Казино коцкањето, всушност опфаќа играње на игри на среќа со кои може да стекнете одредена добивка или да ги изгубите вашите средства.

Повеќето игри ќе ви одземат само неколку минути да се запознаете со нив, односно да ги научете како се играат. Постојат и мал дел игри кои се доста сложени, но сепак нема да имате проблем при осознавањето на нивните правила за игра.

Генерално најбитната работа која треба да ја знаете пред да започнте со играње на игрите за ваши вистински пари е тоа што добро треба да ги проучите правилата на таа игра, без разлика дали е слот машина, игра на табла и слично. Се разбира дека вие не сакате да губите пари или да пропуштите голема добивка само поради тоа што не ги знаете правилата на таа игра. Времето кое ќе го поминете во учење како да ја играте играта е правилно потрошено време.

На нашиот сајт, ние се потрудивме да ви ги напишеме правилата за дел од некои казино игри. Овие водичи содржат и многу повеќе корисници информации покрај правилата за игра. Тука се вклучени и совети за играње преку интернет, совети при избор на казина, па дури и препораки за најдобрите и најсоодветните казина.

Исто така, може да најдете детали за секоја позната казино игра. Дали за таа казино игра ви следуваа соодветен бонус или бесплатни вртења. За бонуси и промоции отворете ТУКА!

Во прилог ќе ви напишеме дел од казино игрите и со по неколку реченици ќе ви објаснеме за начинот на кој тие функционираат.

Видови казино игри

Блекџек

Одговорно тврдиме дека блек џек е една од најпознатите и најпопуларните игри во казиното. И покрај тоа што е игра на среќа, како и сите казино игри, постои мала доза на вештина во остварувањето на добивка. Всушност ова значи дека играчите имаат директно влијание врз исходот на играта со помош на неколку стратегии. Правилата за блекџек се многу едноставни и се многу лесни за учење. Во одредени случаи постои можност да ја намалите предноста на казиното и да ја насочите во ваша корист, доколку го совладате методот на броење карти.

казино игри

Рулет

Рулетот исто така е многу популарна казино игра и има јасно поставени правила. Постојат повеќе опции за обложување на оваа игра, а има и неколку различни варијации на рулетот. За оваа игра постојат технички стратегии кои можат да се применат кога играте рулет, но во оваа игра неможете да влијаете на конечниот исход какко кај блек џекот. Оваа игра е дефиниција за игра на среќа. Ве молиме одвојте време и прочитајте ги нашите совети и стратегии за рулетот.

Слот апарати

Ако некогаш сте имале прилика да посетите големо казино, тогаш веројатно и знаете колку се застапени слот машините. Во секое големо онлајн казино има наредено до недоглед слот машини во неколку редови. Зошто е тоа така? Причината е едноставна. За слотовите нема посебни правила кои треба да ги знаете. Едноставно ги ставате вашите пари, го притискате копчето или ја повлекувате рачката и тоа е тоа. Мора да признаеме дека возбудата и задоволството ви се гарантирани доколку играте на слот игрите.

казино игри

Kазино игри во живо

Казино игрите во живо ги води таканаречен Live dealer или жив дилер. Овој вид на игри функционира преку видео стримови, односно играчите преку својот компјутер, мобилен или таблт се поврзуваат директно во студиото и имаат можност преку видео врска да играат игри на среќа. Овој вид може да се најде во многу казина, а гарантирано создава чувство како да сте во најголемите казина. Најпознатите казино игри во живо се: рулет, блекџек, покер и бакарат.

Бакарат

Бакарат е една од најстарите казино игри и традиционално е поврзан за големите влогови, но во сегашно време е овозможено играње на бакарат и за пониски влогови. Правилата за оваа игра се јасни, а не постои некаква стратегија. Избирате дали се обложувате на вашата рака или на раката на дилерот, а потоа се надевате дека сте донесле вистинска одлука.

Видео покер

Видео покерот е дел од скоро сите казина. Се базира на пет карти, а вашата единствена цел е да ја направите посилната и добитната комбинација. Колку што е подобра комбинацијата толку исплатата е повисока. Ова е доста лесна игра за учење, а и не е потребна посебна вештина за да се донесат правилни одлуки.

Тексас Холдем

Тексас холдем покер е најпознатата варијација на покер,а вашата цел е да ја направите најсилната комбинација од двете почетни карти и другите пет карти на масата. Оваа игра, играчите ја играат меѓусебе, а казиното зема „блинда“ односно провизија.

тексас холдем

Кено

Кеното е едноставна форма на коцкање и стилот е како лотарија. Се работи за чиста среќа и е многу слично со биногото. Сепак, во ќеното добивате можност да изберете свој број и колку сакате броеви да играте. Извлекувањето се состои во исфрлање на 20 случајни броеви од барабанот, а исплатите се засновани на тоа колку од нив се совпаѓаат со вашите избрани броеви.