Betet77
- Игри
- Уплата и исплата
- Мобилна верзија
- Корисничка поддршка
- Сигурност
- Дизајн
- Казино во живо
- Бонуси и промоции
Резиме
Betet77 е онлајн казино со ограничена понуда, но многу добaр и едноставен вебсајт. Понудата за бонуси и слот игри може да ја подобрат и се надеваме дека тоа ќе случи во најскоро време.
Pros
- Лиценцирано онлајн казино
- Брзи и сигурни уплати и исплати
- Едноставен вебсајт лесен за навигација
Cons
- Ограничен број на слот игри
- Слаба бонус понуда
User Review
( votes)Betet77 казино припаѓа на „фамилијата“ Betet77 и може да кажеме дека е казино кое ги задоволува потребите, па дури и на нај страсните казино играчи благодарение на едноставноста, големиот спектар на игри меѓу кои се и најпознатите слотови и „краш“ игри.
Општо за Betet77 казино
Ако барате ново онлајн казино, тогаш ве советуваме да го испробате Betet77 бидејќи нуди добра разновидност на игри, системот им функционира стабилно, а дизајнот е навигацијата се одлични. Станува збор за лиценциран сервис за игри на среќа, па вашите пари и податоци се сигурни и немате причина за грижа.
Дизајн и навигација
Кога станува збор за дизајнот на вебсајтот на казиното на Betet77 може да го категоризираме како многу едноставен. Подолу од сликата може да забележете дека лево е логот, десно логин и регистрација формата, централната лента е за провајдерите и централниот главниот дел е резервиран за слотовите. Со оглед на овие информации, по автоматизам може да заклучиме дека навигацијата е лесна бидејќи нема многу достапни функции.

Јазици
Јазичната поддршка дефинитивно може да биде подобрена, но гледана од аспект како Македонци, ние немаме проблем со тоа. Достапни се само два јазици од кои македонски и англиски, но се надеваме во иднина дека ќе бидат додадени уште многу повеќе јазици.
Лиценца
Онлајн казиното на Betet77 е компанија регистрирана во Костарика, а лиценцата им е издадена од Унија на Комори со број ALSI-202510016-FI1. Со овој факт се потврдува исправноста на функционирањето како и безбедноста за вашите податоци и вашите средства.
Софтвер
Во категоријата на „софтвер“ се опишува ситуацијата за достапните провајдери на овој сајт. Конкретно во Betet77 имаме 23 достапни провајдери за слотови и тоа:
- EGT Digital
- Novomatic
- Big Time Gaming
- Nolimit City
- Play’n GO
- Betsoft
- Spinomenal
- Red Tiger Gaming
- Playson
- NetEnt
- Wazdan
- Amatic
- Amusnet
- Fazi
- Pragmatic Play
- Hacksaw Gaming
- Spribe
- Endorphina
- Thunderkick
- Habanero
- Tom Horn
- BGaming
- Evoplay
Оваа бројка мора да признаеме дека не е воопшто импресивна, но барем ги има најпознатите EGT, Amusnet, Pragmatic итн.
Сепак во иднина очекуваме овој дел да се збогати и да се склучат договори со повеќе провајдерски компании.
Избор на игри во Betet77 казино
Изборот на игри е многу важен детал во едно казино, но овде мора да признаеме дека таа бројка не е баш задоволителна. Сепак позитивно е тоа што се достапни најпознатите слотови од палетата на EGT и Amusnet, но во секој случај не треба да се задржат на тоа. Во однос на другите категории како казино во живо, тука може да кажеме дека се солидни и се најдуваат игри од два провајдери, додека понудата на Crashgames е исто така сиромашна.
Слот игри во Betet77 казино
Кога ќе се фокусираме на слотовите, лесно може да се заклучи дека достапни се само 5846 слот игри. Овде може да најдете најразлични теми како овошни, мистерични, класика итн. Постојат повеќе варијации на добитни линии, почнуваќи од една платежна линија до енормно висока бројка на комбинации. Како и да е, во најскоро време очекуваме збогатена понуда.
Казино во живо во Betet77 казино
Овој дел е многу интересен и скоро го има секое онлајн казино. Претходно спомнавме дека се достапни казино игри во живо од само два провајдери, но понудата е солидна и можете да најдете најразлични варијации од казино игри на маса како покер, блекџек, рулет итн. Оваа категорија е омилена кај оние играчи кои сакаат да уживаат максимално во искуството бидејќи се презентира во живо и дава некое посебно чуство.

Crashgames во Betet77 казино
Се повеќе и повеќе овие игри стануваат популарни кај казино играчите. Станува збор за еден вид на игри кои нудат коефициент на добивка и имаат интересна тематика. Една од нив е Aviator во која имате можност да се обложувате на авион кој лета. Вие ставете облог и одлучувате кога ги повлекувате парите се додека авионот не се сруши. Посебен впечаток остава играта Тrader која функционира на сличен начин како и Aviator.
Бонуси и промоции во Betet77
Дефинитивно најголема причина која може да ви привлече за да станете корисник на некое онлајн казино е добрата бонус понуда како за добредојде, така и за лојалност. Во онлајн казиното на Betet77 оваа категорија како да е „заборавена“ и кај нив има само една понуда и тоа е наменета за нови корисници.

Бонус за добредојде во Betet77 казино до 500 бесплатни спинови
Овде за новите корисници се нудат бесплатни спинови во вредност од 0.20 евра или 20 центи. Тие може да ги добиете ако сте нов корисник и ако направите депозит од најмалку 10 евра. Спиновите се доделуваат во вредност од 20% на вашиот прв депозит. На пример за 20 евра, вие добивате 4 евра бесплатни спинови, поточно 20 вртења. Овој бонус има солиден рок на траење и бесплатните спинови може да ги изиграте во рок од 14 дена откако ќе бидат доделени. Исто така треба да знаете дека за да го добиете бонусот мора да имате верификуван профил (KYC).
Уплата
Со самиот факт дека станува збор за лиценцирано онлајн казино, уплатата е максимално регулирана. Во онлајн казиното на Betet77 можете да ја извршите на три различни начини, поточно преку картичниот систем на Visa и Master Card и преку крипто валути поточно USDT.
Уплатата се реализира инстант, поточно ви истиот момент и за картиците се извршува без никаква провизија што е голем плус, па тоа значи дека колку ќе уплатите, толку ќе си добиете и на сметка.
Минималниот депозит е 10 евра за сите три методи, додека за USDT провизијата е минимална од 2.8%.
Исплата
Исто како и уплатата, исплатата им е максимално средена и сигурна. Таа најчесто се процесира за неколку часа, но може да потрае и до неколку дена што е нормална процедура во онлајн обложувалниците и зависи од вашата банка.
Во пракса, исплатата се врши на истиот начин како и уплатата, освен во одредени случаеви каде што тоа не е возможно. Сепак овде вие имате можност парите да си ги повлечете преку картица или преку USDT, но внимавајте, методот за исплата мора да биде ист како што бил вашиот последен метод за уплата.
Мобилна верзија
Мобилната верзија е голема предност за едно онлајн казино. Тоа значи дека вие нема потреба да имате компјутер пред себе, туку сите казино игри можете да ги играте преку вашиот мобилен телефон или таблет. Сајтот функционира доста стабилно преку мобилен, а достапни се исто така сите функции. Графиката им е на високо ниво, па не се забележува некоја посебна разлика ако пристапите од мобилен или од десктоп. Треба да се нагласи дека се уште немаат мобилна апликација, но очекуваме во иднина да го решат и тоа.

Корисничка поддршка
Колку и да е совршено едно онлајн казино, неопходно е да има корисничка поддршка која ќе биде тука кога корисникот ќе се соочи со проблеми. Овде ви е достапна корисничка поддршка која можете да ја добиете на англиски јазик директно преку Live Chat формата на нивниот сајт. Исто така, доколку не ви е хитен проблемот, можете да им се обратите преку контакт формата, но во тој случај одогворот ќе мора да го почекате најмногу за неколку часа. Вработените се доста професионални и имаат ингеренции за директно решавање на вашиот проблем.
Заклучок за Betet77 казино
Betet77 казино е солидна платформа која нуди врвно искуство за своите корисници. Можеби немаат кој знае колку игри, но ги имаат најпознатите слотови и казино игри во живо, а тука се и мега популарните Crashgames. Исто така, на располагање ви стои стручна корисничка поддршка која ќе даде се од себе за да ви го реши вашиот проблем. Треба да нагласиме дека имаат и одлична мобилна верзија на сајтот која нуди флексибилност кај играчите. Се на се, онлајн казиното на Betet77 вреди да го испробате.