Џек пот претставува голема награда која се доделува случајно или на највисоката добивка. Обично се доделува на слот машините или на видео покер.

Вредноста т.е висината на Џек потот се зголемува, таа е инкрементирачка. Зголемувањето на Џек пот вредноста е се до оној момент кога некој ќе го освои.

Кај слот машините, случај е повеќе машини да бидат поврзани заедно и да градат еден огромен прогресивен Џек пот. Исто така тука се вклучени повеќе играчи во освојувањето на оваа награда која е многу висока.

Џек пот на слот

Џек потите не се наоѓаат само на виртуелните казино игри и слотови. Може да ги сретнете и во ТВ шоу. Како на пример на ББС шоуто со име „Pointless“ доделува наков вид награда.

Прогресивен Џек пот

Тоа е Џек пот (коцкарска награда или исплата) кој се зголемува со секоја изигра игра, доколку не е освоен. Кога ќе биде освоен тогаш за следната игра тој се ресетира на основната вредност. Зголемувањето после ресетирање се одвива нормално како и претходниот пат.

За многу слот машини и видео покер карактеристика е прогресивниот Џек пот. Тој се зголемува со секое играње. Па така групно поврзаните машини прават Џек потот да расте многу брзо и да стигне до енормни цифри.

Мерење на прогресивниот Џек пот

Како што спомнавме во оваа статија прогресивниот Џек пот се зголемува со секоја игра на секоја поврзана слот машина. Зголемувањето и висината на истиот зависи од казиното или уште познато и како „од куќата“. Машините обично ја покажуваат висината на Џек потот. Како и кој го освоил откако ќе биде освоен. Исто така ја покажуваат и ресетираната вредност, откако некој ќе го освои.

Мерењето односно прикажувањето на Џек потот вообичаено е на големи LCD телевизори. И големите вредности ги мотивира многу играчи да играат.

Кој сѐ е квалификуван за добивка

Квалификацијата варира, обично се нуди на играчите кои играат на максимум број кредити по игра. Но за висината на Џек потот придонесуваат сите играња, без разлика дали се минимум или максимум. Доколку се квалификувате за Џек пот тогаш може да го освоите со највисоката добивка или пак со 5 знаци на слот машина. Но сепак тоа зависи од казиното  и на кој начин е спроведен.

Точка на „пауза“

Во некои игри како што е Блекџек или видео покер можно е да се пресмета оптимална стратегија за просечни вложувања. Поради тоа што во Џек потот имаат удел повеќе играчи може да се игра на „позитивно коцкање“. Џек потот има две граници а тоа горна точка на пауза и долен раб. Тие граници зависат од просечното вртење на играчот(RTP). Па така RTP никоша не надминува 100%.

Па така на тој начин може да се „брка“ точката на пауза, каде праќа Џек потот. За тоа ви треба оптимална стратегија, како  и висока банка за да може да ги покриете сите претходни губитоци.

Оваа точка не може  лесно да се пресмета на слот машините. Тоа е така бидејќи повратот на средства е непознат за играчот. Кај покерот може да се прсмета поради познатите коефициенти и покерски раце. Поради тоа што се доделува на слот машини со 5 ролни, а има и непознати многу тешко може да се предвиди оваа точка на добивка.

Исто така на многу казина може да играте во различни валути. Добро е да знаете дека Џек потот се исплаќа во валутата определена од казиното. Важно е да играте во валутата во која е Џек потот. Причина за тоа е размерот е 1/1/1 па така доколку играте во друга валута од таа на Џек потот ќе треба поголем влог да направите. Тоа е така поради конверзијата од една во друга валута.

Игра со предност

Има играчи кои играат само за освојување на прогресивниот Џек пот. Но, казиното се уште прави профит, од оние кои претходно не го освоиле. Па така со одлична стратегија и проценка може да се вклучите во трката за Џек пот во вистинско време. И на тој начин со мали вложувања да дојдете до премијата.

Некои играчи кои играат само за Џек пот дури организираат и тимови. Но добра работа е што некои казина во политиката на работа не го дозволуваат „тимското играње“. Поради тоа што не е фер спрема останатите играчи. Важно е сите да имаат подеднаква шанса за освојување на овој Џек Пот.

Останати игри во кои може да освоите Џек пот

Поради причината што најчесто се нуди за слот машини и видео покер, не значи дека не може да има и за други игри. Прогресивни Џек поти или или нормални, се нудат и во други игри. Некои такви игри во кои се нудат се:

  • Рулет
  • Карибски покер
  • Блекџек
  • Слот апарати
  • Лотарија
  • Кено
  • Видео покер

Па на вас останува да оизберете која игра сакате да ја играте. Доколку одлучите да бркате некој од Џек потите, тогаш спремете ја вашата стратегија. Таа е единствено нешто што ќе ве однесе до енормните милионски цифри. И секако со малку среќа, добивката може да биде ваша.