Жена освоила повеќе од 200.000 евра на новогодишната ноќ во казино во Сен Мало, Бретања, Франција… Инаку, како што изјави вчера директорот на казиното, 40-годишничката ставила само 80 евроценти (50 денари) во автоматот.
– Таа е почетничка со коцкање и слот игри, и била на одмор со нејзината мајка. Таа освои 209.715,20 евра – што е втор најголем џекпот во ова казино од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30 години!, изјави директорот на казиното „Бариер“ (Barrière), Франсоа-Стефан Верне.
Тој раскажува и како луѓето честопати и не сфаќаат што им се случува во такви мигови.
– Жената беше „малку изненадена“… Ја тргнавме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ, рече тој.
Во истото казино, во 2011 година, играч освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи.
Be the first to comment