НВО.

NetEnt

NetEnt се компанија која донесува онлајн забава. Основана е во 1996 година, па оттогаш како компанија стануваат сè поголеми со постојан пораст, додека нивните игри од година во година стануваат сè поубави и подобри.NetEnt се автори на оригинални слот апарати наречени Guns ‘n’ Roses, кои се достапни во Maria Casino и Danske Spil. Тие, исто така, ја развиваат и популарната Starburst слот машина, која е достапна во секое онлајн казино.

Microgaming

Microgaming во казино игрите се од 1994 година. Тие се компанијата која најмногу придонесе за првото онлајн казино да застане на здрави нозе. Од тоа прво онлајн казино наваму, уште многу други такви се развиени благодарение на Microgaming. Тие создаваат апарати за играње базирани на популарните ТВ серии и филмови, како и други популарни феномени и креации. Кај нив ќе ги најдете тематските апарати со Terminator, Jurassic Park и Greek Evil.

Play’n GO

Play’n GO е иницирана во ’90-те години од минатиот век како групација од компјутерски мрежи, како што се нарекуваа самите. Потоа, тие почнаа со развој на игри, па оттогаш не запираат со прогресот во таа област. Имаат создадено и развиено разни слот апарати со најразлични теми, вклучително и Samba Carnival која ја има на Tivoli Casino и Eye of The Kraken во Maria Casino. Исто така, имаат развиено софтвер за популарните игри за на маса како рулет, блекџек, бакарат и покер.

RNG – божицата на среќата за слот апаратите

Еден од важните фактори зад било која казино игра е она што се нарекува RNG (random number generator). Овој софтвер придонесува во осигурувањето дека било кој резултат на било која машина не е наместен, така што ниту казиното, ниту пак играчите можат да бидат измамени. За да биде уште поуверлив, функционира така што во моментот кога ќе го притиснете копчето, рандом бројот е избран од страна на RNG софтверот. Тој рандом избран број е резултатот кој ќе се појави на вашиот екран и со тоа станува и ваш конечен резултат. Истиот не може да биде пресметан или на било кој друг начин контролирано калкулиран во комбинација со симболите кои се појавуваат на екранот. RNG е во постојано движење додека не го стегнете копчето за вртење. Кога ќе започнете со играње, RNG запира еден број и истиот тој број е резултатот на слот апаратот што ќе се појави.

Дополнително, креаторите и развивачите на игри работат на тоа игрите да функционираат на различни платформи, зависно од тоа дали игрите можат да се играат преку пребарувач или треба да се симнат на компјутерот. Игрите треба да одговараат и да функционираат беспрекорно на секакви компјутери, како и на сите видови на мобилни телефони, така што казината ќе им овозможат на своите клиенти играње во било кое време и од било кое место.

Човекот зад машината и софтверот

Зад функционирањето на слот апаратите стојат различни луѓе, со што се овозможува создавање на целосно уникатни апарати. Луѓето зад онлајн казино игрите постојано нудат разновидни идеи и теми, за сечил вкус и интерес, после што тие со своите идеи и креативност создаваат најразлични видови на игри.

Microgaming софтвер – од скици со молив до казино игри

На пример, Microgaming ги започнува слот апаратите со скици испишани со молив на хартија, после што истите се внесуваат во компјутер. Тука се креира формата на апаратите за играње кои се базираат на цртежите. Сето тоа се аплицира со позадина, музика, симболи и сите други карактеристики и додатоци кои ги содржи самата игра. Користат нови и напредни технологии за впуштање во живот на апаратите за играње. Исто така, се прави трансфер и на реални човечки движења кои се аплицираат врз компјутерски генерираните фигури.

Тешко е да се замисли колку многу работа и технологија е вклучена во создавање на казино игрите.

Дали може да го измамите софтверот од казино играта?

Кога казино игрите беа само физички и материјален феномен, постоеја многу различни методи со кои луѓето се обидуваа да мамат во играта. Сега, сето тоа е многу потешко да се направи, додека на онлајн игрите мамењето е речиси невозможно. Софтверот кој стои како поддршка на онлајн казино игрите не може да биде манипулиран. Со тоа, вие треба да бидете задоволни од беспрекорната безбедност од мамење и местење која ви се нуди при играњето, секако, за ваше добро.