Doyle Brunson вели: „Не дозволувај парите да ти бидат премногу битни ако сакаш да бидеш успешен коцкар“.
Важно е да направите добар потег или добра одлука на масата, а не да размислувате колку може да изгубите или колку може да добиете.
Не е добро да имаш страв од тоа дека ги губиш парите додека играш. Немој да се плашите да направите добар потег и притоа да ризикувате нешто. Ако играте со страв, добрите противници тоа знаат да го искористат.
Еве еден едноставен пример:
Додека играш покер добиваш А-К во средна позиција. Сега ќе направиш едно стандардно поткревање и еден играч ќе те прати. На флопот доаѓаат само ниски карти. Ти вложуваш, но и твојот противник те следи. На четвртата карта нема ништо. Ти повторно вложуваш, а тој повторно те следи. На ривер повторно ништо. Ти сега следиш со Ас како најголема карта на масата, а противникот не покажа сила, туку само те следеше. Си направил голем влог, а немаш ништо в рака.
Што ќе направиш сега?
Ако сега веруваш во својата анализа на противиникот, тогаш би требало на риверот повторно да вложиш и да бидеш победник. Немој да се плашиш од овој последен влог, се разбира ако веќе добро си го анализирал противникот, но секако внимавај колку вложуваш. Ако премногу вложуваш, тогаш лесно можеш да се најдеш во незгодна ситуација. Затоа добро би било доколку си ја анализирал ситуацијата да блефираш пред да излези четвртата карта, односно кога ќе излезе петтата карта ќе вложиш повеќе, па така противникот ќе дојде до заклучок дека имаш добри карти, па ќе сака да се откаже. Не секогаш оваа стратегија е добра, но во одредени случаеви знае многу да помогне.
Со еден збор, верувај во себе, верувај во своите квалитети и носи добри одлуки во вистинско време. Играј како парите да не ти значат ништо.
Be the first to comment