Најпознат турнир во покер е „Sit and Go“. Во оваа статија ние ќе напишеме неколку совети кои ќе ви помогнат при играњето на овој вид турнир.

На „Sit and Go“ турнирите може многу пари да се заработат, посебно на ниски лимити. Тоа се турнири на една маса и првите три играчи ја делат целата награда. Распределбата на наградите се врши по следниот редослед:

  • 50% – 1 место
  • 30% – 2 место
  • 20% – 3 место.

Овој вид на турнир е доста познат во онлајн покерот. Од вкупниот број на играчи на онлајн покер, повеќе од половина играат „Sit and Go“. Овој турнир е доста брз и трае од 1 до 2 часа. За луѓето кои знаат да користат добра тактика, овој турнир е најдобар начин за голема заработка.

На пазарот може да секупат полно книги во кои се пишува за стратегии во покер турнирите. Но како недостаток е тоа што секоја литература е на англиски јазик.

Совети за „Sit and Go“ покер турнир

Во една книга пронајдов неколку совети за „Sit and Go“ турнирот, па решив да ги споделам со вас, а тие се:

  1. Трпението и дисциплината во почетниот период на турнирот е многу важно. Доколку не сте трпеливи, вие сигурно ќе изгубите. Сфатете дека почетокот на овој турнир е секогаш мирен.
  2. Само солидните покер играчи треба да играат во почетната фаза од турнирот.
  3. Не блефирај без да го анализираш противникот. Блефирањето може да те одведе во тешка ситуација и да ги изгубиш чиповите уште во почетокот на турнирот.
  4. Колку повеќе противници блефираш, толку шансите за успех ти се намалуваат.
  5. Ако влогот ја преминува половината од твоите средства, тогаш би требало да вложиш се.
  6. Доколку вложиш се (Аll In) веројатноста да се откажат твоите противници е голема.
  7. Позицијата е еден од најважните фактори во крајната фаза на турнирот.
  8. Немој да очекуваш дека секогаш ќе завршуваш во добитните позиции.
  9. Доколку во крајната фаза турниорт е полн со луѓе, време да покажеш агресија и да вложуваш повеќе чипови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*