Granawin
- Игри
- Бонуси и промоции
- Уплата и исплата
- Мобилна верзија
- Корисничка поддршка
User Review
( votes)Granawin е онлајн казино достапно и за играчи од Македонија, со голем избор на слот игри, казино во живо, игри на маса и crash игри. Казиното е дел од истиот сајт со Granawin обложувалницата, па со една корисничка сметка може да се пристапи и до спортско обложување и до казино игрите.
Granawin работи со лиценца од Курасао, а при регистрација македонските играчи може да изберат сметка во денари (MKD). Достапни се повеќе начини за уплата и исплата, вклучувајќи картички, е-паричници и криптовалути.
За новите играчи има и посебен Granawin казино бонус за добредојде, со 100% на првиот депозит до 120 евра и до 120 бесплатни спинови. Во продолжение ги проверуваме игрите, провајдерите, бонусот, плаќањата, мобилното играње и корисничката поддршка.

Изглед на сајтот и навигација
Казино делот на Granawin има темен дизајн и голем број игри прикажани уште на почетната страница. И покрај големиот каталог, навигацијата е добро поделена и не е потребно долго пребарување за да се стигне до одреден тип игра.
Главното казино мени има категории како All Games, For You, Popular, Hot, New Games, Slots, Bonus Buy, Fast Games, Megaways и други. Има поле за пребарување по име на игра, како и филтер за провајдер, што е особено корисно со оглед на големиот број наслови.
Игрите дополнително се групирани во секции со препорачани, популарни, нови и најиграни наслови. Live Casino има посебен дел од сајтот и свои категории за блекџек, рулет, game shows, бакара и други игри со дилери во живо.
Казино игри
Изборот на казино игри е една од посилните страни на Granawin. Каталогот е голем и не се сведува само на слотови – има посебна понуда за live casino, класични игри на маса и брзи игри.
Слот игри
Слотовите го заземаат најголемиот дел од каталогот. Има комбинација од класични овошни слотови, Hold & Win игри, Megaways, Bonus Buy и понови видео слотови.
Меѓу игрите што ги најдовме се Zeus Legacy, Coin Blitz 2, Book of Ra Magic, The Governor, 3 Pots of Olympus, Book of Zeus 2, Wolf’s Moon 3, Book of Gold: Multichance, 7 & Hot Fruits и многу други.
Корисно е што Granawin не ги прикажува сите слотови во една долга листа. Може да се изберат само нови или популарни игри, Bonus Buy наслови, Megaways или конкретен провајдер. Има и пребарување по име ако играчот веќе знае што сака да игра.

Казино во живо
Granawin Live Casino има голем избор на игри со вистински дилери. Најзастапени се рулет и блекџек, но има и бакара, покер и game show игри.
Изборот на блекџек маси е особено добар, со повеќе класични и VIP варијанти. Кај рулетот исто така има различни маси и варијанти, додека за играчите кои сакаат нешто поразлично се достапни live game shows и игри како Crazy Time, Funky Time и Monopoly Live.
Live Casino има сопствено пребарување и филтри по провајдер, што го олеснува изборот бидејќи бројот на маси е голем.
Игри на маса
За играчите кои не сакаат дилер во живо, Granawin има и дигитални верзии на класичните казино игри. Во каталогот може да се најдат блекџек, рулет, покер и други игри на маса, со различни правила и лимити во зависност од избраниот наслов.
Овој дел е помал од понудата на слотови и live casino, но има доволно избор за играчите кои претпочитаат традиционални казино игри.
Crash игри
Granawin има посебна Fast Games категорија каде се сместени crash и други брзи игри. Најпознат пример е Aviator, но изборот е значително поширок.
Достапни се игри како Aviamasters 2, Mineslot 2, Chicken Road, Chicken Road 2, Tower Rush, Plinko, Midas Golden Plinko и други наслови со кратки рунди. Ова е добар избор за играчи кои претпочитаат побрз начин на игра наместо класичните слотови.
Провајдери
Granawin соработува со голем број казино провајдери, а игрите може директно да се филтрираат според студиото што ги развива.
Во каталогот се среќаваат игри од Pragmatic Play, Evolution, Play’n GO, BGaming, Playson, Betsoft Gaming, Fugaso, Mascot, Spinomenal, Amigo Gaming, InOut, Galaxsys, Clawbuster и други провајдери.
Комбинацијата е добра бидејќи има и големи познати студија и помали провајдери, особено во делот со fast и crash игри.
Бонуси и промоции
Granawin има одделни промоции за казино играчите. При регистрација може да се избере казино бонус, спортски бонус или да се продолжи без активирање бонус, што е добро за играчи кои не сакаат дополнителни услови за обложување.

Granawin казино бонус за добредојде
Нови играчи може да добијат 100% бонус на првиот депозит до 120 евра + 120 бесплатни спинови. За активирање на понудата треба да се избере казино бонусот и да се направи депозит од најмалку 20 евра.
Бесплатните спинови се поделени во четири дена. Првите 30 спинови се додаваат по успешно активирање на бонусот, а потоа се добиваат уште по 30 во следните три дена. За добивање на бесплатните спинови потребен е минимален депозит од 20 евра.
Спиновите се наменети за Big Bass Bonanza 1000, а доколку Pragmatic Play не е достапен во регионот, условите предвидуваат алтернативна игра од BGaming. Добивките од бесплатните спинови имаат услов за обложување од 40x.
Крипто бонус на прв депозит
За новите играчи кои сакаат да уплатат со криптовалута има посебен бонус од 200% до 500 евра. Потребно е при првата уплата да се избере оваа понуда и депозитот да биде направен со еден од достапните крипто методи.
За сметка во денари минималниот депозит е 1.200 денари, додека максималниот бонус изнесува 30.000 денари. Ова е повисок бонус од стандардната понуда за прв депозит и е подобра опција за играчи кои и онака планираат да користат криптовалути.
Бонус на втор депозит
По првата уплата, Granawin има и 50% бонус на вториот депозит до 100 евра. Минималниот депозит за понудата е 20 евра, односно соодветниот износ во валутата на сметката.
Со бонусот се добиваат и 50 бесплатни спинови, поделени во два дела. Првите 25 се додаваат по депозитот, а останатите 25 по 24 часа. Добивките остварени со бесплатните спинови имаат 40x услов за обложување.
10 бесплатни спинови со Granawin апликацијата
Granawin наградува и играчи кои ќе ја инсталираат неговата апликација. По инсталацијата и најавувањето на сметката се добиваат 10 бесплатни спинови без депозит.
Спиновите се додаваат во рок од еден час по најавувањето, а бонусот може да се искористи само еднаш. Добиениот бонус треба да се изигра во рок од 7 дена.
10 бесплатни спинови за push известувања
Уште 10 бесплатни спинови може да се добијат со активирање на push известувањата од Granawin. По најавување на сметката треба да се избере Subscribe, по што спиновите се додаваат во рок од еден час.
Добивките од овие бесплатни спинови имаат 40x услов за обложување, а бонусот треба да се изигра во рок од 7 дена. Кај iOS уредите прво треба да биде инсталирана Granawin апликацијата за да може да се активираат push известувањата.
Уплата и исплата
Granawin има прилично широк избор на методи за плаќање. За уплата со класични методи се достапни Visa и Mastercard, како и е-паричниците Skrill, Neteller, MiFinity и Jeton. Кај овие опции минималната уплата е 650 денари.
Особено голем е изборот на криптовалути. Достапни се Bitcoin, Ethereum, USDT, USDC, Litecoin, Dogecoin, XRP, Solana и повеќе други. Кај дел од криптовалутите минималната уплата започнува од 310 денари.
За исплата повторно може да се користат Skrill, Neteller, MiFinity, Jeton и голем број криптовалути. Од картичките, во делот за исплата е прикажана Visa, но не и Mastercard. Токму големиот број е-паричници и крипто опции е главната предност на Granawin кога станува збор за плаќањата.
Granawin мобилна апликација
Granawin може да се користи на Android и iOS, но нема класична апликација што се презема од Google Play или App Store. Наместо тоа, достапна е PWA верзија, која може да се додаде на почетниот екран на телефонот преку интернет-прелистувач.
И казиното може да се користи директно преку мобилниот сајт, со пристап до слотовите, live casino, fast игрите, бонусите и корисничката сметка. Распоредот се приспособува на помал екран, па посебна апликација не е неопходна за играње од телефон.
Корисничка поддршка
Корисничката поддршка на Granawin е достапна преку 24/7 разговор во живо, што е најбрзата опција кога има проблем со казино игра, бонус, уплата или исплата.
Има и Contact Us форма, каде прашањето може да се испрати според соодветна категорија. Granawin наведува дека преку оваа форма одговара во рок од 24 часа.
За контакт преку е-mail се користи [email protected], додека поплаките може да се испратат на [email protected]. На сајтот има и FAQ секција со одговори на почестите прашања.
Заклучок
Granawin казино има голем избор на слотови, одлична live casino секција и солидна понуда на crash игри. Предности се и големиот број провајдери, казино бонусот за нови играчи и широкиот избор на е-паричници и криптовалути. Сајтот може да се користи во денари и е добро приспособен за играње од мобилен телефон.