Што е кено? – Кено е игра на среќа во која се извлекуваат 20 броеви од можни 80. Извлекувањето се повторува во зависност од казиното. Можи последователно да започнува ново извлекување или пак да има пауза измеѓу извлекувањата.

Кај оваа игра на среќа може да изиграте 10 различни врсти. Од Кено игри 1 или 2, па се до Кено играта 10. Која игра ја играте зависи од тоа колку броеви погаѓате. Ако ја играте Кено играта со број 1, вие гаѓате 1 број. Па така ако ја играте Кено играта 10, погаѓате 10 броеви.

Онлајн кено во онлајн казино

Во Кеното има многу различни начини на добивки. Добитни сте т.е ви се враќа влогот во игрите 6,7,8,9 и 10 ако не погодите ниту еден број.

Влог и добивка кај Кено

Минималниот влог зависи од тоа која игра ја играте, и од казиното во кое играте. За Кено игрите 9 и 10 може да играте со многу малку додека пак влогот мора да нешто повисок кај Кено играта 1. Можната добивка е позната однаред. Се утврдуа со множење на влогот по комбинацијата и коефициентот на погодокот.

KINGDOM Кено

Пример: Ако погаѓате 10 броеви од извлечени 20, тогаш ја играте играта Кено 10. Ако вложите 100 денари може да освоите една од следните добивки:

  • За 10 погодени броеви: 100 х 100,000 (10,000,000) денари
  • За 9 погодени броеви: 100 х 10,000 ( 1,000,000) денари
  • За 8 погодени броеви: 100 х 500 ( 50,000) денари
  • За 7 погодени броеви 100 х 20 (2,000) денари

Една одиграна комбинација значи само една добивка. Затоа што добивката од повисоко ниво ја исклучува добивката од пониско ниво.

Како да играте Кено?

Треба да составите тикет, тој може да биде и онлајн. Секое потполнато поле претставува една игра. На истото ливче може да се одиграат едноставни и системски игри.

Едноставна игра – на тикетот треба да се означат:

  1. броевите кои ги играте (најмалку 1, а најмногу 10)
  2. бројот на Кено игра (исто така најмалку 1, а најмногу 10)
  3. влогот за комбинацијата

Системска игра – тука треба да го изберете и системот кои сакате да го играте:

  1. броевите кои ќе ги играте (најмалку 2 до најмногу 12)
  2. Кено игра – која е најмалку за еден број помала од бројот на броеви
  3. влог за комбинацијата

Сите комбинации означени на еден тикет може да се изиграат еднократно или со претплата, од две до 7 извлекувања. За играње со претплата мора да назначите на тикетот.

Кено тикети

Потполнатиот тикет предадете го на администраторот или доколку играте онлајн притиснете само уплати. А доколку сте „куси“ со време може да одберите некоја од готовите комбинации, кои се рандом избрани.

Како да се дознаат резултатите?

Како што напоменавме резултатот е достапен одма после извлекувањето, и вие може да си ја подигнете добивката. Исплатата најчесто се врши одма, на некои многу големи добивки можеби ќе треба да почекате да се процесира.

Зошто да ја изберете оваа игра?

Најчесто играчите избираат Кено поради неколку причини тоа се:

  • Кеното на некој начин претставува предизвик
  • Коефициентите се одлични, а со тоа и висината на добивките
  • Играта, влогот и броевите ги бирате сами
  • За поголем влог, автоматски следува поголема добивка
  • Добивката ја знаете пред време, не се дели и не се подигнува следниот ден
  • Остварувате добивка дури и кога нема да погодите ни еден број

Веројатност на добивка

Освојувањето на главната добивка во оваа игра на среќа е погодени 10 броеви. Веројатноста е 1:8,911,711 изгледа премногу мала НО! Оставувањето на некоја од можните 7 добивки во која се погаѓаат 10 броеви е многу поголема. Таа изнесува 1 према 9.  Шансите за еден погоден број ви се 1 према 4, што и не е така лошо.

Правила за оваа игра на среќа

Правилата за Кено се слични но сепак има разлики од казино до казино. Кај онлајн казината претежно се потполно исти, освен што има наведено неколку правила за интернет исплата. Да се запознаете со нив може на сајтот од казиното. Во FAQ документот се детално наведени, и мора да се придржувате до нив. Оваа игра е многу едноставна и лесна за играње. Се работи за чиста среќа, но сепак со добар систем шансите се повеќекратно зголемени.

Машини дизајнирани за Кено

Во некои казина можно е да играте на специјано дизајнирани машини за Кено. На тие машини играчите чекаат да заврши тековната игра и слободно може одма да започнат нова. Со ваквите машини се избегнува потребата од Кено тикет затоа што тие работат на принцип исто како и онлајн кеното. Броевите на кои ќе играте и играта ги избирате на екранот. Кога Кеното е во ваков формат познато е под името „инстант игра“.