Покерот се игра скоро 200 години, но тоа не е случај и кај Онлајн покер, тој е еден скорашен феномен. Онлајн покерот е во голем замав, и целосно го промени лицето на покерот.

Онлајн покер и традиционален покер

Во денешно време вируелните казино игри и покер собите се дел од коцкарската индустрија и не би можеле да го замислиме коцкањето без нив. Ако се вратиме назад во 80 – тите, за да играте покер мораше да соберите неколку пријатели кои би сакале да влошат пари во играта. Потребно беше и маса која ќе одговара да се има, како и шпил карти.

Онлајн покер

Кој би можел да поретпостави дека во денешно време покер собите ќе ги заменат традиционалните покер маси. Никој не ни помислуваше дека со неколку клика ќе може да „станете“ од масата или да вложите за следната партија. Исто незамисливо беше и дека цели турнири ќе се одвиваат од удобноста на вашиот дом. Дали Онлајн покерот потполно ќе го замени традиционалниот покер? Со сигурност не може да одговориме, но со оглед на правецот во кој се движи веројатноста е голема. Се повеќе и повеќе неискусни играчи уживаат во оваа игра, што кај традиционалниот за нив и не беше големо уживање.

Настанок на Онлајн покер

Онлајн покер настана на основа IRC покер, тоа е врста виртуелен покер игран во „Internet Relay Chat“. IRC покерот беше компјутерски програм кој можеше да биде управуван со командни линии. А затоа што се играше со виртуелни пари, многу почетници можеа да научат да играат без да изгубат „куп“ пари.

Во 2000 година се појаувува покер собата која нудеше турнири. Poker Sport е основан во мај, 2000 година. А во септември се одржа првиот оналјн турнир. Поради проблеми со исплатите и учеството на играчите, многу брзо пропадна.

Во 2004 година онлајн покерот веќе доживува врв. Тоа се должи на се поголемиот број игри на виртуелните маси. Поради тоа и целата индустрија расте и се зголемува. Тогаш на пазарот влегуваат и Full Tilt Poker и Noble Poker.

Исто така имаше напредок и во правниот сектор. Велика Британија во 2005 година изгласа закон со кој ќе се лиценцираат компаниите за онлајн коцкање.

Како се игра онлајн покер

Овој пасус ќе ви помогне само доколку сте почетник. Постојат неколку покер варијанти. Ова во што се разликува секоја варијанта е начинот на кој се делат картите. Варијанти на покер кои може да ги сретните:

Straight покер

Ова е најстарата варијанта на покер. На играчите им се дели по 5 карти, кои се свртени со лицето на долу. Кладењето се одвива во една рунда и играчите може да „raise“ – нат, или „re-raise“ – нат на влогот од другиот играч.

Stud покер

Во stud покер на играчите им се делат карти наизменично. Тие се со лицето на долу во првата и со тек на рундите се откриваат. Овој вид на покер се игра во повеќе рунди. После секоја рунда се ставаат влогови. Seven Card Stud е најпопуларна stud игра кој се игра. Во неа се делат по 7 карти на играчите, со цел да ги состават најдобрите 5.

Draw покер

Draw покер играта започнува така што на секој играч се дели по 5 карти со свртени со лицето надолу. После иницјалната рунда на коцкање, на играчите им е дозволено да исфрлат карти кои не ги сакаат.

Community покер

Community покер игрите денес се најпопуларни, поготово кога станува збор за онлајн покер. Кај оваа варијанта на играчите им се делат помалку карти, отколку што е потребно да се состави рака. За да се состави цела рака, се делат „community“ (заеднички) карти, кои се со лицето нагоре. Тие се комбинираат со оние кои ги имаат во рака, и така се составува комплетна рака, а најдобрата победува.

Најпопуларни покер игри денес се:

  • Texas Hold ’em
  • Omaha
  • Seven Card Stud

Предности на онлајн покерот

Една голема предност кај онлајн покерот е што може да вежбате од удобноста на вашиот дом. Постојат бесплатни маси, каде играте со виртуелни пари. Тие може да ги најдете на многу сајтови. Онлајн покерот не се разликува во играњето од традиционалниот покер. Па така доколку знаете да играте традиционален покер, нема да имате проблем ни со онлајн покерот.

Онлајн покер е одлично за оние кои се почетници, затоа што кога играте оналјн покер вие сте „заштитени“ од правење на нелогични грешки. А со тоа нема да успорувате ничија игра, затоа што онлајн покерот е одлично осмислен. Исто така предност кај онлајн покерот е што нема да може да бидете излажани. Сите знаеме дека тоа не е редок случај кај традиионалниот покер. Оние онлајн казина кои се лиценцирани и нудат онлајн покер се најсугурни. Со тоа што тие се лиценцирани, тие се според законска регулатива. А со самото тоа на играчите им се обезбедуваат права при коцкање.

Кога станува збор за онлајн покер, уште една преднсот е тоа што вие ја бирате масата на која ќе играте. Односно вие одлучувате колку ќе биде минимумот на таа маса. Па според тоа може да направите добра стратегија на играње, и определите средства кои ви се потребни за тоа.