Бакарат – Позната како омилената игра со карти на Џејмс Бонд, можеби затоа што е игра за која е потребна одредена доза на храброст. Во Бакарат, потребно е да се стигне што може поблиску до збир од 9, но може и да се обложувате дали вашето или купчето со карти на дилерот е поблиску до збир од 9. Различните правила ја прават Бакарат забавна игра, која се разликува од другите игри со карти во казиното. Кои се правилата во Бакарат и каде можете да играте Бакарат онлајн, можете да прочитате подолу.

Како настанал Бакарат?

Во филмовите како оној со Џејмс Бонд, оваа игра е претсавена како игра за „high roller“ казина. Односно игра за големи играчи, во кој се вложува огромна сума на пари и остваруваат големи казино добивки. Меѓутоа со развојот на интернетот како и популарноста на оваа игра, Бакарат стана достапен за широк опсег на играчи, и може да се кладите и со мал влог.

Оваа игра своите корени ги влечи уште од средниот век, а кованицата Бакарат се врзува за италијанскиот јазик односно бројот „нула“. Потоа Бакарат стигнува во Франција каде се спомнува уште во текот на 16 век. Но поради забраната за коцкање во Франција која важеше се до 19 век, Бакарат можеше да се игра само во куќна варијанта. Бакаратот почнува да се шири од Франција, преку Велика Британија, па се до ден денес каде може да се игра во целиот свет.

Онлајн Бакарат е одличен за почетници

Оваа игра е е многу брза и динамична, па на почетокот можеби потешко ќе се снајдувате. Па затоа можеби е добра идеја на почеток да играте Бакарат во некое онлајн казино. Онлајн играњето ќе ви овозможи да се концентрирате само на својата игра и да „работите“ на вашето уживање без стрес дали ќе успорите нечија игра или направите некоја грешка.

Бакарат маса

Некои почетнички грешки при вложување може да бидат нелагодни за почетниците, но таквите грешки на интернет нема да бидат забележани. Грешно вложување на интернет нема да ви биде дозволено, па така ќе ја избегнете таа незгодна ситуација.

Многу онлајн казина овозможуваат бесплатно испробување, па така на тој начин може да ја изучите и извежбате играта. А добро познавање на играта ќе ви овозможи добивка.

Бакарат во живо

Покрај тоа што може да играте Бакарат со помош на софтвер, можно е да играте и во „казино во живо“. Тоа може да го направите на сите поголеми казино сајтови. Кај бакарат во живо има вистински дилер, кој може да го гледат преку веб камера. Разликата е во тоа што кај онлајн Бакарат играте против софтвер, а при бакарат во живо се коцкате со вистински дилер.

Бакарат

Така имате прилика да комуницирате со дилерот и останатите играчи на масата. Ваква врста на казино игри се спроведува така што многу познати произведувачи на казино софтвер имаат опремени студија и простирии во кои се снима во живо. Може да има разни варијации на изгледот на казината, тоа го одредуваат тие што стримуваат.

Како се игра Бакарат? Правила во Бакарат

Оние кои имаат играно Блекџек многу веројатно ќе приметат сличност помеѓу Блекџек и Бакарат. Сличноста е во тоа што во двете игри се игра против дилерот.

блекџек онлајн маса

Меѓутоа, доколку има уште играчи на масата, играњето може да се спроведи наизменично. За Бакарат е потребно стандарден шпил од 52 карти, без џокери.

Играчот во Бакарат играта, се клади на слепо и може да стави влог на:

  • Punto – на својата рака
  • Banco – на картите на дилерот
  • Нерешен резултат

Најдобрата рака, односно тој што е најблиску до бројот 9 победува. А бодовниот систем во Бакарат изгледа вака:

  • Ас (кец) – 1 поен
  • Крал – 0 поени
  • Дама – 0 поени
  • Џандар – 0 поени
  • Десетка – 0 поени
  • Деветка – 9 поени
  • Осумка – 8 поени
  • Седумка – 7 поени
  • Шестка – 6 поени
  • Петка – 5 поени
  • Четворка – 4 поени
  • Тројка – 3 поени
  • Двојка – 2 поени

Поените кои ги носат добиените две карти, се собираат со што се добивка и вкупната вредност на раката. Идеална опција е да добиете збир од 9 поени. Ако збирот на поени изнесува двоцифрен број, се одзема бројот од десната страна. Пример: Збирот е 15, бројот на поени ќе биде 5.

бакарат победник

Пример 1: Добивате карти од кои едната е 5 а другата крал. Збирот е 5+0=5, што значи дека вредноста на вашата рака е 5 поени.

Пример 2: Добивате карти од кои едната е 6 а другата е 8. Збирот е 6+8 = 14, што значи дека вредноста според Бакарат системот на вашата рака ќе биде 4.

За почетно играње ова објаснување е сосем доволно, но со тек на време вие ќе развивате се подобри вештини во оваа игра.

Како се победува во Бакарат

  • Доколку сте се кладеле на „рака на играчот“ добивката е во размер 1:1
  • Доколку сте се кладеле на „рака на дилерот“ банката т.е дилерот задржува 5% од вашата добивка
  • Доколку сте се кладеле на нерешено, добивката е во сразмер 8:1

Заклучок: Во Бакарат не мора да имате победничка рака, туку само да поставите облог на победничката рака. Сепак, облогот се поставува пред да ги видите вашите карти, и ова е тоа што ја прави играта Бакарат возбудлива и ризична.

Научете да играте Бакарат со овие пет чекори

  1. Еве еден брз и лесен преглед на тоа како да се игра Бакарат:
  2. Прво го поставувате облогот, па потоа и вие и дилерот добивате по две карти.
  3. Се прикажуваат вашите карти и картите на дилерот заедно со нивната вредност (вкупен збир)
  4. Ако вкупниот збир ви е од 0-5 добивате дополнителна трета карта
  5. Дилерот исто така добива карта врз основа на неговиот збир на картите
  6. Раката со вкупен збир најблисок до 9 победува.

Стратегија во играта со карти

Во Бакарат, не можете да влијаете на одлуката дали ќе добиете трета карта по првичните две.. Тоа автоматски се определува врз основа на збирот на првите две карти. Како што е опишано погоре, вие автоматски добивате трета и последната карта ако збирот на првите две е од 0-5, а доколку е од 6-9 останувате со две карти. Така што вие немате никакво влијание, но дали има стратегија за Бакаратот? Одговорот е да!

Следете ги победничките раце!

Во Бакарат имате преглед на последните неколку круга, за да можете да ги следите начинот на кој се развива играта и поединечните кругови. Ова може да ви помогне при одлуката дали да се обложите на вашите карти, на дилерот или нерешено. Сепак, стратегијата спомената овде не е гаранција за добивка. Тоа е само еден начин да се обидете да играте на трендови или да се обидете да ги анализирате. Ако го играте Бакарат на овој начин, тоа е слично како следењето на статистиките на високи наспроти ниски броеви, црвено наспроти црно во рулетот.

bakarat online

Дали играте – без да направите почетна грешка?

Со преглед на тоа дали вашата рака или дали раката на дилерот победила, ќе ви помогне во одлуката на што да се обложите. Ако изгубите, ќе треба да го зголемите износот на влогот по малку за секој облог, така што ќе имате шанса кога повторно ќе победите, да остварите профит. Сепак, оваа стратегија може да биде толку ризична како и самата игра, бидејќи, се разбира, никогаш не може да се знае кога доаѓа победата. Во Бакарат, повеќе се работи за следење на инстинкт отколку на научни пресметки.

Ако сте во дилема

Ако имате било каква дилема дали да се обложите на вашата рака или на дилерот, правилото е да се обложите на раката на дилерот. Иако во принцип има речиси еднакви шанси и едната и другата рака да имаат збир најблизок до 9, дилерот и казиното секогаш имаат предност.

Совети и трикови

Поставувањето облог на нерешено/еднакво има многу мали шанси, односно многу е мала веројатноста двете раце да имаат еднаков збир.

Поставувајте облог на вашите карти, на дилерот и нерешено

Добрата работа во врска со Бакарат е што можете да се обложите на своите карти, на дилерот и на нерешено. Ако мислите дека следниот круг ќе победи дилерот или дека ќе биде нерешено, тогаш не смеете да го поставите облогот на вашите карти, наместо тоа поставете го на противникот, односно дилерот. Ова и дава на играта Бакарат дополнителна димензија. Доколку се обложите на вашите или на картите на дилерот, добивате двојна добивка, а доколку се обложите на нерешено добивате 9 пати по влогот. Сепак, треба да знаете дека доколку се обложите на дилерот, плаќате 5% провизија доколку победите.

Одредете износ

Без разлика која казино игра ја играте, добра идеја е да одредите износ за обложување. Добра идеја е да одредите сума која можете да си дозволите да ја изгубите. Покрај тоа, исто така, може да биде добра идеја да се постави добитна сума. Можеби звучи глупаво, но никогаш не знаеш кога ќе настане пресврт во играта. Ако сте одредиле сума која сакате да ја добиете пред да започнете и успеете да ја добиете истата, тоа е супер. Замислете дека продолжувате да играте и по добивањето на одредената сума, и има пресврт во играта и вие ги губите парите. Тогаш ќе ви биде жал што не сте престанале кога сте стигнале до посакуваната сума.

Предности и недостатоци на Бакарат

Бакарат е навистина лесна игра, и за учење и за играње. Сепак, оваа едноставност во играта е исто така и недостаток во исто време. Мора да се обложувате дали ќе победи едната или другата рака, ова е едноставноста на играта, но облогот го поставувате на слепо, без претходно да ги знаете вашите карти, што ја прави играта ризична, возбудлива и динамична. Доколку се одлучите да играте бакарат, ние ви ги препорачуваме 1xbet казино и bet365 казино.