Рулет е една одлична игра која ви пружа многу различни игри и начини на исплата. Како и во сите други игри не постои гаранција за 100% добивка, но секако доколку се познава шансите се зголемуваат неколкукратно. Ова е многу важно за почетниците, затоа што шансите ви зависат од тоа колку ги познавате опциите и каква стратегија на играње имате.
Се поврзано за рулетот да се објасни во една статија е скоро невозможно, но може да ги најдете најбитните информации и правила. Тие се универзални без разлика дали играте во традиционално или онлајн казино. На почетокот наша препорака е да играте контролирано и смирено, така полесно се зголемува знаењето за оваа игра. Исто така за проба многу онлајн казина нудат бесплатно да се проба и да се инсталира софтверот за играње.
ИГРАЈ ЕВРОПСКИ РУЛЕТ БЕСПЛАТНО
Најчести рулет – варијации
Рулетот денес се појавува во многу варијанти, тоа зависи од казиното, односно неговата понуда. Најчесто се сретнуваат две варијанти а воедно и тие се најпопуларни а тоа се:
- Американски рулет
- Француски рулет
Американски рулет
Во некои казина исто така може да се најди американска верзија на рулет. Главната разлика на оваа верзија е во распоредот на броевите. Тој распоред е дизајниран да ја забрза играта. Но, овој тип на рулет има една голема разлика. Покрај редовните 36 броја и нулата, постои и поле „дупла нула“. И ова поле најверојатно ја зголемува предноста на казиното. Тоа е и една од причините зошто не ја препорачуваме таа варијација на рулет.
Француски рулет
Уште познат е и како „обичен“ рулет. Ова е најтрадиционалната варијанта на рулет и голема е веројатноста кога ќе го слушнете зборот рулет да се однесува на овој вид на рулет. Распоредот на броевите е од 1 до 36, и една нула. Францускиот рулет уште може да го сретнете и како Европски рулет, бажно е да знаете дека се работи за иста варијација на игра.
Распоред на броевите на таблата
Оваа игра се состои од табла и тркало. На тркалото е исходот на играта, додека на таблата се поставуваат влоговите. Тркалото се врти во спротивен правец на таблата, откако ќе се постават сите влогови. Кога тркалото ќе застане и топчето ќе падне на некое од местата, играта е готова. И се врши исплата на евентуалните добивки во зависност од веројатноста на исходот.
На Француски рулет постојат вкупно 37 полиња кои се претставени со броеви од 1 до 36 и нула. Броевите од 1 до 10 се наизменично црвено црни. За секој број над 10, бојата ја одредува сумата на неговите цифри.
Пример: Бројот 2 е со црна боја, тоа значи дека броевите како 11 и 20 ќе бидат исто со црна боја, затоа што збирот на цифри изнесува 2.
Броевите и да се наоѓаат еден до друг може да бидат со иста боја. Но бројот на црни и црвени полиња во играта е еднаков. Па така со играње на црно и црвено имате 50% шанса за добивка.
Нула во традиционален рулет
Ова е полето кое е со зелена боја и е означено со нула. Нулата во основа може да се рече дека претставува предност на казиното. Па така во Американскиот рулет, има додадено поголема предност со тоа што се две вакви полиња.
Ако топчето во обичниот рулет застани на нула, сите други влогови освен на поединечни броеви се изгубени. За кладење на поединечен број, ако исходот е нула:
- Играчот губи пола од својот влог
- Го праќа целиот влог „во затвор“ – влогот останува на местото на кое се најдува
Со правилото „затвор“ вие добивкате шанса да си го вратите влогот, секако со доза на среќа.
Достапни опции за играње на рулет
Едноставни шанси
Броевите од 1 до 36 имаат повеќе особини, без разлика дали се црни или црвени или парни и непарни. Во секој случај нивните особини ги делат на две групи. Така шансата ви е 50-50%. Но тука влегува во игра и нулата, која не спаѓа во ни една од овие групи. Нулата прави веројатноста на добивка да биде 48.6%.
Повеќекратни шанси
Разликата од едноставните е во тоа што шансите за добивка се помали, затоа што ризикот е поголем. Но во случај на добивка исплатата е многу поголема од едноставите шанси. Исплатата во рулет е секогаш обратнопропорционално во однос на шансата за погодок.
Најпопуларни повеќекратни шанси се 2:1 каде може да се коцкате на 1-12, 13-24, 25-36 или на колона каде се поделени на три групи.
- За исплата 5 према 1 се игра на 6 броеви, а влогот се става со жетон на линијата помеѓу два редови.
- Исплата од 8:1 е става влог на 4 броеви со што жетонот се става меѓу нив.
- За остварување на 11 спрема 1 исплата се игра на 3 броеви.
- 17:1 исплата ќе добиете ако играте на два броја
- Најголема исплата имате доколку играте на поединечни броеви и тоа од 35 спрема 1.
Лимит и исплата во рулетот
Правилата за секоја рулет маса одредуваат колку е максималиот износ а колку минималниот. Секоја маса во казиното има свои лимити односно колку може да се изгуби и колку да се добие. Разликата на овие две вредности обично е огромна. Секогаш пред играње видете кои се лимитите на таа маса, тоа ќе ви помогне да изберете вистинска стратегија.
Рулет стратегија
Со обзир на математичката комплексност, рулетот од секогаш ги привлекувал математичарите и аналитичарите. Постојано за рулет се бараат стратегии кои гарантираат 100% успех. До сега уште никој не успеал, но многу имаат стасано многу блиску. Иако нема гаранција за 100% успех, сепак некои стратегии се повеќе профитабилни од други.