Slotrave
  • Игри
  • Бонуси и промоции
  • Уплата и исплата
  • Мобилна верзија
  • Корисничка поддршка
4.5
Sending
User Review
0 (0 votes)

Slotrave е онлајн казино со голем избор на казино игри, а на истиот сајт се достапни и спортско обложување и обложување во живо. Главниот дел од понудата сепак е насочен кон казино играчите, со посебни категории за слотови, игри во живо, брзи игри, Megaways и Hold & Win наслови.

Покрај игрите, Slotrave има бонуси и промоции, турнири, VIP програма и систем со мисии и награди. За новите играчи има и пакет за добредојде кој се активира преку првите депозити.

Во оваа Slotrave рецензија ќе ги разгледаме казино игрите, провајдерите, бонусите, начините за депозит и исплата, мобилната верзија и корисничката поддршка, како и условите што треба да се проверат пред регистрација.

Дизајн и навигација

Slotrave има модерен казино дизајн во темно виолетови нијанси, со мени поставено на левата страна од екранот. Иако на почетната страница има доста содржина, категориите се добро одделени и лесно се стигнува до игрите, промоциите и останатите делови од сајтот.

Казино игрите се поделени во категории како Popular, New, Slots, Fast Games, Megaways и Hold & Win, а има и посебен дел за игрите со дилери во живо. Достапно е и пребарување по име на игра или провајдер, што е корисно со оглед на големиот број наслови.

Од главното мени директно се отвораат и спортското обложување, промоциите, турнирите, VIP програмата и корисничката поддршка. Регистрацијата е лесно забележлива во горниот дел од страницата, додека најважните опции за казино играчите се достапни без непотребно пребарување низ повеќе менија.

Казино игри

Slotrave има голем избор на казино игри, а каталогот е поделен на повеќе категории за полесно снаоѓање. Покрај стандардните слотови и игрите со дилери во живо, има посебни секции за Bonus Buy, Megaways, Hold & Win, Jackpot и Fast Games. Игрите може да се филтрираат и според провајдер, а достапно е и пребарување по име.

Слот игри

Во Slotrave има сл за различен тип на игра, од поедноставни класични наслови до понови игри со Bonus Buy, Megaways и Hold & Win механики. Каталогот има и дополнителни филтри како New, Popular, Jackpot, Hot и Cold, што го олеснува пребарувањето кога не се бара конкретна игра.

Меѓу достапните наслови се Coin Blitz 2, Pink Clovers XXXL Hold and Win, Zeus Legacy, Wolf Gone Wild Hold and Win, Rip City, Mega Volcano, Coin Strike 2, Elite Coin и Striking Diamond 3. За играчите кои не сакаат да пребаруваат низ целиот каталог, има и категории со популарни и нови слот игри.

Игри во живо

Slotrave има одделен дел за казино во живо, каде игрите се одвиваат со вистински дилери. Понудата е поделена на рулет, блекџек, бакара, покер и game shows, па лесно може да се избере конкретен тип на игра.

Во овој дел се среќаваат наслови како Gravity Blackjack, Crazy Time, Bac Bo, Crazy Coin Flip, Football Studio, Monopoly Big Baller, Wonder Wheel и Aurora Blackjack Taurus. Значаен дел од игрите доаѓаат од Evolution, а присутни се и други студија за live casino игри.

Игри на маса

За љубителите на класичните казино игри има избор на рулет, блекџек, бакара и покер. Овие игри се достапни преку посебни категории, што е попрактично отколку да се бараат меѓу слот игрите.

Изборот вклучува повеќе варијанти на истите игри, особено кај блекџекот и рулетот. Дел од нив се играат со дилер во живо, па играчите кои претпочитаат класично казино искуство имаат солиден избор без да мора да се задржат само на слотовите.

Казино бонуси

Slotrave има повеќе промоции за нови и постојни играчи, а главната понуда за нови корисници е бонус пакетот за добредојде. Наместо целиот бонус да се добие со првата уплата, пакетот е поделен на првите четири депозити, при што процентот и максималниот износ се различни за секој депозит.

Slotrave бонус за добредојде

Бонусот за добредојде во Slotrave достигнува вкупно 450% до 2.500 евра, до 150 бесплатни спинови и една бонус игра.

ДепозитБонус
Прв депозит100% до €500 + 100 бесплатни спинови + 1 бонус игра
Втор депозит200% до €500
Трет депозит50% до €500 + 50 бесплатни спинови
Четврти депозит100% до €1.000

За првиот депозит минималната уплата за паричниот бонус е 10 евра. Сепак, за да се добијат и бесплатните спинови и бонус играта потребен е депозит од најмалку 20 евра. Првите 10 спинови се додаваат веднаш, а останатите 90 се доделуваат по 10 дневно во следните девет дена. Бонус играта е достапна во Big Bass Vegas Double Down Deluxe.

Вториот депозит носи 200% до 500 евра, со минимална уплата од 10 евра. На третиот депозит следуваат 50% до 500 евра и 50 бесплатни спинови. И тука се потребни најмалку 20 евра за спиновите – 10 се добиваат веднаш, а останатите се распределуваат по 10 дневно.

Последниот дел од пакетот се активира со четвртиот депозит и носи 100% до 1.000 евра, со минимален депозит од 10 евра.

Кај сите четири депозитни бонуси важи 40x услов за обложување на паричниот бонус, а кај првиот и третиот депозит истиот 40x услов важи и за добивките од бесплатните спинови. Затоа, пред активирање вреди да се проверат и општите услови за бонусите, особено кои игри учествуваат во обложувањето и колку придонесуваат кон исполнување на условот.

Други промоции

Покрај пакетот за добредојде, Slotrave има и дополнителни бонуси кои се активираат во одредени денови или со користење на мобилната апликација и известувањата.

Friday Night Out е бонус достапен само во петок. Со депозит од најмалку 10 евра се добива 50% бонус до 50 евра, додека за целата понуда со 50 бесплатни спинови потребна е уплата од најмалку 20 евра. Спиновите се делат во два дела – 25 се добиваат веднаш, а уште 25 следниот ден. Бонусот и добивките од бесплатните спинови имаат 40x услов за обложување.

Уште 10 бесплатни спинови без депозит може да се добијат со инсталирање на Slotrave апликацијата. Бонусот се доделува еднаш, а спиновите стануваат достапни до еден час по најавувањето во апликацијата. Добивките имаат 40x услов за обложување и бонусот треба да се изврти во рок од седум дена.

Слична понуда има и за играчите кои ќе ги активираат push известувањата. Со претплата се добиваат 10 бесплатни спинови без депозит, кои се додаваат до еден час по активирањето. И тука добивките треба да се извртуваат 40 пати, а рокот за исполнување на условот е седум дена. На iPhone, прво треба да биде инсталирана апликацијата за да може да се користат push известувањата.

Регистрација

Регистрацијата во Slotrave е кратка и не бара пополнување на долга форма. За отворање сметка потребно е:

  1. Да се избере Join now во горниот дел од сајтот.
  2. Да се одбере бонусот за добредојде или опцијата за регистрација без бонус.
  3. Да се проверат државата и валутата – за играчи од Македонија достапен е и денар (MKD).
  4. Да се внесат е-пошта и лозинка.
  5. Доколку има промо код, може да се внесе преку полето I have promo code.
  6. Да се прифатат условите за користење и да се заврши регистрацијата.

Уште при отворањето на сметката може да се избере Slotrave бонусот за добредојде од 450% до 2.500 евра, 150 бесплатни спинови и бонус игра. Играчите кои не сакаат веднаш да активираат бонус може да ја изберат опцијата No Bonus – Choose Later.

Депозити и исплати

Slotrave поддржува повеќе начини за уплата и повлекување средства, вклучувајќи банкарски картички, електронски паричници и криптовалути. За играчите од Македонија сметката може да се отвори во македонски денари (MKD), па износите во делот за плаќање се прикажуваат директно во денари.

За депозит со Visa или Mastercard минималната уплата е 650 денари. Достапни се и Skrill, Neteller, MiFinity и Jeton, исто така со минимален депозит од 650 денари.

Изборот е значително поголем кај криптовалутите. Може да се користат Bitcoin, Ethereum, USDT, USDC, Litecoin, XRP, BNB, Solana, Cardano, Polkadot, Chainlink, Dogecoin и други криптовалути. Минималниот депозит зависи од избраната валута и започнува од 310 денари кај дел од опциите.

Кај исплатите изборот е малку поограничен. Достапна е Visa, како и електронските паричници Skrill, Neteller и MiFinity, а може да се повлечат средства и преку поддржаните криптовалути. Jeton, кој е достапен за депозит, не се појавува меѓу прикажаните опции за исплата.

Корисничка поддршка

За контакт со корисничката поддршка, Slotrave има чат во живо, е-пошта и контакт форма. Чатот е достапен директно преку сајтот, а пред почеток на разговорот се внесуваат име и е-пошта.

За прашања преку е-пошта може да се пишува на [email protected], додека за поплаки има посебна адреса [email protected]. Контакт формата овозможува и избор на тема, како депозит и исплата, општи прашања, игри и игри во живо. Според информациите на страницата, одговор на барањата испратени преку формата се добива во рок од 24 часа.

Заклучок

Slotrave е онлајн казино со голем избор на слот и игри во живо, повеќе провајдери и разновидни бонуси. Плус е што поддржува сметка во македонски денари, како и повеќе начини за депозит и исплата. Бонусот за добредојде е висок, но 40x условот за обложување треба да се земе предвид пред активирање.