За само два дена ќе останеше без своите 24 милиони долари!

dolari

Еден дедо од Њу Џерси пред неколку дена во својата стара кошула го пронашол ливчето од њујоршката лотарија вредно 24 милиони долари и тоа замислете само два дена пред истекувањето на рокот за подигнување на добивката.

Всушност, ливчето било старо скоро година дена, но 68 годишниот Џими Смит се појавил во просториите на лотарија за да си ја подигне добивката.

Oвој дедо открива една интересна ситуација, односно купувал ливчина во Њу Џерси и Њу Јорк во последните 50 години, но никогаш не му се брзало да провери дали е добитен или не.

„Завршив со куп ливчина, вклучувајќи го и добитниот. Кога го пронајдов тоа ливче цела минута гледав во него. Помислив: Дали е можно да е тоа што мислам дека е?„ – рече господин Смит.

„Морав да излезам на балконот и да вдишам свеж воздух. Најпрво не верував, но подоцна сфатив дека сум побогат за 24 милиони долари.“

На прашањето каде ќе ги потршете овие пари, господин Смит одговори дека за тоа треба да разговара со своето семејство пред да донесе било каква одлука.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*