Блекџек е интересна и динамична игра која се прикажува во неколку верзии. Тоа е игра со карти и прости правила, а позната е и како „дваесет и еден“.

Блек Џек онлајн е доста популарна казино игра. Една од најпривлечните карактеристики на играта е тоа што таа е лесна за играње, па може да ја игра секој кој знае да изброи до 21. Сепак, пред да се впуштите во вашата Блек Џек авантура, добра идеја е да ја прочитате оваа статија. Тука ви опишуваме каде е најдобро да играте Блек Џек и која е суштината на играта. За почеток, можете да одберете да играте на едно од онлајн казината кои подолу ви ги препорачуваме за Блек Џек.

Играј Блек Џек бесплатно

Играј на цел екран – Fullscreen Mode

За излез од цел екран притисни “Esc”

Блек Џек е едноставна и лесна игра, што значи дека може да биде малку проблематично кое онлајн казино да го одберете. Многу онлајн казина се слични едни на други. Како и да е, едно е сигурно, сите казина кои ќе ги најдете на CasinoBonus.mk ви нудат добро искуство со Блек Џек. А како надополнување, можете да бидете наградени со одлични бонуси. Добра идеја да си одберете едно од казината кои ви ги препорачуваме погоре. Таму сте во добри и безбедни раце, а ви следува и одлична забава, како и добри шанси за добивки.

Правилата се едноставни. Треба да соберете точно 21 или да бидете најблиску до 21, но не и над таа бројка. Кога дилерот ќе ги подели картите, вие имате можност да одберете дали тие карти ви се доволно и застанувате тука, односно го зголемувате влогот или барате уште една карта. На нашиот сајт може да прочитате и за стратегијата броење на карти во блекџек и така да ја зголемите вашата шанса за добивка.

Блек Џек

Како се игра Блек Џек

Дури и оној кој не е страстен казино играч, сепак може да игра Блек Џек. Не треба многу време за да ги научите едноставните основи правила и можете – дури и пред да ги знаете – да почнете да играте на некоја од масите за Блекџек. Подолу ви нудиме објаснување како да започнете со игра.

Целта во Блекџек, познат и како 21, е да се победи дилерот. За да се направи тоа, потребен ви е идеален збир од 21 на вашите карти, или барем збир кој е што поблиску до оваа добитна бројка. Играта почнува со тоа што вие, како играч, добивате две карти, а истовремено толку добива и дилерот од кои вие можете да ја видите едната.

Картите со бројки од 1 до 9 ја имаат истата вредност на нивните бројки при збирање на сумата која ја имате. Тоа значи дека 8-ката се брои за осум, а четворка за четири. Картите со слики (џандар, дама, поп) се бројат за 10, додека кецот се брои за 1 или 11, во зависност од тоа што повеќе ви одговара во комбинација со другите. Вредноста на карите останува додека играта е во прогрес. Откако ќе ги видите вашите две карти, одлучувате дали сакате уште или запирате со барање на нови карти од дилерот. Кога ќе одлучите да запрете, на ред е дилерот да се обиде во име на казиното да погоди збир од 21 или што е можно поблиску до таа сума.

Како победувам во Блекџек?

Ако имате две карти, едната со слика, а другата е кец, тоа се вика Блек Џек и во тој случај вашата добивка е 2,5 пати поголема од паричниот влог кој сте го направиле. Во случај на било која друга победа, вашиот влог се удвојува како добивка. Што значи, ако вложите сто долари, вашата добивка ќе изнесува дополнителни сто долари, или вкупно двесте долари. Доколку вашиот дилер има Блек Џек истовремено со вас, вашите пари ќе ви бидат вратени.

Ако збирот на вашите карти е поголем од 21, играта е загубена. Треба да знаете дека доколку и вие и дилерот имате збир поголем од 21, тогаш дилерот ги добива парите. Блек Џек, исто така, подразбира и вештина на тактизирање кога сте под притисок во неизвесна ситуација и мора да пресечете дали вреди да барате уште една карта со ризик да го надминете збирот од 21. Ако вие и дилерот имате ист збир на картите и тој е под 21, паричниот влог ви се враќа.

Ако дилерот има збир од 16 или помалку, тој мора да влече карта, додека ако има збир од 17, тогаш може да остане на таа бројка без да бара карта. Тоа значи дека треба да сте внимателни колку блиску до 16 е дилерот. Во таков случај тој ќе треба да влечи карта, дури и ако истата вам ви донесе победа и добивка.

Токму тој тактички момент истовремено ја прави играта интересна и возбудлива. Кога играте Блек Џек имате неповторливо искуство на возбуда и шанса да освоите добра сума на пари. Поради тоа, Блек Џек е многу популарна и распространета казино игра.

блекџек маса

Броење на карти во блекџек

Блекџекот е доста популарна игра на среќа во која генерално предноста ја има казиното. Но со одредени методи, предноста може да ја насочите кон вас.

Постојат многу методи за создавање предност во блекџекот, а една од тие методи е броењето на карти.

Броењето на карти може да биде многу важно за вашата игра. Со броење на картите ја зголемувате вашата шанса за победа.

Во блекџек, како и во останатите игри, казиното има предност во однос на вас, но доколку во вашата игра вклучете соврешено броење на карти, не само што ќе ја намалите предноста на казиното, туку имате шанса и да заработите пари.

Броењето карти доаѓа во неколку формати, од едноставни до комплицирани методи. За оние кои се нови во броењето на карти, едноставната метода е доволна. Еднаш кога играчот ќе ја усоврши таа едноставна метода, може да премине и на комплицираните методи.

Едноставен начин за тестирање на вашите вештини е играње блекџек онлајн. Не сте временски ограничени, ниту сте под казино надзоро. За почетниците, може да ги запишувате резултатите на лист додека играте блекџек онлајн, но само за учење.

Едноставно Hi – Lo броење на карти во блекџек

оваа техника е за почетници, но тоа не значи дека не е добра. Со оваа техника може да остварите голема предност.
Цела идеја која се крие зад Hi – Lo системот на броење на секоја карта да и дадете вредност.

Оваа метода на броење му кажува на играчот кои карти останале во шпилот, високи или ниски. После половина шпил, доколку вашето броење е високо, во шпилот има повеќе 10 до А карти, тоа предстваува предност за играчот. Доколку броењето е ниско, тоа претставува предност за казиното.

Кога има повеќе 10 – А карти останато во шпилот, играчот има голема можност за добивање блекџек. Со ова знаење, можете да го зголемете влогот во прав момент. Ова исто така може да значи дека дилерот во голем број случаеви ќе надмине 21.