Покерот не е само игра на карти – тука се брои секој потег, секој поглед и секоја одлука. Понекогаш добрите карти не се доволни, а понекогаш и слаба рака може да донесе голема победа ако знаеш кога да ризикуваш. Без разлика дали си почетник што сака да научи или играч со искуство кој бара нов предизвик, покерот секогаш нуди нешто ново.
Играј покер бесплатно
Историја
Еден од најстарите записи кој се однесува на покерот е запишан од страна на Џонатан Грин во 1834 год. Тој тогаш ги спомнува правилата на играта наречена „лажна игра“. Со оглед на тоа дека тогаш немало вистински назив за оваа игра, тој ја нарекол Покер. Покерот својата популарност ја доживува од почетокот на дваесетиот век и преминува во активност која ја практикуваат мали групи на мажи, но потоа станува уште повеќе атрактивна и почнуваат да ја играат сите. Со текот на времето почнуваат да се организираат и турнири со огромни милионски награди за најдобрите.
Oснови на покер
Почнете од тоа како функционираат одредени начини за вложување, а потоа преминете на учење на правилата за играта. Може да вежбате од вашиот дом на разни онлајн покер маси со бесплатни средства на различни интернет покер сајтови. Ние лично ја препорачуваме страната на 1xbet, бидејќи долгодишната традиција во комбинација со стручниот кадар, оваа казино игра ја имаат направено да биде совршена. Кога ќе изиграте неколку партии, ќе бидете спремни за да научете и напредни техники кои можат да ви овозможат големи добивки.
Раце во покерот (од најјаки до најслаби)
Ројал Флеш
Најјаката рака во покерот е ројал флеш. Составена е од десетка, џандар, дама, крал и ас во исти знак.

Кента флеш (Straight Flush)
Втора најјака рака во покерот е кента флеш. Составена е пет наредени карти во ист знак. Ако двајца играчи имаат кента флеш, добитен е тој со поголема карта.

Покер (Four of a Kind)
Покер претставува рака со четири карти од ист вид, во овој случај четири кралови. Ако двајца играчи имаат покер, добива играчот кој има посилни карти. Ако двајцата играчи имаат покер со ист вид карти, тогаш одлучува петтата карта, односно добитен е тој кој има поголема петта карта.

Фул (Full House)
Фул е комбинација која е составен од три карти од ист вид и еден пари. Ако двајцата играчи имаат фул, побува тој што има појаки три карти.

Боја (Флеш)
Пет карти од ист знак прават боја. Ако двајцата играчи имаат боја, победува тој со најјака карта.

Кента (Straight)
Кентата ја сочинуваат пет карти наредени по ред. Ако повеќе играчи имаат кента, тогаш победник е тој со најјака карта.

Тројка ( Three of a kind)
Тројката e составена од три карти од ист вид. Во случај да имаат тројка двајца играчи, побдува тој кој има појаки карти, односно одлучуваат двете преостанати карти.

Два пара (Тwo Pair)
Самото име ни кажува, два пара се составени од два пара карти од ист вид. Ако двајца играчи имаат два пара, победува тој со посилни карти, односно во случај на исти два пара на двајцата играчи, победува тој што има поголема петта карта.

Пар (Pair)
Парот е составен од две карти од ист вид. Бидејќи раката во покерот е составена од пет карти, останатите три карти претставуваат таканаречени „kickers“. Во случај двајцата играчи да имаат ист пар, во тој случај „kickers“ одлучува.

Најјака карта (Hight Card)
Доколку немате ни пар, тогаш се гледаат сите карти во вашата рака. Во овој случај победува играчот со најјаки карти в рака.

Опции за вложување кои ги има играчот
Fold
Ако не сакате да продолжете, можете да ги предадете своите карти и да ја напуштете рундата.
Bet
Ако никој пред вас не дал никаков влог, вие тоа можете да го направите сами. На пример, кажувате „Вложувам 20“ и ги приложувате вашите чипови, така што секој кој сака да продолже мора да плати 20 чипови. Ако тоа не го сака, тогаш може да се откаже.
Raise
Исто така можете да го појачате влогот. На пример, на противничкиот влог од 20 чипови, вие може да го подигнете влогот на 40. На овој начин вие го поскапувате влогот за сите кои сакаат да ја продолжат играта.
Call
Доколку некој пред вас ставил влог, имате можност да го следите. За да го постигнете ова треба да направите влог од исто толку чипови колку што вложил тој.
Check
Ако пред вас никој не вложил ништо вие имате можност да чекирате. Ова значи дека не давате никаков влог и го препушатете потегот на следниот играч. Со зборови ова значи „Ќе почекам да видам што ќе се случи“
Flop, Turn, River – Пет заеднички карти
Овие карти дилерот ги дели на масата, завртени се со лицето горе за да може секој играч да ги види. Тие не припаѓаат само на еден играч, туку секој играќможе да ги искористи за да ја направи својата најдобра комбинација од 5 карти.

Flop
Првите три заеднички карти кои се делат после првиот круг на вложување. Дилерот на маса ја издвојува првата карта од врвот на шпилот, а потоа вади три карти со лицето на горе, додека првата карта која ја вади од врвот е со лицето на долу и таа се нарекува запалена карта.
Turn
После втората рунда се открива и четвртата карта, а начинот е ист, односно се гори најгорната карта и следната излегува на маса.
River
После третиот круг на вложување излегува и петтата последна карта. Оваа карта се нарекува ривер. Начинот на извлекување е ист, најгорната се гори, а следната излегува како ривер.

Онлајн покер и традиционален покер
Во денешно време вируелните казино игри и покер собите се дел од коцкарската индустрија и не би можеле да го замислиме коцкањето без нив. Ако се вратиме назад во 80 – тите, за да играте покер мораше да соберите неколку пријатели кои би сакале да влошат пари во играта. Потребно беше и маса која ќе одговара да се има, како и шпил карти.
Кој би можел да поретпостави дека во денешно време покер собите ќе ги заменат традиционалните покер маси. Никој не ни помислуваше дека со неколку клика ќе може да „станете“ од масата или да вложите за следната партија. Исто незамисливо беше и дека цели турнири ќе се одвиваат од удобноста на вашиот дом. Дали Онлајн покерот потполно ќе го замени традиционалниот покер? Со сигурност не може да одговориме, но со оглед на правецот во кој се движи веројатноста е голема. Се повеќе и повеќе неискусни играчи уживаат во оваа казино игра, што кај традиционалниот за нив и не беше големо уживање.
Како се игра онлајн покер
Овој дел ќе ви помогне само доколку сте почетник. Постојат неколку покер варијанти. Ова во што се разликува секоја варијанта е начинот на кој се делат картите. Ова се некои варијанти на покер кои може да ги сретните.
Straight покер
Ова е најстарата варијанта на покер. На играчите им се дели по 5 карти, кои се свртени со лицето на долу. Кладењето се одвива во една рунда и играчите може да „raise“ – нат, или „re-raise“ – нат на влогот од другиот играч.
Stud покер
Во stud покер на играчите им се делат карти наизменично. Тие се со лицето на долу во првата и со тек на рундите се откриваат. Овој вид на покер се игра во повеќе рунди. После секоја рунда се ставаат влогови. Seven Card Stud е најпопуларна stud игра кој се игра. Во неа се делат по 7 карти на играчите, со цел да ги состават најдобрите 5.
Draw покер
Draw покер играта започнува така што на секој играч се дели по 5 карти со свртени со лицето надолу. После иницјалната рунда на коцкање, на играчите им е дозволено да исфрлат карти кои не ги сакаат.
Community покер
Community покер игрите денес се најпопуларни, поготово кога станува збор за онлајн покер. Кај оваа варијанта на играчите им се делат помалку карти, отколку што е потребно да се состави рака. За да се состави цела рака, се делат „community“ (заеднички) карти, кои се со лицето нагоре. Тие се комбинираат со оние кои ги имаат во рака, и така се составува комплетна рака, а најдобрата победува.
Предности на онлајн покерот
Една голема предност кај онлајн покерот е што може да вежбате од удобноста на вашиот дом. Постојат бесплатни маси, каде играте со виртуелни пари. Тие може да ги најдете на многу сајтови. Онлајн покерот не се разликува во играњето од традиционалниот покер. Па така доколку знаете да играте традиционален покер, нема да имате проблем ни со онлајн покерот.
Онлајн покер е одлична игра за оние кои се почетници, затоа што кога играте оналјн покер вие сте „заштитени“ од правење на нелогични грешки. А со тоа нема да успорувате ничија игра, затоа што онлајн покерот е одлично осмислен. Исто така предност кај онлајн покерот е што нема да може да бидете излажани. Сите знаеме дека тоа не е редок случај кај традиионалниот покер. Оние онлајн казина кои се лиценцирани и нудат онлајн покер се најсугурни. Со тоа што тие се лиценцирани, тие се според законска регулатива. А со самото тоа на играчите им се обезбедуваат права при коцкање.
Кога станува збор за онлајн покер, уште една преднсот е тоа што вие ја бирате масата на која ќе играте. Односно вие одлучувате колку ќе биде минимумот на таа маса. Па според тоа може да направите добра стратегија на играње, и определите средства кои ви се потребни за тоа.
Дополнително, онлајн казината нудат и бонуси за нови играчи – како на пример бонус за добредојде, билети за турнири или дури и кеш бонуси кои може да ги искористите директно за играње покер. Овие понуди често се добредојдена помош, особено кога штотуку почнувате и сакате да го пробате онлајн покерот со мал ризик.
Покер совети за играчи
Во прилог ви ги претставуваме најдобрите покер совети за да ја усовршите Вашата покер игра.
10 покер совети како да ја подобрите вашата игра во покер
- Правете секогаш рационални одлуки
- Ова важи за се во врска со покерот, односно изборот на играта, потегот, влогот и слично. Ако дозволиш одлуките да бидат врз основа на твоите емоции, тогаш ќе платиш скапо.
- Размислувај позитивно
- Ако сакаш да станеш победник, мора да бидеш и уверен дека си способен за тоа. Позитивното рамислување и за покер играчите е многу важно.
- Играј само со добри карти
- Квалитетот на почетните карти е многу важен, без разлика кој вид покер го играш. Играјте пред флопот само со навистина добри карти.
- Биди агресивен, но и селективен
- Да играш агресивно значи да извлечеш максимум од твоите карти. Агресивноста значи максимизирање на профитот ако имаш добра рака. Селективноста значи да ја препознаеш најдобрата прилика и да знаеш кога да бидеш агресивен, а кога да се откажеш.
- Препознавај ги приликите и искористи ги
- Да ги препознаваш приликите во покерот е една од најдобрите способности кои може да ги имате. Голем дел од играта е математика, но за сета среќа не е воопшто комплицирано.
- Биди непроценлив додека играш покер
- Промени го својт стил на игра. Ако сакаш голем профит, тогаш немој секогаш да вложуваш кога имаш добри карти. Доколку го правиш тоа, играта ќе постане предвидена и паметните противници ќе го искористат тоа.
- Подобри ја твојата игра
- Читањето книги или статии како оваа е добро или вежбањето со пријателите. Големите покер страници нудат и одлични школи. Секогаш гледајте да се стекнете со ново знаење и никогаш не мислете дека вие знаете баш се.
- Учете од грешките
- Како што напишав во претходно, секој прави грешки. Разликата е во тоа што големите играчи знаат да извлечат лекција од сопствените грешки.
- Биди секогаш внимателен
- Ако сакаш да станеш победник, мора да се трудиш да внимаваш на другите играчи на масата. Пробај да најдеш нешто воочливо кај противиниците. Посматрај ги противниците цело време.
- Бидете флексибилни и универзални
- Ако сакате да станете голем покер играч, тогаш мора да ги корстите сите прилики за профит. Немојте да се ограничувате само со еден вид на покер, бидејќи сите светски покер играчи истотака се добри и во Оmaha и Seven Card Stud.
Една од првите и најважни работи кои треба да се научат кога играте Тексас Холдем е кои се почетни карти вредни за продолжување, а кои не.
Одлуката за тоа дали тие две карти кои сте ги добиле во првото делење се поволни или не, претставува најважната одлука за секое делење.

Најдобри парови кои може да ги добиете
Јаки парови:
- Ас – Ас
- Крал – Крал
- Дама – Дама
- Џандар – Џандар
- 10 – 10
Јаки карти од иста боја:
- Ас – Крал
- Ас – Дама
- Крал – Дама
- Ас – Џандар
- Крал – Џандар
- Дама – Џандар
- Џандар – 10
Јаки карти кои не се од иста боја:
- Ас – Крал
- Ас – Дама
- Крал – Дама
Овие карти се многу важни и новите играчи можат често да губат доколку не ги знаат овие работи. Имајќи во превдвид дека вашите две карти се единствена работа која може да ви донесе победа и добивка, сметаме дека е многу важно да го знаете ова.
Втор фактор кога одлучувате за тоа колку голем да биде вашиот влог е вашата позиција. Ако сте прв на редот би требало да се откажувате секогаш, освен во случај кога имате добри карти. Ако сте близу до крајот, вие имате можност да ги процените вашите противници и можете да донесете одлука колку да вложете.
Со картите како што се AJ, KQ, KJ, QJ, K10, Q10 и J10 не би требало да играте после подигнувањето на влогот ако сте во почетна позиција. Вашата цел е да имате вложено пари кога имате најјаки карти. На долги стази со овие карти ќе ги изгубите парите.
Средните парови се добри за почеток, но ако после откривањето на главните карти на масата, односно flop, нема што повеќе да барате и најдобро е да се откажете.
Топ десет карти за почеток:
- A-A (Пар Асови)
- K-K (Пар Кралеви)
- Q-Q (Пар Дами)
- A-K (Ас Крал)
- J-J (Пар Џандари)
- 10-10(Пар Десетки)
- 9-9 (Пар Деветки)
- 8-8 (Пар Осумки)
- A-Q (Ас Дама)
- 7-7 (Пар Седмици)
Топ карти за поткревање на влогот пред откривање на главните карти:
- A-A (Пар Асови)
- K-K (Пар Кралеви)
- Q-Q (Пар Дами)
- A-K (Ас Крал)
- J-J (Пар Џандари)
- 10-10(Пар Десетки)
- A-Q (Ас Дама)
Карти со кои треба да ги почекате главните карти:
- A-J (Ас Џандар)
- K-Q (Крал Дама)
- Q-J (Дама Џандар)
- J-10 (Џандар Десетка)
- 9-9 (Пар Деветки)
- 8-8 (Пар Осумки)
- 7-7 (Пар Седумки)
- A-10 (Ас Десетка)
- 10-9 Иста боја(Десетка и деветка иста боја)
Најпознат турнир во покер е „Sit and Go“. Во оваа статија ние ќе напишеме неколку совети кои ќе ви помогнат при играњето на овој вид турнир.
На „Sit and Go“ турнирите може многу пари да се заработат, посебно на ниски лимити. Тоа се турнири на една маса и првите три играчи ја делат целата награда. Распределбата на наградите се врши по следниот редослед:
- 50% – 1 место
- 30% – 2 место
- 20% – 3 место.
Овој вид на турнир е доста познат во онлајн покерот. Од вкупниот број на играчи на онлајн покер, повеќе од половина играат „Sit and Go“. Овој турнир е доста брз и трае од 1 до 2 часа. За луѓето кои знаат да користат добра тактика, овој турнир е најдобар начин за голема заработка.
На пазарот може да секупат полно книги во кои се пишува за стратегии во покер турнирите. Но како недостаток е тоа што секоја литература е на англиски јазик.
Совети за „Sit and Go“ покер турнир
Во една книга пронајдов неколку совети за „Sit and Go“ турнирот, па решив да ги споделам со вас, а тие се:
- Трпението и дисциплината во почетниот период на турнирот е многу важно. Доколку не сте трпеливи, вие сигурно ќе изгубите. Сфатете дека почетокот на овој турнир е секогаш мирен.
- Само солидните покер играчи треба да играат во почетната фаза од турнирот.
- Не блефирај без да го анализираш противникот. Блефирањето може да те одведе во тешка ситуација и да ги изгубиш чиповите уште во почетокот на турнирот.
- Колку повеќе противници блефираш, толку шансите за успех ти се намалуваат.
- Ако влогот ја преминува половината од твоите средства, тогаш би требало да вложиш се.
- Доколку вложиш се (Аll In) веројатноста да се откажат твоите противници е голема.
- Позицијата е еден од најважните фактори во крајната фаза на турнирот.
- Немој да очекуваш дека секогаш ќе завршуваш во добитните позиции.
- Доколку во крајната фаза турниорт е полн со луѓе, време да покажеш агресија и да вложуваш повеќе чипови.
Be the first to comment