Deuces Wild, заедно со Jacks or Better, е една од најпопуларните игри кога станува збор за видео покер во онлајн казино. Во Deuces Wild потребно е да се направи најдобрата можна рака со пет карти, исто како во покерот, со една разлика што во Deuces Wild можете да користите џокери. Овде можете да прочитате за правилата на Deuces Wild, совети и трикови и да пристапите до најдобрите онлајн казина кои нудат Deuces Wild.

Правила за Deuces Wild

Играњето Deuces Wild е всушност едноставно. Добивате пет карти, со кои морате да ја соберете најдобрата можна покер рака. Откако ќе ги добиете вашите пет карти, можете да одберете кои од нив сакате да ги зачувате и кои од нив сакате да ги замените за нови карти. Откако ќе ги замените вашите карти, направете ја најдобрата рака од овие пет карти. Најдобрата работа е што во Deuces Wild сите 2ки се сметаат за џокер. Тоа значи дека можете да ја користите картата токму онака како што сакате. На пример, ако имате три 5ки на располагање, 2ка и 7ка, вие всушност имате четири 5ки. Треба да имате барем три исти за да победите во Deuces Wild. Потсетува на Jacks or Better.

Deuces Wild

Победнички исплати во Deuces Wild

За да победите во Deuces Wild, мора да имате рака која се состои од најмалку три исти карти. Ако имате еден или два пара, нема добивка. Од друга страна, исто така можете да победите на 5 идентични и други комбинации кои не се можни во нормална игра со 52 карти.

Подолу можете да ги видите различните комбинации на карти во Deuces wild со кои ќе имате добивка:

  • Три исти = 1: 1 (три карти од ист вид)
  • Кента = 2: 1 (пет карти по редослед: 5-6-7-8-9)
  • Флеш = 3: 1 (пет карти со ист симбол: пет срца)
  • Фул = 4: 1 (три исти и еден пар)
  • Четири исти = 4: 1 (четири карти од ист вид)
  • Кента флеш = 9: 1 (кента со пет идентични симболи)
  • Пет исти = 15: 1 (пет карти од ист вид)
  • Ројал флеш = 20: 1 (10-J-Q-K-A со ист симбол)
  • Четири 2ки = 200: 1
  • Природен ројал флеш: 250: 1 (исто како и ројал флеш но без употреба на 2ки како џокер)

Првиот број во, на пример, три исти (1): 1 или Природен ројал флеш (250): 1 значи колку пати ја добивате сумата на влогот. На пример, ако вложите 10 евра и добиете три исти, тогаш добивката е 10 евра. Ако пак вложите 10 евра и добиете Природен ројал флеш, тогаш добивката е 2500 евра. Не мора да вложувате големи суми за да освоите голема добивка.

Стратегија

Во Deuces Wild нема стратегија која може да ви обезбеди добивка. Сепак, треба да бидете свесни за следниве работи кои можат да ве донесат поблиску до добивка:

  • 2ките се важни и секогаш мора да се чуваат
  • Нема потреба да се чуваат две различни големи карти без можност за кента или слично, бидејќи два пара не носта добивка
  • Ако сте фан на Deuces Wild, но сакате да пробате нешто друго, Jacks or Better е добра опција

Најдобрата стратегија што може да ја следите е, всушност, да научите да играте навистина добро и многу да вежбате.

И покрај тоа што не е до вас какви карти ќе ви се паднат, сепак од вас зависи што ќе направите со овие карти. Најдете место на интернет каде што можете да ја пробате Deuces Wild за забава. Можете да ја имате листата на комбинации во ваша близина додека играте и потоа обидете се да ги запаметите. Колку повеќе ќе играте, толку подобри ќе станете во избирање на правите карти.

Стратегија за парите со кои располагате

И покрај тоа што случајноста е она што одредува дали ќе победите или ќе изгубите пари, сепак сосема зависи од вас колку пари ќе вложите. Лесно можете да се навлечете на казино игрите. Кога ќе победите, ќе продолжите да играте за да победувате, а кога ќе изгубите, ќе се обидете да ги добиете назад изгубените пари. Ќе си направите услуга доколку одредите сума за играње и се држите до оваа сума.

Да речеме дека сте ставиле 50 евра на Deuces Wild. Сега знаете дека постои ризик да ги изгубите овие 50 евра, но ако се држите до овој износ, тогаш нема да изгубите повеќе од тоа. Ако не сте одредиле износ на почетокот, може да биде тешко да го одредите износот кога играта е веќе започната.

Deuces Wild – Видео покер – Митови и факти

Видео покер е одлична игра бидејќи е мешавина од двете најпопуларни казино игри: Слот машини и покер. Видео покер е комбинација на овие две игри.

Deuces Wild е дел од игрите што доаѓаат од семејството на Видео покер игрите. Можеби веќе ги знаете овие игри, а можеби и не. Има многу различни мислења и тврдења за игрите.

Видео покер, како и слот-машините, има вградена функција наречена RNG. Тоа е генератор на случајни броеви (Random Number Generator). Така, тоа е функција која случајно ги избира броевите / резултатите / картите. Кога играте Deuces Wild, виртуелните карти се мешаат со RNG.

Митови и факти

Мит: Во 90-тите се појавил мит дека колку е повисок износот што го вложувате во видео покер, толку е поголема веројатноста дека ќе добиете лоши карти. Картите кои ги добивате се независни од износот кој го вложувате. RNG ги избира и управува со картите по случаен избор, без разлика на која сума се обложувате.

Факт: Во традиционалната видео покер игра со 52 карти, картите можат да се комбинираат на 2.598.960 различни начини.

Мит: Топла и ладна машина. Не е точно дека постојат машини со поголема веројатност да дадат добивка отколку другите машини. Гласините тврдат дека машината на која штотуку се играло има поголема веројатност да даде добивка од машината што е недопрена. Сепак, ова не е точно. Гореспоменатиот RNG е оној кој го одредува исходот.

Факти: картите не се избираат однапред. RNG работи постојано и ги меша картите, се додека не го притиснете копчето за да добиете карти. RNG запира кога ќе притиснете за да добиете карти и картите до кои стигнал RNG во моментот кога сте притиснале, тоа се картите кои ќе ви бидат доделени.

Мит: “Ако ја сменам машината, ќе победам”. Не, за жал нема корист ако се префрлите на друга машина само затоа што сте изгубиле. Се зависи од тајмингот, математиката и трпеливоста.

Среќно и уживајте во Deuces Wild!