• Игри
  • Бонус и промоции
  • Уплата и исплата
  • Дизајн
  • Корисничка поддршка
  • Казино во живо
4.3

Резиме

BetOnRed казиното нуди најразлични видови на онлајн слотови, од екстра модерни до класични. Располага со одлична бонус понуда и вреди да го испробате.

Pros

  • Лиценцирано казино
  • 24 часовна корисничка поддршка
  • Одлична бонус понуда

Cons

  • Методите за уплата и исплата не функционираат во секоја земја
  • Помал избор на казино игри
Sending
User Review
1 (1 vote)

Темелно го разгледавме казиното на BetOnRed и го ставивме во категорија на нови онлајн казина. Во продолжение на овој текст ќе ви дадеме јасна слика за дизајнот на вебсајтот, лиценцата, понудата на игри, бонусите и промоциите, како и ќе ви доловиме информации за корисничката поддршка, уплатата и исплатата.

За почеток да кажеме дека станува збор за лиценцирано казино, па вашите податоци и парите се сигурни и нема потреба да се грижите за тоа.

Лиценцирани се од комисијата за игри на среќа во Курасао и лиценцата им е заведена под број B2C-AK2QPM3H-1668JAZ.

Вебсајт

Вебсајтот на BetOnRed е многу едноставен. Со самото влегување на него ве пречекува огромен банер во централниот дел кој ќе ви даде понуда за добредојде. Лево во горниот агол е логото, а до него се двете основи функции на овој сајт, казино и спортско обложување.

Левиот дел е наменет за категориите и тука можете да ги најдете сите достапни опции во ова казино. Десно аголот горе е за најава и регистрација формата како и Search барот кој ќе ве одведе токму до посакуваната игра ако веќе и го знаете името.

Надолу се подредени мега популарните игри во ова казино, информациите за мобилната апликација, како и важните информации за компанијата.

Најдолу како и скоро во секое онлајн казино, можете да најдете се што ви е потребно во однос на лиценцата за ова казино.

Се на се, сајтот е многу лесен за функционирање и дефинитивно нема да се соочите со одредени потешкотии при функционирањето.

BetOnRed
BetOnRed – вебсајт

Јазици

Казиното на BetOnRed е достапно на 25 јазици. Достапни се повеќе верзии од англискиот јазик како американски, ирски, австралиски, а исто така можете да го направите сајтот и на другите попознати јазици како шпански, германски, португалски, француски, турски, полски итн.

Македонскиот јазик за жал се уште е недостапен, а исто така немаме опција да избереме ниту српски и хрватски јазик.

Избор на игри во BetOnRed казино

Казино игрите во BetOnRed можете да ги најдете во форма на слотови, игри на маса и казино игри во живо.

Достапни се и традиционални онлајн слотови кои нудат најразлични прогресивни џекпоти и со тоа да бидете во игра за големи добивки.

Секоја игра е посебно категоризирана, па така лесно можете да изберете кој вид на игра го посакувате и да го ставите во категоријата на омилени.

Слот игри во BetOnRed казино

За жал самата бројка на слот игри укажува дека станува збор за не толку познато и не толку „силно казино“, поточно воопшто не е импресивна. Моментално во понудата на BetOnRed казиното се достапни само 187 слот игри поделени во различни категории.

Доколку немате идеја што да изиграте можете да изберете категорија Top Games, па таму ќе ги најдете најдобрите слот игри, а доколку сте за брзи пари имате категорија Instant Win.

Љубителите на бонус функциите може да изберат слот каде што има опција да си купат бонус за одредена сума на пари, а исто така и љубителите на џекпот цифрите можат да ги играат само онлајн слотовите кои се квалификувани за таа џекпот цифра.

Казино во живо

Категоријата за казино во живо е солидна. При самото отворање на категоријата, на самиот почеток можете преку анимација да ги погледнете неодамнешните големи добивки, а веднаш потоа се претставени топ игрите. Тука се наоѓаат различни тркала на среќа, рулет, блекџек итн.

Оваа понуда е релативно добра и љубителите на овој вид на игри на среќа дефинитивно ќе уживаат.

BetOnRed
BetOnRed казино во живо

Софтвер

Софтверот во онлајн казино е компанија која произведува казино игри, а тоа казино ги има прифатено нив, поточно имаат склучено еден вид договор за соработка.

Во онлајн казиното на BetOnRed достапни се казино игрите од следните софтверски провајдери: Pragmatic Play, Spinomenal, BGaming, Push Gaming, Wazdan, Belatra, No Limit City. Оваа бројка не е многу голема, но се надеваме дека во иднина ќе биде што поголема.

Бонуси и промоции во BetOnRed казино

Пакетот бонус во казиното BetOnRed е достапен за целосно регистрираните корисници. До страницата која ќе ви ги прикаже активните бонуси и промоции се пристапува преку левиот агол во делот Promotions. Таму можете да ги видете активните бонуси кои важат во истиот момент.

Бонус за добредојде

Новите корисници во BetOnRed казино може да добијат бонус дури три пати. Максималниот износ е 450 евра, а минималниот квалификуван депозит е 15 евра.

Распоредот на бонусот за добредојде на нови корисници е следен:

  • Бонус за прв депозит: 100% до 150 евра + 250 бесплатни вртења на BetOnRed
  • Бонус за втор депозит: 55% до 150 €
  • Бонус за трет депозит: 100% до 150 €

Дневен кешбек

За сите нови и постоечки корисници е активна промоцијата за дневен кешбек. Самото име кажува дека во прашање е повраток на средства. Дневниот кешбек во BetOnRed казино е во вредност од 25% и автоматски ќе се вкалкулира на вашата сметка за играње.

Дневни и кратки промоции

Со самото пристапување во категоријата за промоции ќе имате можност да ги видите тие краткотрајни промоции и најдобро е да го посетите нивниот сајт директно во категоријата за промоциите.

Уплата на средства во BetOnRed казино

За да започнете со играње во едно онлајн казино, откако ќе се регистрирате, задолжително треба да направите уплата на пари. Во сите казина се различните методите за уплата, но генерално сите поддржуваат картички, електронски новачници, а во поново време и крипто валути.

Во BetOnRed казиното достапни се следните методи за уплата:

  • Visa
  • MasterCard
  • Bank Wire Transfer
  • Jeton
  • Skrill
  • Neteller
  • eZeeWallet
  • Sofort
  • Interac
  • CashtoCode
  • Bitcoin
  • Litecoin
  • Ethereum
  • Tether
  • TRON
  • Ripple
  • Binance

Имајте на ум дека овие методи се сите, но не значи дека работат во сите земји, па во Македонија, може оваа понуда за уплата на средства да биде ограничена.

Исплата на средства во BetOnRed казино

Непишано правило е дека исплатата се врши на ист начин како и уплатата. Исклучок се прави само во случај кога методот на уплата не поддржува исплата, но тоа е ретко, па тогаш ви се дава алтернатива како да ги повлечете средствата.

Во BetOnRed одобрувањето за исплатата е релативно кратко и трае најмногу до 48 часа, а парите ќе бидат кај вас во завиност од начинот кој сте го избрале. На картици, обично парите „легнуваат“ за 2-5 работни дена, електронски новачници најмногу до 24 часа, а нешто повеќе се чека за директен банкарски трансфер.

Достапни методи за исплата на средства во BetOnRed се:

  • Visa
  • MasterCard
  • Bank Wire Transfer
  • Jeton
  • eZeeWallet
  • Neteller
  • Skrill
  • Interac
  • Sofort
  • Bitcoin
  • Litecoin
  • Ethereum
  • Tether
  • Ripple
  • TRON
  • Binance

Исто како и за уплатата, некои методи во Македонија не се достапни, а треба да нагласиме дека и провизијата најчесто за исплата не постои.

Мобилна верзија во BetOnRed казино

Ако сакате да бидете флексибилни во играњето на казино игрите тогаш треба да изберете казино со одлична мобилна верзија. Ние го разгледавме мобилниот вебсајт и може да кажеме дека е модерен и одлично функционален, а исто така ги има истите опции и како десктоп верзијата.

Достапна е и апликација која во моментов може да се инсталира само на Windows уредите.

BetOnRed
BetOnRed мобилна апликација

Корисничка поддршка

Кога ќе се соочите со проблем и ви треба помош околу казиното BetOnRed, можете корисничката поддршка да ја контактирате во секое време. Еден од најдобрите и најбрзите начини е Live Chat формата која е достапна на нивниот сајт. Според нашето искуство, агентите беа пријателски ориентирани и доста професионални.

Исто така нив можете да ги контактирате и преку е-маил [email protected]

Доколку поради некоја причина не можете да остварите контакт со нив, пробајте да ја посетите страната за FAQ, поточно за често поставувани прашања, па не ретко и таму можете да го најдете одговорот на вашето барање.

Заклучок

Засега во Bet On Red не можат да се пофалат со голем број на игри, но затоа тука се спортското обложување, електронските спортови и казиното во живо. Треба да имаме на ум дека Bet On Red е казино кое поседува лиценца во Курасао, па со тоа вашите податоци, како и исплатата на некој начин се заштитени и сигурни. Исто така има и 24 часовна корисничка поддршка која најбрзо ќе се обиде да ви го отстрани евентуалниот проблеми. Се на се, казиното е ново, а вреди да се испроба.