Казино игри

Онлајн казината главно нудат слот апарати и она што ние го нарекуваме казино игри. Овој термин опфаќа класични игри како блекџек, рулет, казино холдем покер и други видови на казино игри. Сите овие се достапни за играње онлајн, но ако се двоумите каде да играте и како да почнете со тоа, ние имаме подготвено совети и помош за вас.

Казино игри - Рулет

За кои казино игри сакате да прочитате и научите повеќе?

Рулет

Рулет со право е една од најпознатите и најпопуларни казино игри. Возбудата што ја доживувате кога скока меѓу броевите од 0-36 е неверојатно голема. Рулетот е добар избор поради едноставните правила и класичен дизајн. Секој може да се придружи и да има голема слобода, а воедно и тешко е да се направи нешто погрешно. Вие едноставно го избирате вашиот облог, притиснувате на копчето за вртење и чекате да видите дали сте среќниот победник. Полето на кое паѓа топчето е резултат на чиста коинциденција, па не треба да стравувате од било каква местенка. Броевите од 1-36 со во црвено-црна комбинација, додека 0-та е зелена. Има неколку стратегии кои можете да ги примените при играње рулет, како и неколку вида на рулети: француски, европски и американски. Францускиот и европскиот се секогаш попреферирани за игра, додека американската варијанта на казиното му дава една дополнителна предност во форма на 00 поле.

Рулет во живо

Рулетот во живо се игра исто како и во казино, но од дома. Играта е потполно иста, тоа  значи дека ставате чипови на броевите кои сакате или на комбинациите. Откако дилерот ќе го заврти рулет тркалото, се покажува која бројка е избрана. Доколку е вклучена во вашата опклада тогаш вие остварувате добивка.

Blackjack / Блек Џек

Блек Џек е уште една мошне популарна казино игра. Една од најпривлечните карактеристики на играта е тоа што таа е лесна за играње, па може да ја игра секој кој знае да изброи до 21. Сепак, пред да се впуштите во вашата Блек Џек авантура, добро е да ги научите и знаете правилата и условите за игра. Суштината на играта е да имате карти кои ќе имаат вкупен збир од точно 21, или што поблиску до таа сума, но без да ја надминете истата. Кога имате збир од точно 21, тоа се вика блекџек. Можете да бидете добитни и со помал збир од истиот, но вашиот да биде најблиску до 21 и да не ја надминува таа граница. Најголем дел од картите во блекџек си ја имаат истата вредност како и бројката која ја носат. Картите со слики вредат 10, додека асот (единицата) можете да ја сметате и како 1 и како 11, по ваш избори потреба во рамки на играта. Од првата рака во делењето добивате две кари, по што одлучувате што ќе правите во зависност од тоа колкав е збирот на двете карти – ако е многу низок барате трета, ако е доволно висок и близок до блекџек или е блекџек не барате дополнителна карта.

Baccarat / Бакарат

Бакарат е уште една популарна казино игра, позната и како омилената игра со карти на Џејмс Бонд, можеби затоа што е игра за која е потребна одредена доза на храброст. Во Бакарат, потребно е да се стигне што може поблиску до збир од 9, но може и да се обложувате дали вашето или купчето со карти на дилерот е поблиску до збир од 9. Различните правила ја прават Бакарат забавна игра, која се разликува од другите игри со карти во казиното.

Картите од 2 до 9 ја имаат својата соодветна вредност, додека сликите и 10ката имаат вредност 0. Кецот има вредност еден. Бидејќи никогаш не можете да го надминете збирот од 9, на секој двоцифрен збир се одзема првата бројка. Ако на пример имате 4 и 8, осносно 12, тогаш се одземат единицата и вашиот збир е всушност 2.

Во Бакарат не мора да имате добитна рака за да победите, туку само да поставите облог на победничката рака. Сепак, облогот се поставува пред да ги видите вашите карти, и токму тоа е она кое ја прави играта Бакарат возбудлива и ризична.

Casino Hold’em / Казино Холдем

Казино холдем е покер игра која е доста слична со Тексас холдем покер. Разликата помеѓу овие две варијанти е тоа што кај Тексас холдем играте против други играчи, додека кај Казино холдем играте против дилерот на казиното. Во Казино Холдем покер се работи за најдобрата покер рака. За да ја започнете играта, ставете го вашиот влог во полето “Ante”, а потоа доделете две карти. На дилерот исто така му се доделуваат две карти, но како и во вистинскиот покер, не можете да ги видите картите на дилерот. Во исто време три карти се поставуваат на масата – наречени флоп. Сега можете да ги комбинирате вашите две карти со трите карти на масата, за да ја направите најдобрата рака. Врз основа на овие пет карти, можете да одлучите дали сакате да ги видите последните две карти поставени на масата. За да ги видите овие две карти, притиснете “CALL”, по што доплаќате двојно од причниот влог. Кога сите пет карти се на маса, и вие и дилерот ги покажуавте вашите карти. Подобрата рака победува. Во играта имате шанса да добиете и џекпот добивки, кои се добиваат преку бонусот АА поле.

Jacks or Better

Jacks or Better е уште една класика кога станува збор за играње онлајн казино игри. Играта е толку едноставна што може да се објасни на следниов начин: Со пет карти во рака, мора да направите рака во која ќе имате пар од џандари или подобро од тоа. Подолу, можете да прочитате подетален преглед на правилата, и тука можете да добиете помош за наоѓање онлајн казино каде што можете да играте Jacks or Better. Играта има многу едноставни правила. Добивате пет карти кои ви се потребни за да ја комбинирате најдобрата рака. Откако ви се поделени петте карти, следува одлука за ваш избор кој треба да го направите. Мора да одберете дали сакате да заменувате карти. Избраните карти ги заменувате со нови. Тогаш ќе ја добиете вашата рака и ако имате пар џандари или подобра рака, ќе победите. Ако имате полоша рака од пар џандари, тогаш го губите вашиот влог.

Craps

Забавна, популарна и лесна за играње казино игра, но може да биде малку несфатлива за новите играчи. Таблата е исполнета со многу фрази и бројки кои не се целосно јасни. Craps е игра со коцки во која се фрлаат две коцки. Истите се фрлаат до крајот на масата и треба да го удрат ѕидот од истата на другиот крај. Играта е популарна, исто така, поради влоговите во кои казиното има многу мала предност пред играчот. Најпопуларниот влог се вика passline bet. Ако лицето кое ги фрла коцките добие збир од 7 или 11, тогаш тоа е победник. Ако пак збирот на коцките е 2, 3 или 12, тогаш губите. Во сите други опции треба да фрлате повторно пред да се падне 7 или 11.

Deuces Wild

Deuces Wild е една од најпопуларните видео покер игри во онлајн казино. Во Deuces Wild потребно е да се направи најдобрата можна рака со пет карти, исто како во покерот, со една разлика што во Deuces Wild можете да користите џокери. Играњето Deuces Wild е едноставно и оди вака. Добивате пет карти и со нив имате цел да ја соберите најдобрата можна покер рака. Откако ги добивате петте карти, бирате кои од нив сакате да ги зачувате и кои од нив сакате да ги замените со нови. Откако ќе ги смените избраните карти, ја комбинирате најдобрата рака од овие пет карти.

Најдобрата работа е што во Deuces Wild сите 2-ки се сметаат за џокер. Тоа значи дека можете да ја користите картата токму онака како што сакате. На пример, ако имате три 5-ки на располагање, 2-ка и 7-ка, вие всушност имате рака со четири 5-ки. Во Deuces Wild се победува со барем три исти карти.

Let it ride

Игра со карти која е популарна бидејќи дозволува да освоите високи суми. Нешто посебно и ретко во оваа игра е дека не мора да ги победите другите играчи или дилерот. На таблата има три круга. еден со 1, еден со 2 и еден со $. Треба да поставите три исти влога во секој круг. Потоа добивате три карти и со нив треба да одлучите дали сакате да го повлечете влогот од кругот 1 или да продолжите. Кога сите играчи ќе го направат својот избор, дилерот ќе ја сврти едната од двете карти пред него. Двете карти се вклучени во картите од секој засебен играч, па секој треба да ги пресметува и своите и картите од дилерот на масата. Потоа ќе треба да пресметате и да одлучите дали сакате да го повлечете влогот на кругот 2 или сакате да продолжите. Нема да можете да го вратите првиот облог ако претходно сте го повлекле. Let it ride е игра во која вие одлучувате дали ќе се повлечете или ќе продолжите со различните влогови.

Red dog

Оваа игра со карти е варијација на покерот. Сите играчи ги ставаат своите влогови на едно купче и се делат две карти. Ако првите две карти се во серија, играта е нерешена. Ако првите две карти се пар, да речеме два кралеви, автоматски се дели трета карта. Ако има три исти карти, на играчот му се исплаќа 1:11 победничка добивка. Ако третата карта не дава комбинација од три исти, тогаш исто така е нерешено. Ако, како играч, добиете две карти, ниту пар ниту врзани во серија, имате опција да барате карта или не. Ако играчот одлучи да бара карта, се дели трета карта. Ако истата се совпадне во комбинацијата со првите две, играчот победува. Ако картата не се вклопи во добитна комбинација, играчот губи. Ако играчот одлучи да зголеми влог, се зголемува првичниот влог. Тогаш, после третата карта или добивата двојно или губите двојно. Red dog е интересна игра во која треба да имате чувство за повлекување паметни и правилни потези.

Која казино игра да ја одберам?

Изборот може да биде малку тежок за тоа која игра да ја одберете. Понудата е голема и кога изборот ќе падне, да речеме, на блекџек или рулет, имате дополнителни верзии и варијанти на овие игри во секое казино, па треба да бирате и меѓу нив. Поради тоа, составивме неколку прашања подолу кои треба да си ги поставите себеси за да си помогнете при изборот на игра во онлајн казиното. Многу од тие игри можат да бидат играни и на казино верзии за мобилни телефони, па дури и без NEMID.

Дали казино играта треба да биде лесна за почеток?

Ако сакате играта која ќе ја одберете да биде лесна за почнување, со забава уште од првиот клик, ви препорачуваме рулет или блекџек. Нивните правила се лесни за разбирање.

Дали сакате да играте казино игри со коцки?

Фактички, нема многу игри во онлајн казината кои вклучуваат коцки. Како и да е, една од нив е легендарната Craps. Играта вклучува дев коцки и сигурно често ја имате гледано по филмовите кои се поврзани со казината во Лас Вегас. Истата може да се игра во одредени онлајн казина, не во секое.

Дали сте за покер?

Ако најчесто сте на покер, игри како Casino Hold’em или Jacks or Better и Wild Deuces се вистинските за вас.

Сакате да пробате нова казино игра?

Не многу казино играчи ги знаат Red Dog, Let It Ride и Baccart игрите. Baccart станува сè попопуларна, но сè уште не е ни приближно популарна како блекџек и рулет. Сепак, сите три претходно споменати игри се добра шанса да пробате нешто ново и поразлично во рамки на онлајн казино игрите.

Што ја прави една казино игра попопуларна од другите игри?

Најпопуларните казино игри содржат комбинација од различни содржини. Сепак, може да има разлика во тоа што на различни луѓе им се допаѓа во една казино игра. Генерално, повеќето луѓе преферираат казино игри кои не се многу комплицирани. Колку полесна за разбирање и играње е играта, толку полесно е да се следат правилата и да се прават правилните избори и потези од страна на играчите. Друг битен елемент е колкава е предноста на казиното во однос на играчот во рамки на една игра. Ако казиното има изразена предност, тогаш тоа не е игра на која сакате да фрлате пари, особено ако играте за да освоите пари, а не првенствено за забава. Изборот, исто така, зависи и од тоа дали сакате да освојувате големи и високи суми.

Популарни казино игри

Рулетот и блекџекот се двете најпопуларни казино игри.

Рулетот е игра каде што резултатот се базира исклучиво на случајности. Тоа е многу едноставна игра, и е доста привлечна на многу играчи. Во рулет постои и избор при обложувањете, односно можете да добиете малку и каде што можете да добиете многу. Иако рулет е базиран на случајности, може да одберете да се обложите според различни рулет стратегии. Рулетот е едноставна игра, но може да се прилагоди колку и како што е потребно, според ризикот и според паричник.

Блек Џек е игра со карти со многу лесни правила. Играта е мешавина на среќа, стратегија и едноставноста што овозможило да стане многу популарна казино игра кај играчите. Мора да имате разбирање и за вредноста на картите, и ладна глава за да донесете одлука, иако не можете да го пресметате исходот од картите.