• Игри
  • Бонус и промоции
  • Уплата и исплата
  • Дизајн
  • Корисничка поддршка
  • Казино во живо
4.7

Резиме

BC Game е модерно онлајн крипто казино кое нуди широк спектар на игри, уплата и исплата со крипто валути. BC Game нуди разни бонуси, вклучувајќи генерален бонус и ВИП бонуси, како и уникатни предизвици и наградни игри.

Pros

  • Уплата и исплата со крипто валути
  • Модерен вебсајт
  • Квалитетна корисничка поддршка

Cons

  • Нема можност за уплата и исплата со други методи
  • Недостаток на балкански јазици

BC Game е платформа која e составена од крипто казино и крипто обложувалница, а позната е по својата понуда за депозит со различни криптовалути.

Платформата е регистрирана на Кипар со регистрациски број HE416055 и има добиено лиценца од официјална комисија за обложување со број OGL/2023/118/0060, издадена на 22 февруари 2024 година.

Овие информации покажуваат дека BC Game е ново крипто онлајн казино на пазарот.

Вебсајт на BC Game крипто казино

Првиот впечаток од веб сајтот на ова онлајн крипто казино е позитивен, благодарение на модерениот и елегантен дизајн со темна тема. Левиот дел на екранот има навигациско мени кое ги содржи различните категории. На врвот се наоѓа банер кој ги поканува посетителите да се регистрираат и да го искористат бонусот за добредојде.

Во централниот дел од страницата е поставен слајдер што ги промовира интересните казино игри. Под слајдерот, повторно се претставени категориите кои BC Game ги нуди, но во визуелна форма.

Подолу на страницата, може да се видат различни категории на слот игри кои се поделени како Hot Games, BC Originals, Feature Buy-in, Live Casino итн.

Во горниот десен агол, посетителите можат да најдат копчиња за регистрација и најава, како и функција за Live Chat која овозможува комуникација меѓу членовите.

Почетна страна
Почетна страна на BC Game казино

Навигација и јазици

Навигацијата на веб-страницата на BC Game е едноставна и кориснички ориентирана, како што е претходно опишано. Сајтот функционира без проблеми и е многу лесен за користење, што го прави искуството на корисниците пријатно.

Кога станува збор за јазичната поддршка, платформата нуди голем број јазици, особено од азиските земји. Најзначајно е тоа што сајтот е достапен на англиски, германски, шпански, полски, италијански и португалски јазик, што го олеснува пристапот за голем број корисници.

Еден недостаток е отсуството на балкански јазици, но се надеваме дека во иднина ќе биде надграден системот за да вклучи и таква јазична поддршка.

Избор на игри во BC Game crypto казино

Важно е едно онлајн казино да понуди разновидност на игри за да ги задоволи различните вкусови и интереси на своите играчи. Разновидноста на игрите овозможува секој корисник да најде нешто што му одговара, без разлика дали е љубител на слот игри, игри на маса како што се рулет, блекџек и покер, или пак ужива во игрите со вистински дилери.

BC Game онлајн crypto казино, како што претходно споменавме, нуди голем избор на слот игри, кои се омилени на многу играчи поради нивната едноставност и забавен карактер. За оние кои сакаат поголема стратегија и предизвик, тука се игрите на маса кои нудат можност за огромни добивки.

Дополнително, казиното во живо на BC Game е особено атрактивно за играчите кои бараат автентично искуство, блискo до вистинско казино, со вистински дилери и интеракција во реално време. Оваа опција додава дополнителна димензија на играта и го прави искуството уште поинтересно и повозбудливо.

BC Game казино игри
Избор на игри во BC Game казино

Слот игри во BC Game crypto казино

Во BC Game онлајн казиното ќе најдете понуда од повеќе од 1000 слот игри. Тие се подредени на интересен начин, па освен во Search барот можете да ги наредете по азбучен ред или пак по провајдер кој е достапен во ова казино.

Исто така тие се поделени по категорија на популарни и нови казино игри.

За љубителите на бонус функциите има посебна категорија на Feature Buy-in, па на тој начин вие пред време може да си купите бонус и да уживате во можноста за големи награди.

Казино во живо

Казиното во живо е една од најпопуларните и најиновативните опции во светот на онлајн коцкањето. Оваа форма на игра овозможува играчите да имаат автентично казино искуство од удобноста на својот дом, комбинирајќи ја погодноста на онлајн играњето со реалистичната атмосфера на физичко казино.

Конкретно за BC Game крипто казиното во живо е со доста голема богата понуда од преку 60 игри. Има игри на маса од различни казино игри како руски покер, бакарат, класичен покер, блекџек итн. Со еден збор овој дел може да го оцениме како доста задоволителен.

Игри на маса

BC Game има мошне богата понуда на игри на маса за љубителите на класични казина. Достапни се популарните игри како Европски Рулет, Амерички Блекџек, Бакарат Делукс, како и Texas Hold’em Poker. Сите овие игри се достапни во различни формати, лесно прилагодливи на вашиот стил на игра.

Софтвер

Софтверот во превод значи онлајн казиното со кои производители има склучено договор за соработка, поточно од кои производители се достапни казино игрите.

Бројката е доста солидна и BC Game може да се пофали со соработка на доста големи софтверски провајдери.

Тука можете да најдете игри од следните софтверски провајдери: Habanero, Swintt, Skywind Group, Nolimit City, Popiplay, VIVO Gaming, Asia Gaming, SmartSoft Gaming, Amusnet (EGT Interactive), Red Tiger Gaming, Spinmatic Entertainment, Tom Horn Gaming, Games Global, Spade Gaming, GameArt, Evoplay, 1x2Games, BGaming, Hacksaw Gaming, Playson, Amigotechs, NetEnt, Iron Dog Studios, Fantasma Games, Mascot Gaming, Booming Games, OneTouch Games, Thunderkick, Evolution Gaming, High5Games, Elk Studios, Red Rake Gaming, Big Time Gaming, Belatra, Quickspin, Pragmatic Play, Playtech, Caleta Gaming, Merkur Gaming, Relax Gaming, Arrow’s Edge, 7Mojos, Blueprint Gaming, Spinomenal, Platipus Gaming, Avatar UX, SA Gaming, Wazdan, Play’n GO, Betsoft, 1spin4win, Endorphina, Push Gaming, 3 Oaks Gaming, Gamomat, Jili Games.

Бонуси и промоции во BC Game крипто казино

Казино бонусите се понуди што онлајн казината ги нудат на нови и постојани играчи со цел да ги привлечат и задржат. Овие бонуси можат да вклучуваат бесплатни вртења, бонуси на депозит, или пакети со повеќе промоции. Секој бонус има свои услови и барања, како што се минимален депозит, обрт или рок на употреба.

BC Game бонус за добредојде

BC Game крипто казино нуди бонус за добредојде на играчите што ќе направат 4 последователни депозити. Услов за остварување на правото на бонусот е депозитот да биде минимум 10 долари. За секој од депозитите има поголем процент на бонус и повисок лимит, што им овозможува на играчите да извадат максимум од она што го нуди казиното.

  • Прв депозит. Играчот добива 180% бонус или 300% доколку депозитот се направи во рок од 7 минути од регистрацијата. Максималниот бонус што може да се оствари изнесува 20.000 долари или еквивалентно на валутата што се користи.
  • Втор депозит. На вториот депозит процентот се зголемува на 240% од депозитот, а максимален бонус што може да се оствари е 40.000 долари или еквивалентно на валутата што се користи
  • Трет депозит. Играчите можат да добијат 300% бонус, максимум до 60.000 долари или еквивалентно на валутата што се користи.
  • Четврт депозит. Бонусот достигнува 360% со максимален износ од 100.000 долари или еквивалентно на валутата што се користи.
BC Game бонус за добредојде
Бонус за добредојде во BC Games

Генерален бонус

Оваа категорија вклучува учество во различни предизвици, и завртување на тркалото на среќата. „Генерален бонус“ е дизајниран за сите нови и постојани играчи и вклучува различни „челинџи“ кои можат да донесат заработка.

  • Quest Hub: Овој предизвик е поделен на два дела, дневни и неделни награди. Тие обично се едноставни задачи кои можете да ги завршите играјќи Plinko, бакара или рулет.
  • Lucky Spin – среќно тркало: Овде имате можност да го завртите тркалото на среќата. Наградите се поголеми колку повисоко ниво имате.
  • Roll Competition: Оваа промоција е наменета за поискусни играчи, односно за оние кои достигнале барем до VIP 3 ниво.
  • BCD Rakeback: Оваа промоција е вид на кешбек. Што повеќе играте, толку поголем кешбек ќе добиете. За да ја активирате, треба да направите обрт од 2259 евра.

ВИП бонус

ВИП бонусот е програма што нуди предности на играчите со поголемо ниво. Колку повисок ниво достигнете, толку повеќе можности за поврат на средства на недела и месечна основа ќе имате.

Уплата на средства во BC Game крипто казино

Кога станува збор за уплата на средства во BC Game, важно е да се нагласи дека платформата е специјализирана само за крипто валути. За разлика од некои други онлајн казина, овде не се прифаќаат традиционални методи како кредитни и дебитни картички, електронски новчаници или вредносни ваучери. Доколку сакате да направите депозит, ќе треба да го направите тоа преку крипто валути како BTC, Matic, ETH, USDT, USDC и други слични опции.

Исплата на средства во BC Game крипто казино

Слично на уплатата, исплатата на средства од BC Game е исто така ограничена на крипто валути. Исплатата може да се изврши преку различни видови криптовалути, но треба да имате предвид дека секоја исплата вклучува провизија.

На пример, ако користите TRX (Tron) за исплата, вашето салдо треба да биде најмалку 201 TRX. Провизијата за трансакцијата изнесува 1 TRX, што значи дека за исплата од 201 TRX, ќе добиете 200 TRX на вашата сметка. Иако провизијата не е голема, треба да се земе предвид при планирањето на вашите исплати.

Корисничка поддршка во BC Game казино

Доколку се соочите со проблеми на сајтот на BC Game, не треба да се грижите, бидејќи постои достапна корисничка поддршка која е подготвена да помогне. На ваше располагање е Live Chat функцијата, која ви овозможува да разговарате со поддршката во реално време директно преку сајтот.

Не треба да се сомневате во стручноста на тимот за поддршка, бидејќи тие имаат директни овластувања да го решат вашиот проблем без да ве упатуваат на други тимови, што го минимизира времето кое им е потребно.

Мобилно обложување

Да се има квалитетен сајт за мобилни уреди е од суштинско значење за онлајн казината, бидејќи тоа значително го подобрува искуството на корисниците. За среќа, овде имаме ултра квалитетен сајт кој е компатибилен со сите мобилни оперативни системи. Сè што ви е потребно е мобилен уред и интернет конекција. Тој функционира брзо и беспрекорно, а се достапни истите функции како и на десктоп верзијата.

BC Game казино мобилна верзија
BC Game казино – мобилна верзија

Како да се регистрирате на BC.Game крипто казино?

Регистрацијата на BC Game казино е брза и едноставна, и нема да ви одземе повеќе од неколку секунди. Бидејќи ова е крипто казино, профилот ќе остане анонимен. Постојат опции за регистрација со емаил и лозинка и преку мобилен телефон и лозинка.

Алтернативно на ови начини, постои и регистрација со еден клик преку вашиот профил на една од следниве позати платформи: Google, Telegram, Metamask, Wallet Connect, WhatsApp, Line или Steam.

Заклучок

BC Game онлајн крипто казино нуди модерно искуство за љубителите на криптовалути и казино игри. Со својата уникатна понуда на игри, вклучувајќи слотови, игри на маса и казино во живо, ова казино успева да задоволи различни интереси на корисниците. Оптимизацијата на сајтот за мобилни уреди овозможува беспрекорно искуство.

Во поглед на бонусите, BC Game онлајн крипто казино нуди широк спектар на промоции, вклучувајќи генерален бонус, ВИП бонус и различни награди. Уплатата и исплатата на средства се ограничени на криптовалути, што може да биде важно за потенцијалните корисници доколку тие не се спремни да ги користат крипто средствата за тоа.

Корисничката поддршка е на високо ниво, со достапност на Live Chat функцијата што овозможува брзо и ефективно решавање на проблеми.

Конкретно, BC Game е одличен избор за оние кои бараат иновација, комфор и сигурност.