• Игри
  • Бонус и промоции
  • Уплата и исплата
  • Дизајн
  • Корисничка поддршка
  • Казино во живо
4.3

Резиме

Одлично казино кое има потенцијал да биде помеѓу најдобрите онлајн казина. Благодарение на одличната функцоналност и довербата ова казино е наменето за сите видови на играчи.

Pros

  • Одличен функционален вебсајт
  • Добра корисничка поддршка
  • Добро е за почетници

Cons

  • Слаб избор на игри
  • Недоволно бонуси и промоции
  •  

Mozzart казино е дел од истоимената обложувалница. Со нив управува малтешката компанија Mozzartbet Мalta Ltd. Таа компанија е основана во 2019 годината и досега може да кажеме дека функционира беспрекорно.

Општо

Како што и погоре напишавме не станува збор за некое многу познато казино. Сепак самиот бренд Мozzart ќе се потруди да го стави на врвот ова онлајн казино, а освен тоа мора да напомнеме дека поседува и квалитети за да бидат на врвот во друштво со најдобрите онлајн казина ширум светот. Исто како и другите онлајн казина, и Mozzart казино има лиценца која е одобрена од комисијата за игри на среќа. Заведена е под број MGA/B2C/606/2018.

Вебсајт на Mozzart казино

Веб сајтот на Mozzart им е солиден во поглед на дизајнот, но затоа фунцкионалноста им е на високо ниво. На почетната страна како голем банер ги имате активните понуди и промоции. Во горниот дел на сајтот се категориите на целиот сајт, додека левиот дел вертикално им е резервиран за понудата која ја имаат. Во централниот дел се најпознатите казино игри, а десната страна е резервирана за џекпотот на EGT провајдерот. Од лево од сликата подолу може да забележите дека има филтри за казино игрите. Поделени се во три основи групи и тоа сите игри, популарни игри и нови казино игри. Потоа имате можност да пребарувате по типови на игра во зависност од тоа што барате. Дали сте заинтересирани за видео слот, џекпот игри, видео покер итн. Посебно можете да изберете игрите од вашиот омилен софтверски провајдер што е навистина лесно за пребарување.

Mozzart казино

Јазици

За во едно казино да се чуствувате пријатно и „удобно“ многу важно е да го разбирате јазикот на кој е преведено. Во овој случај, казиното на Mozzart веруваме дека ќе ја задоволи таа потреба бидејќи се достапни и комплетно на македонски јазик. Освен македонски, на располагање имате уште 8 јазици, односно Моzzart може да го смените и на англиски, германски, српски, албански, хрватски, шпански и фински јазик.

Избор на игри во Mozzart казино

Онлајн казиното на Mozzart не може да се пофали со кој знае каков избор на игри. Генерално ги имаат најпознатите слот игри, рулет, блекџек, бакарат, покер, но во однос на другите онлајн казина имаат доста послаба понуда.

Слот игри

Точно во ова казино има 1066 игри. Од нив 1032 припаѓаат на групата видео слот игри, а останатите се дел од игрите на маса, видео покер и слично.

Како и да е, веруваме дека доколку сте традиционален казино играч нема да се соочите со недостаток на некои игри бидејќи како што и погоре кажавме најпопуларните се веќе достапни во Mozzart казино.

Игри на маса

Доколку сте љубител на казино игрите кои се играат на маса тогаш Mozzart може да ви даде понуда од 15 казино игри. Тука можете да уживате во повеќе варијации на рулет, блекџек, бакарат и покер.

Видео покер

Видео покерот е многу стара традиционална игра. Има многу љубители на овој вид на покер, па доколку се одлучат тоа да го испробаат во казиното на Mozzart ќе имаат можност да одберат една од понудените четири варијации.

Софтвер

За едно казино да биде богато во поглед на изборот на игрите треба да поседува игри од повеќе провајдери. Во казиното на Mozzart можете да најдете игри од осум провајдери кои важат за квалитетни компании.

Станува збор за провајдерите на: Playson, EGT (Аmusnet), Pragmatic, Greentube, Endorphina, Spinometal, Habanero и Spribe.

Ова можеби и не е кој знае каква бројка на провајдери, но сепак имаат што да понудат.

Уплата на средства во Mozzart казино

Уплатата на вашите средства во Mozzart казино може да ја направите на пет различни начини. Минималниот депозит за сите методи е 10 евра, а уплатата се процесира веднаш.

Достапни методи за уплата се:

  • Visa, Master картичките
  • Skrill
  • Skrill картичка
  • Neteller
  • Trustly

Исто така, за уплата не се наплаќа провизија. Поточно колку што ќе депонирате, толку ќе ви бидат повлечени од сметка и толку средства ќе имате на располагање за игра.

Исплата на средства во Mozzart казино

Исплтата е еден од најважните елементи, а можеби и најважен во секое онлајн казино. Зошто би играле и зошто би ризикувале пари ако исплатата не им е регулирана или пак ако исплaтата има високи провизии. Случајот во Mozzart казино не е таков. Имено, овде доколку остварите добивка вие без никаков проблем ќе може да си ги повлечите вашите пари на ист начин како што сте ги уплатиле. Минималната сума за повлекување е 20 евра, провизија нема, а трансакцијата се обратува и се процесира за најмногу 48 часа. Исплатата по некое непишано правило се прави на истиот начин како и уплатата, освен во случаеви каде што нема можност тоа да се направи. Вашите средства можат да излезат од Mozzart казино преку три канали и тоа кредитни и дебитни картички, Skrill и Trustly. Кога правите исплата на средства запомнете дека провизија нема, па така колку што ќе повлечете толку и ќе имате на вашата банкарска сметка.

Казино во живо

На овој дел во Mozzart казино може да му дадеме добра оценка. Категоријата казино во живо фунцкионира беспрекорно, а искрено има и што да понуди. Исто така позитивен збор може да кажеме и во однос на минималниот влог бидејќи најчесто тој е 0.10 центи што е одлична можност за да се стекнете со едно ново и поинакво искуство, а да не ризикувате многу пари. Оваа категорија ја има само во најголемите и најдобрите онлајн казина, па така ова е уште еден доказ дека казинот на Mozzart е навистина одлично. Тие нудат различни игри во живо кои што ви даваат чувство дека сте во некое од големите казина ширум светот, а згодните дилери кои се на Live Stream само ви го зголемуваат задоволството. Доколку се одлучите да испробате некоја од овие игри, ќе добиете можност да се коцкате на рулет, бакарат, блеџек, а исто така и да бидете дел од неделните турнири кои нудат многу големи добивки.

Mozzart казино

Бонус и промоции во Mozzart казино

Категоријата со бонусите не им е нешто кој знае колку раскошна, но сепак е прифатлива особено за новите играчи. Како што може да замислите, бонусите се главен маркетинг на сите онлајн обложувалници и онлајн казина, па колку што е подобра промоцијата, толку повеќе се привлекуваат нови корисници.

Пакет за добредојде

Овој пакет за добредојде е наменет за сите нови корисници или за постоечки корисници кои се уште немаат направено депозит. Со внесување на бонус кодот BONUS400 вие добивате 100% бонус до 400 евра, но и 100 бесплатни вртења. Вредноста на бесплатните вртења е достапна на Pragmatic Play игрите: Sweet Bonanza TM или The Dog House TM

Mozzart казино
Mozzart казино – Бонус за добредојде

Петочен 50% бонус

Оваа понуда важи за сите нови и постоечки корисници. Се што треба да направите е да упалтите пари на вашата сметка во петок, а вие ќе си добиете 50% повеќе и 50 бесплатни спинови на казино слот играта Gates of Olympus. Минималниот квалифкуван депозит за оваа понуда е само 10 евра, а максималната цифра која може да ја добиете во вид на бонус е 150 евра и 50 бесплатни спинови. Понудата е валидна секој петок од 00:00 часот до 23:59 и може да се активира еднаш само во тековниот ден. За да го добиете овој бонус мора при депозитот да внесете промо код RELOAD. Исто така сакаме да нагласиме дека вредноста на секој бесплатен спин е 0.20 центи. Условите за повлекување на бонусот може да ги прочитате на сајтот на Mozzart.

Бесплатни спинови секој четврток

За корисниците кои ќе направат депозит во четврток, има активна промоција да добијат 50 бесплатни спинови. Се што треба да направите за да учествувате во оваа промоција е да депонирате најмалку 25 евра со промо кодот GREEK50. Откако ќе ги добиете бесплатните вртења можете да ги искористите единствено на слотот Greek Gods кој е во сопственост на Pragmatic Play. Оваа понуда е активна како шти погоре пишавме секој четврток од 00:00 до 23:59 часот. Исто така треба да нагласиме дека вредноста на бесплатните спинови е 0.25, а целосните услови за повлекување на добивката остварена од бесплатните спинови мора да бидат исполнети во рок од 7 дена, а во спротивно се поништува добивката.

*Целосната понуда може да ја најдете на сајтот на Mozzart

Мобилна верзија на Mozzart казино

Во денешно време кога буквално се ни е на брзање, ретко кој има време да издвои да седне на компјутер и да изигра некоја казино игра. Затоа скоро сите онлајн казина работат максимално на развивање на мобилна верзија која нуди флексибилност на играчите. Тие може да играат преку својот мобилен телефон без разлика дали се дома или се некаде во движење.

Моzzart казино може да се пофали со одлична мобилна верзија на своето казино. Играчите имаат можност да уживаат во исклучително добар интерфејс и одличнио функцонален веб сајт кој ги има истите функции како и десктоп верзијата.

Mozzart казино
Mozzart казино- мобилна верзија

Корисничка поддршка

Корисничката поддршка во Mozzart може да ја добиете преку Live Chat формата директно на нивниот сајт. Тие се достапни 24 часа седум дена во неделата. Освен тоа може да ги пофалиме како доста стручни и обучени кои со задоволство сакаат да ви го елиминираат проблем. Корисничката поддршка им е достапна на Англиски и Српски јазик. Во секој случај треба да нагласиме дека имаат доста ингеренции и се многу добро обучени, па доколку ви се појави проблем, што е навистина реткост, воопшто не се грижете околу тоа. Обратете им се, објаснете им го проблемот и тие со задоволство ќе го решат.

Заклучок

Доколку се уште немате одлучено каде да се регистрирате и да играте дел од познатите слотови на интернет, тогаш дефинитивно Mozzart казино е вистинскиот избор. Зошто Mozzart? Располагаат со одличен и квалитетен дизајн на нивниот сајт. Имаат многу добра прегледност, а македонскиот јазик дополнително ќе ви го олесни функционирањето. Ги имаат достапни најпознатите методи за уплата и исплата, па без проблеми ќе направите депозит, а парите ќе ви бидат достапни за игра. Исто така и во однос на исплатата можеме да ги пофалиме. Барањата ги процесираат во најкус можен рок од само неколку часа, па после потврдувањето многу често за само неколку минути парите ви се достани на картица. Доколку се соочите со проблем со задоволство ќе ви помогнат. Одличната понуда за добредојде, функционалниот сајт, како и солидниот избор на игри нема да ве разочараат во ова казино.

Доколку сакате, прочитајте рецензија за Mozzart oбложувалница на Kladenje.mk или рецензија на англиски на https://casinobonus.co.ke