Наведениот текст претставува водич за почетници во кој чекор по чекор се опишани правилата, начинот на вложување и текот на играта во најпопуларната верзија на покер игра, односно Тексас Холдем (Texas Hold`em).
Историја
Еден од најстарите записи кој се однесува на покерот е запишан од страна на Џонатан Грин во 1834 год. Тој тогаш ги спомнува правилата на играта наречена „лажна игра“. Со оглед на тоа дека тогаш немало вистински назив за оваа игра, тој ја нарекол Покер. Покерот својата популарност ја доживува од почетокот на дваесетиот век и преминува во активност која ја практикуваат мали групи на мажи, но потоа станува уште повеќе атрактивна и почнуваат да ја играат сите. Со текот на времето почнуваат да се организираат и турнири со огромни милионски награди за најдобрите.
Oснови на покер
Почнете од тоа како функционираат одредени начини за вложување, а потоа преминете на учење на правилата за играта. Може да вежбате од вашиот дом на разни онлајн покер маси со бесплатни средства на различни интернет покер сајтови. Ние лично ја препорачуваме страната на 1xbet, бидејќи долгодишната традиција во комбинација со стручниот кадар, оваа игра ја имаат направено да биде совршена. Кога ќе изиграте неколку партии, ќе бидете спремни за да научете и напредни техники кои можат да ви овозможат големи добивки.
Раце во покерот (од најјаки до најслаби)
Ројал Флеш
Најјаката рака во покерот е ројал флеш. Составена е од десетка, џандар, дама, крал и ас во исти знак.
Кента флеш (Straight Flush)
Втора најјака рака во покерот е кента флеш. Составена е пет наредени карти во ист знак. Ако двајца играчи имаат кента флеш, добитен е тој со поголема карта.
Покер (Four of a Kind)
Покер претставува рака со четири карти од ист вид, во овој случај четири кралови. Ако двајца играчи имаат покер, добива играчот кој има посилни карти. Ако двајцата играчи имаат покер со ист вид карти, тогаш одлучува петтата карта, односно добитен е тој кој има поголема петта карта.
Фул (Full House)
Фул е комбинација која е составен од три карти од ист вид и еден пари. Ако двајцата играчи имаат фул, побува тој што има појаки три карти.
Боја (Флеш)
Пет карти од ист знак прават боја. Ако двајцата играчи имаат боја, победува тој со најјака карта.
Кента (Straight)
Кентата ја сочинуваат пет карти наредени по ред. Ако повеќе играчи имаат кента, тогаш победник е тој со најјака карта.
Тројка ( Three of a kind)
Тројката e составена од три карти од ист вид. Во случај да имаат тројка двајца играчи, побдува тој кој има појаки карти, односно одлучуваат двете преостанати карти.
Два пара (Тwo Pair)
Самото име ни кажува, два пара се составени од два пара карти од ист вид. Ако двајца играчи имаат два пара, победува тој со посилни карти, односно во случај на исти два пара на двајцата играчи, победува тој што има поголема петта карта.
Пар (Pair)
Парот е составен од две карти од ист вид. Бидејќи раката во покерот е составена од пет карти, останатите три карти претставуваат таканаречени „kickers“. Во случај двајцата играчи да имаат ист пар, во тој случај „kickers“ одлучува.
Најјака карта (Hight Card)
Доколку немате ни пар, тогаш се гледаат сите карти во вашата рака. Во овој случај победува играчот со најјаки карти в рака.
Опции за вложување кои ги има играчот
Fold
Ако не сакате да продолжете, можете да ги предадете своите карти и да ја напуштете рундата.
Bet
Ако никој пред вас не дал никаков влог, вие тоа можете да го направите сами. На пример, кажувате „Вложувам 20“ и ги приложувате вашите чипови, така што секој кој сака да продолже мора да плати 20 чипови. Ако тоа не го сака, тогаш може да се откаже.
Raise
Исто така можете да го појачате влогот. На пример, на противничкиот влог од 20 чипови, вие може да го подигнете влогот на 40. На овој начин вие го поскапувате влогот за сите кои сакаат да ја продолжат играта.
Call
Доколку некој пред вас ставил влог, имате можност да го следите. За да го постигнете ова треба да направите влог од исто толку чипови колку што вложил тој.
Check
Ако пред вас никој не вложил ништо вие имате можност да чекирате. Ова значи дека не давате никаков влог и го препушатете потегот на следниот играч. Со зборови ова значи „Ќе почекам да видам што ќе се случи“
Flop, Turn, River – Пет заеднички карти
Овие карти дилерот ги дели на масата, завртени се со лицето горе за да може секој играч да ги види. Тие не припаѓаат само на еден играч, туку секој играќможе да ги искористи за да ја направи својата најдобра комбинација од 5 карти.
Flop
Првите три заеднички карти кои се делат после првиот круг на вложување. Дилерот на маса ја издвојува првата карта од врвот на шпилот, а потоа вади три карти со лицето на горе, додека првата карта која ја вади од врвот е со лицето на долу и таа се нарекува запалена карта.
Turn
После втората рунда се открива и четвртата карта, а начинот е ист, односно се гори најгорната карта и следната излегува на маса.
River
После третиот круг на вложување излегува и петтата последна карта. Оваа карта се нарекува ривер. Начинот на извлекување е ист, најгорната се гори, а следната излегува како ривер.
Be the first to comment