• Игри
  • Бонус и промоции
  • Уплата и исплата
  • Корисничка поддршка
  • Дизајн
4.1

Резиме

Доколку барате широк спектар на казино игри и сакате да испробувате нови игри, тогаш 20Bet е вистинскиот избор за вас. Благодарение на едноставниот дизајн, ова казино е многу лесно за користење и е поволно за почетници.

Pros

  • Едноставен дизајн
  • Без провизија за уплата и исплата
  • Широк спектар на игри

Cons

  • Корисничка поддршка само на англиски јазик
  • Мал број на методи за уплата и исплата

20Bet казино е составен дел од истоимената обложувалница. Станува збор за казино кое постои уште од 2018 година. Всушност тогаш ја добива и лиценцата од Курасао, а е сопственост на компанијата TechSolutions Group N.V.

Општо

Казиното на 20Bet и не е кој знае колку познато, но сепак има работи кои се многу позитивни и кои можат да ги задоволат потребите на сите казино играчи. Добра работа е тоа што секојдневно се трудат за да се надградат и да стекнат репутација каква што имаат останатите врвни онлајн казина.

Вебсајт

Вебсајтот на казиното е поделен во две категории. Едната категорија е за казино игрите и слотовите, а другиот дел е за казиното во живо. На почетната страна од казиното ќе ве пречекаат активните бонус промоции во вид на слајдер, а надолу се подредени слотовите според актуелност, стари и нови слотови како и слотови со високи бонуси.

Искрено не би имале проблем за да снајдете на овој сајт бидејќи е многу едноставен и лесен за употреба.

20Bet казино
20Bet казино – Вебсајт

Дизајн и навигација

Дизајнот мора да ги пофалиме дека им е одлично смислен. Станува збор за сајт кој е доста лесен за управување, поточно се е модерно и едноставно. Централниот дел им е со слајдер каде што имате можност да ги погледнете најновите и најатрактивните промоции кои се активни во тој момент. Во горниот дел е се категориите, додека десно во централниот дел имате листа со добивки кои се остваруваат во тој момент. Шарените бои придонесуваат за позитивно чувство додека скролате, поточно на се може да кажеме само позитивни зборови во овој дел.

Јазици

Јазикот е доста важен во едно онлајн казино. Доколку тоа не поседува ниту англиски, ниту јазик кој го познавате, тогаш дефинитивно ќе се соочите со проблем. Во ова онлајн казино достапни се 33 јазици. За жал го нема нашиот македонски, а нема ниту некој балкански, па ќе мора да функционирате на англиски или јазик по ваш избор.

Избор на игри во 20Bet казино

Дефинитивно ќе ви го привлечи вниманието казиното на 20Bet благодарение на широкиот спектар на казино игри. Поседуваат нешто повеќе од 4500 слот игри, а исто така може да најдете и доста брзи интересни игрици како повисоко/пониско, коцки итн.

Освен традицоналните слот игри, на располагање имате и казино во живо каде што може да најдете многу варијации на покер, рулет, блекџек, бакарат и што уште не.

Љубителите на на блекџек ќе бидат презадоволни со оглед на големиот избор на игри од најразлични провајдери, а истото важи и за покерот.

Исто така преку казиното во живо имате опција да учествувате во најразлични шоуа како да тркало на среќата, фрлање на коцки и многу другите интересни игри.

Слот игри

Ако барате онлајн казино со многу слот казино игри, тогаш 20Bet е вистински избор за вас. Овие слотови се групирани во најразлични категории и тоа во популарни, нови игри, најиграни, бонус слотови, брзи игри како и слотови кои нудат големи џекпоти. Со самото скролање ќе добиете претстава и јасна слика за тоа кој слот каде припаѓа.

Казино во живо

Казиното во живо е многу често заборавено во онлајн казината. Сепак ова е еден поразличен вид на коцкање кое нуди комфорт и комплетно задоволство. Вие преку овој сервис имате можност да бидете во живо со многу дилери и да ги играте вашите омилени казино игри. На овој начин добивате впечаток како да сте дел од некое најлуксузно и најбогато казино. Ако се уште не сте испробале ваков вид на игра, тогаш ова е вистински момент за вас.

Софтвер

Во казиното на 20Bet достапни се казино игри од многу провајдери, поточно во моментов имаат достапно околу 60. Во таа бројка се вклучени најпознатите производители на казино игри како NetEnt, Booming Games, Genesis Gaming, Pragmatic Play, Betsoft, Microgaming, Playtech, Playson и уште многу други.

Сепак ова е солидна бројка на провајдери, но со оглед на широкиот спектар на игри, тоа е некако логично.

Уплата на средства во 20Bet казино

Уплатата на средства во казиното на 20Bet е овозможена преку повеќе начин, а во продолжение ќе ви ги претставиме и кои се тие. Исто така мора да нагласиме дека за уплата на средства провизија на постои, а минималната сума која треба да ја уплатите е 1 евро, додека за криптовалутите минималната цифра е 50 евра.

Уплатата може да ја извршите преку следните методи:

  • Кредитни и дебитни картички – Visa, Master Card
  • Електронски новчаници – Skrill, Neteleer, EcoPayz, Jetton
  • Ваучери – Neosurf
  • Криптовалути – Bitcoin, Ethereum, Litecoin

Исплата на средства во 20Bet казино

Исплтата е многу важен елемент на секое казино, бидејќи зошто би играле и би вложувале пари ако исплатата им е проблематична. Обично секогаш исплатата е на ист начин како и уплатата освен ако не станува збор за разни ваучери, па тогаш средствата ќе мора да ги подигнете на вашата банкарска девизна сметка. Исто како и за уплатата, за исплата провизија нема во ова казино. Минималната сума за повлекување е 2 евра, а за криптовалутите 5 0евра.

Бонус и промоции во 20Bet казино

Во казиното на 20Bet постојат неколку видови на бонуси, вклучувајќи го бонусот за нови корисници, бонус за постоечки корисници, дневенбонус и многу други. Во продолжение накратко ќе ви напиешеме за најпознатите видови на бонус кои се достапни во ова казино.

20Bet казино
20Bet казино – Бонуси и промоции

Бонус за добредојде во 20Bet казино

Бонусот за добредојде може да кажеме дека е солиден и е во вредност од 100 % до 120 евра, а исто така добивате и 120 бесплатни вртења на слотот Elvis Frog. Оваа пондуда е валидна само за нови корисници, поточно за корисници кои се уште немаат направено депозит во ова онлајн казино. Веруваме дека сите сакаат повеќе пари за почеток, а ова е одлична можност за вас. Притоа за да го добиете бонусот треба да направите минимален депозит од 20 евра, а за повлекување на бонусот треба да направите обрт од 40 пати на вложените пари и на добиената бонус сума. Откако ќе ги исполните овие услови, тогаш бонусот е достапен за повлекување.

Бонус на втор депозит во 20Bet казино

Со внесување на бонус кодот 2DEP вие на вашиот втор депозит може да добиете 50% до 100 евра како и 50 бесплатни вртења на слотот Great Rhino Megaways.

Петочен бонус

Дневниот бонус се однесува на сите депозити направени во петок. Вредноста на овој депозит е 50% до 100 евра како и 50 бесплатни вртења на слотот Wolf Gold. За да го активирате овој бонус внесете го кодот RELOAD. Бесплатните спинови се активираат во рамките на два последователни дена и тоа по 25 дневно. Овој бонус е достапен само во петок и важи секој петок од 00:00 до 23:59. Исто така за да го повлечите бонусот треба да исполните одредени услови.

Skrill бонус

Казиното на 20Bet нуди 25% бонус доколку како метод за депонирање го искористите Skrill. Мора да нагласиме дека при уплата и исплата преку Skrill провизија нема, па доколку сте расположение да си добиете повеќе пари на вашата сметка, тогаш ова е вистински момент за вас. Минималната квалификувана уплата е 20 евра, а максимлната цифра на бонус кој можете да го добиете во оваа промоција е 50 евра. Бонусот како и секој друг, така и овој подлежи на одредени услови и правила пред да биде повлечен. За да ги добиете тие пари мора да направите обрт од 40 пати во рамките на 2 недели откако ќе го добиете.

Лојална програма

И самото име ни објаснува што значи оваа промоција. Станува збор за награда за сите лојални корисници. Без разлика дали играте казино или спортско обложување, со секој ваш облог вие собирате поени кои подоцна можат да бидат разменети за кредити за обложување или кредити за казино. Со еден збор, колку повеќе играте и колку повеќе сте лојални, толку вашата награда е поголема.

Напомена: Бонус понудата подлежи на промени. За целосните правила и услови за бонусите посетете го сајтот 20Bet казино.

Мобилна верзија

Ете тука може да кажеме дека 20Bet казино е едно од подобрите казина за играње преку мобилен. Освен што ги имате сите функции како и на десктоп верзијата, имате привилегија да играте на казино кое функционира беспрекорно преку вашиот мобилен уред.

Исто така може да уживате и во различните казино игри во живо без да излезете од дома или пак додека сте во движење.

Засега мобилна апликација немаат, но веруваме дека наскоро ќе се случи и тоа, па ќе имате уште полесен пристап до ова казино, но тоа и не е кој знае колку голем хендикеп.

20Bet казино
20Bet казино – Мобилна верзија

Корисничка поддршка

Корисничката поддршка е активна 24/7 преку нивниот сајт, а исто така мора да нагласиме дека вработените им се многу љубезни, а и стручни, па многу лесно и брзо ќе го средат вашиот проблем.

Ова се однесува на помали проблеми со кои можете да се соочите. Доколку имате посериозен проблем вие нема да добиете одма помош од корисничката поддршка во живо, туку ќе мора вашиот проблем да биде испратен до повисоко ниво, па решението за проблемот и одговорот ќе ги добиете директно на вашиот е-маил. Добро е тоа што проблемите најчесто се решаваат за неколку часа.

Нив можете да ги добиете во десниот долен агол каде што имате зелена иконче. Со кликнувањето таму ви се отвара форма за најава, а притоа треба да внесете име и презиме, е-маил и категорија на вашиот проблем. Откако ќе ги пополните тие полиња ќе бидете пренасочени во Live Chat формата каде што ќе имате директен разговор во живо со некој вработен од корисничка поддршка.

Live ChatДиректно на сајтот
Веб поддршкаКонтакт форма на сајтот
Е-Mail корисничка поддршка поддршка[email protected]
Е-Mail поплаки[email protected]

Освен на нивниот чет можете да ги добиете и преку е-маил. Недостаток им е тоа што е достапна само на англиски јазик.

Заклучок за 20Bet казино

Казиното на 20Bet дефинитивно може да го оцениме со солидна оценка. Располага со висок број на слот игри, но има недостатоци во останатите познати казино игри. Сепак, ве уверуваме доколку 20Bet биде ваш избор, нема да бидете разочарани.

Располага со одлични бонуси и промоции, а исто така квалитетниот дизајн и одличниот избор на игри придонесуваат за ова казино да биде високо рангирано од наша страна. Треба да ги пофалиме во однос на уплатата и исплатата бидејќи тоа им функционира беспрекорно, па многу често сме биле сведоци, парите откако ќе ги повлечеме да бидат достапни на нашата картичка за само неколку часа. Тоа е уште една предност што нема потреба да ја чекате добивката повеќе денови.

Доколку сакате, прочитајте рецензија за 20Bet oбложувалница на Kladenje.mk