Една од првите и најважни работи кои треба да се научат кога играте Тексас Холдем е кои се почетни карти вредни за продолжување, а кои не.

Одлуката за тоа дали тие две карти кои сте ги добиле во првото делење се поволни или не, претставува најважната одлука за секое делење.

Најдобри парови кои може да ги добиете:

Јаки парови: Ас – Ас, Крал – Крал, Дама – Дама, Џандар – Џандар, 10 – 10.
Јаки карти од иста боја: Ас – Крал, Ас – Дама, Крал – Дама, Ас – Џандар, Крал – Џандар, Дама – Џандар, Џандар – 10.
Јаки карти кои не се од иста боја: Ас – Крал, Ас – Дама, Крал – Дама.

Овие карти се многу важни и новите играчи можат често да губат доколку не ги знаат овие работи. Имајќи во превдвид дека вашите две карти се единствена работа која може да ви донесе победа и добивка, сметаме дека е многу важно да го знаете ова.

Втор фактор кога одлучувате за тоа колку голем да биде вашиот влог е вашата позиција. Ако сте прв на редот би требало да се откажувате секогаш, освен во случај кога имате добри карти. Ако сте близу до крајот, вие имате можност да ги процените вашите противници и можете да донесете одлука колку да вложете.

Со картите како што се AJ, KQ, KJ, QJ, K10, Q10 и J10 не би требало да играте после подигнувањето на влогот ако сте во почетна позиција. Вашата цел е да имате вложено пари кога имате најјаки карти. На долги стази со овие карти ќе ги изгубите парите.

Средните парови се добри за почеток, но ако после откривањето на главните карти на масата, односно flop, нема што повеќе да барате и најдобро е да се откажете.

Топ десет карти за почеток:

1. A-A (Пар Асови)
2. K-K (Пар Кралеви)
3. Q-Q (Пар Дами)
4. A-K (Ас Крал)
5. J-J (Пар Џандари)
6. 10-10(Пар Десетки)
7. 9-9 (Пар Деветки)
8. 8-8 (Пар Осумки)
9. A-Q (Ас Дама)
10. 7-7 (Пар Седмици)

Топ карти за поткревање на влогот пред откривање на главните карти:

A-A (Пар Асови)
K-K (Пар Кралеви)
Q-Q (Пар Дами)
A-K (Ас Крал)
J-J (Пар Џандари)
10-10(Пар Десетки)
A-Q (Ас Дама)

Карти со кои треба да ги почекате главните карти:

A-J (Ас Џандар)
K-Q (Крал Дама)
Q-J (Дама Џандар)
J-10 (Џандар Десетка)
9-9 (Пар Деветки)
8-8 (Пар Осумки)
7-7 (Пар Седумки)
A-10 (Ас Десетка)
10-9 Иста боја(Десетка и деветка иста боја)

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*