Што е блекџек?

блекџек

Блекџек или познат и под името ајнц е најпопуларна казино игра која се игра на маса против казиното.  Блекџек е ретка  казино игра во која играчите може стекнат предност над казиното во некои фази од играта.

Играта е многу едноставна за разбирање и играње, односно може брзо да се научи.
Во оваа статија може да прочитате за правилата односно да научете како да играте блеџек.

Историја

Точните корени за настанувањето на играта блеџек се уште се непознати. Некои истражувачи сметаат дека оваа игра е измислена во времето на Римското царство. Римјаните обожавале коцкање во сите варијанти и формати, а една од нивните омилени игри била игра со дрвена коцка на која имало изрежани броеви. Други истражувачи сметаат дека играта била под измислена под називот Ventiuna што значи 21 на шпански. Трета група истражувачи сметаат дека блекџекот има француско потекло. Играта Ving-et-Un што значи 21 на француски била многу популарна ширум Франција. Како и да е, играта блекџек остана една од најпопуларните игри на среќа во казината ширум светот.

Основи на блекџек

Блекџек може да се игра со еден или повеќе шпилови карти. Колку повеќе шпилови карти се користат, толку шансата за казиното да освои добивка  се зголемува, а таму каде што се игра со помалку шпилови, шансите за да добие ирачот се зголемуваат. Повеќето казина имаат одреден број на маси на кои се игра блекџек, додека други ја немаат воопшто оваа игра во својата понуда.

Најчесто минималниот влог е 5 евра, но има и помали влогови, а најмногу влогот зависи од казиното, но во некои случаеви знае да достигне и сума од 50.000 евра. На една маса истовремено може да играат 6 луѓе, а акцијата почнува од дилерот лево. Дилерот секогаш е последен со потегот.

блекџек

Играта почнува веднаш штом играчите ќе ги стават своите влогови на местото обележано за тоа. Обично дилерот знае да напомни дека влоговите, односно чиповите се редат по големина, така што најголемиот чип е најдолу. Кога дилерот ќе им каже на играчите дека повеќе нема вложување, тогаш веќе почнува делењето на картите.

Сите карти се делат за да се гледаат (face-up), a дилерот својата прва карта ја мести со лицето на долу, односно да не се гледа, а другите ги става на лице, односно сите да ги видат. Со анализа на картите кои ги има дилерот, играчите одлучуваат за продолжување на играта.

Играчите најчесто запираат кога збирот на нивните карти е помѓу 16 и 21, а ако имаат 11 или помалку најчесто земаат уште една карта. Играчите имаат право да земат колку што сакаат карти, но нивниот збир не смее да биде над 21. Доколку земате повеќе карти, поголема е веројатноста да надминете збир од 21, па така добивката оди во казиното, односно добива дилерот.

Испробај БлекЏек во Coinbet24 казино

Влог

Пред почетокот на делењето, секој играч мора да вложи одредена сума на пари (чипови). После тоа, на секој играч му се делат по две карти со лицето горе, а дилерот зема една карта со лицето долу и една завртена со лицето на горе.

Цел

Целта на играта е игрчот да направи резултат 21 или што поблиску до 21. Доколку играчот го надмине 21, автоматски ја губи играа.

Вредност на картите

Картите со броевите имаат вредност толку колку што е бројот, а џандар (Ј), дама (Q) и крал (К) имаат вредност 10. Асот (А) има вредност 11 или 1.

блекџек

Игра

Откако ќе започне делењето, секој од играчите се прашува дали сака да застане на моменталниот збир (stand) или сака да земе уште една карта (hit).

Дабл

Доколку играчот во збирот од почетните две карти има 9,10 или 11, му се нуди можност за играта „Double“. Во тој случај играчот го дуплира влогот и од дилерот добива уште само една карта.

Сплит

Ако играчот добие две исти карти, може да ги раздвои (split). За раздвојување мора да вложи износ еднаков на својот почетен влог. После тоа играта продолжува, а играчот игра за секоја карта како засебен играч. Доколку на една од тие карти повторно добие две исти карти, може пак да ги раздвои.

Surrendеr

Доколку играчот после почетното делење одлучи да се откаже, тогаш таа игра завршува и дилрот автоматски му зема пола од вложените пари.

Блекџек

Во случај кога играчот во почетното делење добие Ас и 10,Ј,Q или К, автоматски победува, него му се исплаќа 3:2 од вложеното. Тоа се вика блекџек.

Осигурување (Insurance)

Кога дилерот ќе добие Ас во една од двете карти, односно во картата завртена со лицето на горе, се отвара можност за осигурување на играчот. Играчот во тој случај може да вложи до половина од својот влог дека на дилерот како втора карта ќе му биде 10,Ј,Q или К. Во тој случај, на играчот му се исплаќа 2:1 (вредноста на осигурувањето се множи со коефициент 2).

Како што погоре напишавме, играта блекџек е најпознатата игра на среќа ширум светот. Освен што може да ја играте скоро во сите казина, блекџекот може да го најдете и во онлајн казината. Доколку сте во дилема околу изборот на казино, ние ви препорачуваме да ги прегледате нашите рецензии за најголемите онлајн казина во светот ТУКА.

Испробај БлекЏек во Coinbet24 казино

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*