Рулет е една одлична игра која ви пружа многу различни игри и начини на исплата. Како и во сите други игри не постои гаранција за 100% добивка, но секако доколку се познава шансите се зголемуваат неколкукратно. Ова е многу важно за почетниците, затоа што шансите ви зависат од тоа колку ги познавате опциите и каква стратегија на играње имате.

Многу е тешко цело знаење да се стави само во една статија. Ние се се потрудивме да ги издвоиме најбитните информации кои можат да ви помогнат при играњето рулет, без разлика дали играте во локалното или во онлајн казино.

Играј рулет бесплатно

Рулет е една од најпознатите и најпопуларни казино игри, што не е без причина. Возбудата што ја доживувате кога малата топка скока и танцува меѓу броевите од 0-36 е неверојатно голема. Рулетот е добар избор поради едноставните правила и класичен дизајн. Секој може да се придружи и да има голема слобода, а воедно и тешко е да се направи нешто погрешно. Вие едноставно го избирате вашиот облог, притиснувате на копчето за вртење и чекате да видите дали сте среќниот победник. Ако одберете француски рулет, исто така имате предност бидејќи тие работат со правилото на La partage (Предавање), што значи дека ви се враќа половина од вашиот влог доколку исходот е 0.

За да можете да го добиете најдоброто искуство во онлајн рулет, овде можете да прочитате каде е најдобро да се игра, кои се правилата и некои стратегии што можете да ги користите.

Историја на рулетот

Историјата на рулетот е контроверзна и преминува во легенда. Според некои приказни, се смета дека монаси од Доминиканската република, ја довеле играта дома од нивното патување во Кина. Другите приказни тврдат дека рулетот бил измислена од античките Римјани. Но, првата документирана приказна за рулет е дека примитивната форма на рулетот потекнува од Франција во 1657 година кога математичарот Блез Паскал се обидел да измисли бесконечна машина за движење. Сегашната форма на рулет започнала во 1796 година – исто така во Франција.

Првично, се користела црвената боја за 0 и црната за 00, но тоа станало премногу збунувачки, а во 19 век, тие станале зелени, што се користи и до ден денес. Во тоа време, имало два рулети, и со 0 и со две нули, но тоа било променето од страна на германците Франсоа и Луј Блан во 1842 година.

Тогаш бил периодот кога рулетот навистина брзо започнал да се шири, и во Европа и во САД. Кога играта се забранила во Германија, Монте Карло било местотот со најголема активност во однос на рулет. Овде европската елита останала и развојот на рулет со 0 бил зацементиран тука, додека рулетот со две нули се ширел само во САД – особено во Лас Вегас. До средината на 1900-тите, Монте Карло и Лас Вегас имале иста функција: секој од нив бил центар на нивниот дел од светот, имено Соединетите Американски Држави и Европа, но во 1970-тите казината станале толку распространети од 2008 година играта станала достапна низ целиот свет – исто така и онлајн.

Која е целта во рулетот?

Треба да го погодете бројот каде што ќе застане топчето, но може и да се обложвате на боја, пониско или повисоко, сето тоа во зависно од ситуацијата. Битно е да знаете дека рулетот се состои од круг во кој се врти едно топче во него. Кога играте рулет, околу 6 до 8 играчи може да играат заедно со вас истовремено на иста маса. Таму е и дилерот, односно крупието кој го врти кругот и го контролира текот на играта.

Како се игра рулет?

Вие како играч одлучувате каде ќе го ставите својот влог. Можете да се обложувате на боја или на број. Обложувањето се одвива со помош на посебни жетони, односно чипови кои може да ги разменете за вистински пари или да ги купете од кај крупието.

За разлика од другите игри, рулетот не претставува натпревар помеѓу играчите, туку играчите се натпреваруваат со сопствените идеи и шанси.

Секој играч има чипови од однапред определена боја, а на тој начин нема забуни во играта. Сите влогови мора да бидат наместени во броевите, односно во означените рамки или можат да бидат во 2 или повеќе рамки, но тоа значи и повисок влог.

Кога ќе се постават облозите, крупието го врти кругот во еден правец, а топчето го фрла во обратниот правец. Обложувањето престанува кога крупието ќе каже дека не прима повеќе облози. Кога топчето ќе застане, играчите можат да ги видат своите резултати и крупието ги исплаќа добитните облози. Рулетот има 38 полина на кои можете да се обложувате без ограничување. Специјалистите тврдат дека има 11 типови на обложување, вклучувајќи црно – црвено, straight up, split bet итн.

Научете ги правилата на рулет во 30 секунди

Доколку не сакате да ја прочитате целата страна, можете да се подготвите за да играте рулет за помалку од една минута со овој чекор-по-чекор водич.

  1. Отворете го рулетот во омиленото казино
  2. Изберете го вашиот влог и полињата на кои сакате да се обложите. Можете да го изберете следново:
    • Бројка (добивка 35: 1)
    • Црвено / црно (добивка 1: 1)
    • Парен / непарен број (добивка 1: 1)
    • 1-18 и 19-36 (добивка 1: 1)
    • 1-12, 13-24 и 25-36 (добивка 2: 1)
    • Два или четири бројќи во група (добивка 17: 1 и 8: 1 соодветно)
  3. Свртете го тркалото.
  4. Во зависност од тоа каде ќе застане топчето, победувате или губите.
  5. Проверете ги вашите добивки
Kazino

Распоред на броевите на рулетот

Играта рулет е составена од табла, топче и круг. На точката се одвива исходот на играта, а сите облози се ставаат на таблата. Крупието го фрла топчето во спротивен правец од вртењето на кругот кога сите облози се поставени. Кога кругот ќе застане, топчето паѓа на некое место, а тогаш играта е готова и кој што поставил правилен облог ја добива својата исплата.

Исплатата зависи од веројатноста на исходот. На францускиот рулет постојат вкупно 37 полина, односно претставени се броевите од 1 до 36 и 0. Броевите од 1 до 10 се наизменично со црна или црвена боја.

За секој број поголем од 10, бојата е одредена од збирот на неговите цифри. На пример бројот 2 е црна боја, што значи дека броевите 11 и 20 се исто така црни, бидејќи збирот на 1 + 1 и 2 + 0 е бројот 2. Во секој случај, бројот на црвени и црни полина во играта еднаков. Поради тоа играта на црно – црвено е 50% шанса за добивка.

Како да се обложувате на рулет

Европското тркало за рулет е поделено на 37 полиња со броеви од 1-36 и 0, додека тркалото на американскиот рулет е поделено на 38 полиња со броеви од 1-36, 0 и 00. Една половина од броевите се црвени, а другата половина се црни – освен 0 и 00, кои се зелени. Ова се броевите и боите кои ја формираат основата на самата игра. Дополнително, тркалото е тоа каде што малото топче се врти од врвот па потоа паѓа и застанува на број и боја кога ќе се намали брзината. Во зависност каде ќе застане топчето, се одредува победникот. Ова е опис на класичниот рулет, кој исто така се нарекува европски. Постои уште една американска верзија на играта рулет, каде што разликата е што покрај броевите од 0-36 постои и таканаречена двојна нула “00” – прочитајте повеќе за американскиот рулет понатаму.

Внатрешни и надворешни облози

Кога ќе започнете, можете да одберете од разни можни облози што можете да ги направите пред дилерот да ја започне играта. Двата најважни концепти во играта се “внатрешни облози” и “надворешни”. “Внатрешни облози” значи да играте на еден број и добивате, при што ви се исплаќа влогот по 36 пати. Тука шансите за победа се мали, но добивката е одлична.

Помалку ризичен начин да се игра е да се направи “надворешен облог”. Овде можете да се обложите на повеќе броеви одеднаш врз основа на комбинациите на броеви кои се возможни. Може да има големи групи на броеви одеднаш (на пример, црни броеви или непарни броеви). Независно од тоа што ќе одберете, имате добивка од влогот по 2. Исто така, можете да играте на 12 бројки одеднаш, т.е. броевите од 1-12, 13-24, 25-36, 1ва колона, 2ра колона или 3та колона. Ако топчето застане на вашиот избор, имате добивка од влогот по 3.

Добивките во ‘надворешние облози’ е помала отколку во ‘внатрешните облози’, но севкупно, ‘надворешните облози’ се помалку ризични.

Игра на боја

Можете исто така да играте на која боја ќе застане топчето, црна или црвена. Половина од полињата се црвени, а другата половина се црни – покрај бројот 0, кој е зелен. Ако топката се наоѓа на црвен број, има добивка за оние кои играле на црвено, додека истото важи и за оние кои играле на црно, ако топката застане на црн број. Ако сте ја погодиле вистинската боја, имате добивка од влогот по 2.

Пример: Играте 10 евра дека следниот пат топчето ќе застане на црно поле. Топчето застанува на црно поле, и вие добивате 20 евра.

Игра на парен/непарен број

На рулет можете да играте и дали топчето ќе застане на парен или непарен број. Како и во играта на боја, добивката е влогот по два.

Игра во интервали

Исто така, можете да играте во кој интервал на броеви ќе застане топчето: 1-12, 13-24 или 25-36. Треба да се предвиди дали ќе застане на мала бројка, средна или голема бројка. Ако погодите, имате добивка од влогот по 3.

Пример: Играте 10 евра дека топчето ќе застане на број помеѓу 25 и 36. Топчето застанува на 34, а добивате 30 евра.

Игра на групи

Вие исто така може да играте на три различни групи на броеви кои немаат директна врска. Ова функционира на ист начин како обложувањето на интервали, но бројките кои ги избирате можат да бидат било накде на масата, не мора да се последователни.

Игра на бројка

Можете да се обложите на која бројка ќе застане топчето следниот пат. Ако го погодите ова, имате добивка од 36 пати по влогот. Можете исто така да играте на неколку последователни броеви одеднаш, со поставување на вашите чипови помеѓу два или четири броја. Ова ја зголемува можноста за победа, но имате добивка од влогот по 18 пати и влогот по 9 пати, соодветно.

Пример: Играте 10 евра на бројот 18. Топчето застанува на овој број и вие имате добивка од 360 евра.

0 и 00 имаат важност

Важна работа е да се напомене дека ако топчето застане на 0 или 00, казиното победува, односно ги зема сите влогови- освен ако не сте играле само на 0 или 00. Во европскиот рулет, има само 0, додека во Американскиот Рулет има и 0 и 00, па освен ако немате избор, се препорачува да играте европски рулет.

Најчести верзии на рулет

Рулетот денес се појавува во многу варијанти, тоа зависи од казиното, односно неговата понуда. Најчесто се сретнуваат две варијанти а воедно и тие се најпопуларни а тоа се:

  • Француски рулет
  • Американски рулет

Европски рулет (и француски)

Нема голема разлика помеѓу францускиот и европскиот рулет, бидејќи европскиот рулет е всушност врз основа на францускиот рулет. Францускиот рулет е верзијата од која потекнуваат сите рулети, од моментот кога започнале во Франција во 1700-тите. Исто така зборот “Рулет” е француски и значи “мало тркало”. Целта на рулетот е секогаш иста, имено, да се обидете да погодите на која бројка ќе застане топчето по вртењето на тркалото.

Францускиот рулет, како и европскиот рулет, има 37 бројки на тркалото, и 0, за разлика од американскиот рулет, каде што има 0 и 00 и, според тоа, поголеми шанси за губење. Единствените разлики помеѓу европскиот и францускиот рулет се распоредот и тоа што француската верзија е на француски! Исто така, францускиот рулет има и предност бидејќи постои правилото La partage (Предавање), што значи дека добивате половина од вашиот влог ако топчето застане на 0. Предноста на казиното потоа се намалува од 2,7% до 1,35%.

Нула во францускиот рулет

Кога ќе погледнете на таблата на францускиот рулет, не може да не го забележете малото поле со зелена боја кое е обележано со нула. Нулата во основа претсавува предност за казиното.

Ако топчето во францускиот рулет застани на нула, сите други облози освен поединечниот број автоматски се изгубени, а влоговите идат во казиното. За облог на поединечен број, постојат две различни можности кога исходот е на нула. Играчот го губи пола влог или цел влог. Ова значи дека влогот мора да остане таму каде што е ставен.

Американски рулет

Разликата меѓу европскиот и американскиот рулет треба да се проба и да се почувствува. Како што претходно беше споменато, во американскиот рулет има плус две нули (00) меѓу броевите, а во европскиот рулет само 0, така што шансата топчето да застане на 0 е поголема во американската верзија, а тоа не е добро затоа што доколку топчето застане на 0, казиното ја зема добивката. Потребна е малку повеќе храброст да се игра на ризичниот американски рулет, каде казиното има предност од 5,4%.

Нула и двојна нула во американскиот рулет

Во американскиот рулет постојат две полиња кои му носат предност на казиното – тоа се нула (0) и двојна нула (00), обете обележани со зелена боја. Додека европскиот и францускиот рулет имаат само едно вакво поле, двојната нула дополнително ја намалува веројатноста за добивка кај играчот.

Ако топчето застане на 0 или 00, сите облози што не се директно поставени на тие броеви се губат. Тоа значи дека сите облози на боја, парен/непарен или интервали – автоматски пропаѓаат. Единствената шанса да освоите е ако сте се обложиле директно на 0 или на 00.

Затоа американскиот рулет се смета за поризичен – предноста на казиното е двојно зголемена, споредено со европската верзија. Ако имате избор, секогаш е подобро да играте на рулет со само една нула.

Стратегии за рулет

Со обзир на математичката комплексност, рулетот од секогаш ги привлекувал математичарите и аналитичарите. Постојано за рулет се бараат стратегии кои гарантираат 100% успех. До сега уште никој не успеал, но многу имаат стасано многу блиску. Иако нема гаранција за 100% успех, сепак некои стратегии за рулет се повеќе профитабилни од други.

Постојат различни теории за тоа како да победите преку играње со одредена стратегија. Најпознат е системот Мартингејл. На кратко, системот ги зголемува шансите за голема добивка со удвојување на влогот секој пат кога ќе изгубите. Во теорија, треба да бидете сигурни дека секогаш ќе го вратите првичниот влог плус профит. Формулата Мартингејл тврди, врз основа на пресметката на веројатност, дека веројатноста за победа се зголемува за одреден број круга и дека после многу загуби ќе победите и со тоа ќе ги вратите загубите назад. Повеќето корисници на оваа стратегија ќе ве советуваат да бидете трпеливи и да продолжите да ги удвојувате вашите влогови дури и по многу загуби, бидејќи формулата покажува дека на крајот ќе успеете да ги вратите загубите назад, плус профит.

Пример: Играте 10 евра на црвено, но губите. Сега вложувате 20 евра, но повторно губите. Третиот пат ќе вложите 40 евра. Ако тогаш победите, имате добивка од 40 евра, кои ја покриваат претходната загуба од 30 евра плус 10 евра профит.

Иако Мартингејл системот е најпопуларна стратегија за рулет, постојат и други, како Parlay System, Labouchere систем, D’alambert систем и Фибоначи систем.

Оваа стратегија е добра во рулет

Не постои директен пат за добивка во рулет, гледано долгорочно, но со играње на одредена боја или друг исход со 50/50 шанса, можете да го дуплирате влогот секогаш кога ќе изгубите. Ова може да помогне да се систематизира играта и можеби да се зголемат шансите за победа. Сепак, треба да бидете свесни дека тоа не е гаранција за профит, туку дека исто така може да загубите пари. Тоа е само начин да се направи систем на игра и да се следи стратегија. Ако играте само за забава, следете го вашиот инстинкт.

Оваа стратегија е лоша во рулет

Не дозволувајте да избрзувате, бидејќи мислите “овој пат нема да погрешам”. Ако сте немале среќа со црна и црвена боја – и сè уште сакате да играте – поставете помал влог на индивидуални бројки или најдете некоја маса за играње.

рулет

Можете ли да мамите и да ги заобиколите правилата?

Многумина го сметаат системот Мартингејл како начин да измамат до победа, дури и ако тоа всушност е само математички метод кој дава многу мала веројатност за победа. Теоријата е само теорија, а математичките системи бараат да имате неограничено богатство и дека казиното нема таваница, ако тие се “остварат”. Повеќето играчи со здрав разум во рамките на индустријата смеаат дека е невозможно да се мами на рулет – и, во принцип, не можете да манипулирате, барем не со шансите. Меѓутоа, може да експериментирате со различни стратегии за забава, се додека сте задоволни од влоговите.

Во рамките на класичното “мамење” во рулет, низ годините се направени разни обиди за пресметување каде ќе застане тркалото. Имало такви кои измислиле инструменти кои би можеле да манипулираат со тркалото, но тие биле откриени, како и познатиот обид да се мами на слот-машините. Сè уште не постои начин на мамење, кој нема да биде откриен од казиното прилично брзо.

онлајн рулетот

Рулет во живо

Додека NetEnt казината нудат неколку варијанти на рулет, се појави сосема нов начин на коцкање. Овој нов начин е многу популарен и го нудат онлајн казината, а тоа е – рулет во живо.

На крајот од 2012 година NetEnt ги воведе во казино игрите во живо и тоа на почетокот со RNG игри. Денес многу популарни игри како рулет и блекџек може да се играат со дилери во живо. Тоа скоро да е потполно исто како да играте во традиционално казино, но со карактеристиките и предностите на онлајн казината. Програмерите на овој софтвер го направија да биде одличен, па така нема да ви треба многу јак компјутер за да ја играте 3D играта или казино во живо. Овие игри не бараат скапи графички карти затоа што се сместени на сервери.

Како се игра рулет во живо

Рулетот во живо се игра исто како и во традиционалните казина, но го нуди комфорот на вашиот дом. Играта е потполно иста, тоа  значи дека ставате чипови на броевите кои сакате или на комбинациите. Откако дилерот ќе го заврти рулет тркалото, се покажува која бројка е избрана. Доколку е вклучена во вашата опклада тогаш вие остварувате добивка.

Ставање на влог во живо

Исплатата на Рулет во живо теоретски поминала одлично во 97.30% од случаите. При вложување исто така не би требало да имате поголеми потешкотии, затоа што е слично како и традиционалниот рулет. После поставување на влоговите дилерот ги затвора и се чека уште исходот на топчето. По завршувањето и делењето на добивките се чекаат новите влогови односно започнува новата рунда. Во новата рунда постапката е иста и така оди последователно. Како што напоменавме има многу мала латенција и со тоа нема по сериозни каснења и нелагодности. Кога станува за прецизноста и слично нема да имате никакви потешкотии.

Дилер во живо

Кога играте Рулет во живо ќе ви биде претставен дилер во живо и може да бирате кај кого ќе играте. Играњето се одвива во реално време, не се работи за снимка и слично. Имате опција и чет во живо преку кој може да го констактирате дилерот. Исто така може да бидете неколку играчи кај ист дилер. Однесувањето кон дилерот и слично исто така е наведено во правилата на онлајн казиното и добро е да се запознаете со нив.

Завршни совети, трикови и методи за играње

Ако сте спремни да играте рулет по читањето на овој напис, ви нудиме неколку совети и методи за рулет.

  • Откријте дали сакате да освоите многу, на помал број пати или помали суми, но почесто
  • Иако не постои гаранција за добивка, обидете се со интернет системите или со сопствените методи
  • Најдете казино кое нуди игра со вистински дилер преку веб камера – тоа дава уште подобро искуство
  • Стомачната сензација обично е најдобриот начин за забава на рулет