Kingmaker
  • Игри
  • Уплата и исплата
  • Корисничка поддршка
  • Сигурност
  • Дизајн
4.8

Резиме

Kingmaker казино нуди богата понуда на казино игри како и атрактивни бонуси и промоции за новите и постоечките корисници. Иако моментално немаат развиено посебна мобилна апликација, одлично функционира преку нивната мобилна веб страна.

Pros

  • Богата понуда на казино игри
  • Модерен веб сајт и многу лесен за користење
  • Атрактивни бонуси и промоции за нови и постоечки корисници

Cons

  • Нема официјална апликација за мобилен телефон
  • Корисничка поддршка на Англиски јазик
  • Нема исплата на кредитни и дебитни картички
Sending
User Review
0 (0 votes)

Kingmaker казино е целина од онлајн казино и онлајн обложувалница, но оваа компанија фокусот го има ставено на казино игрите. Тоа јасно се забележува откако ќе се пристапи на нивниот сајт каде што во фокусот се ставени слотови, игрите на маса и казиното во живо.

Општо за Kingmaker казино

На прво кога ќе слушнете за Kingmaker казино тоа можеби не звучи познато и можеби не сте го сретнале претходно, но мора да нагласиме дека тие имаат амбиции да стигнат до врвот и да бидат конкурентни со останатите онлајн казина. Има доста работи кои оставаат позитивен впечаток, но има и сегменти кои дефинитивно треба да претрпат измени и да бидат подобрени. Ви препорачуваме да ја прочитате нашата рецензија за Kingmaker казино и да добиете јасна слика и повеќе информации за овој сервис за игри на среќа.

Вебсајт

Благодарение на модерниот изглед и внимателниот распоред на сите елементи, веб страницата на Kingmaker казино остава многу позитивен впечаток. При самиот пристап на овој сајт, централно ќе ве пречека еден огромен слајдер со сите атрактивни бонуси и промоции. Левата лента е со менито, па од тука може да изберете во која категорија ќе пристапите. Горниот дел е за логото кое искрено не е ништо посебно, додека десниот горен дел е за пребарување, најава и регистрација. Во продолжение кога ќе скролате ќе ги најдете најинтересните настани од секоја категорија како казино, џекпот слотови, казино во живо, спортско обложување итн. Со еден збор овој дел во Kingmaker казино е совршен.

Kingmaker казино
Kingmaker казино веб сајт

Навигација

Користењето на оваа платформа е доста брзо и едноставно. Тоа е благодарение на распоредот на сите категории, па немате воопшто потреба да „лутате“ за да го најдете тоа што го посакувате. Дополнителна предност е тоа што има „Search bar“, па искрено ако го знаете иметот на слото или екипата, многу лесно ќе стигне до неа. Според нашиот впечаток, Kingmaker казино има максимално оптимизирана навигација и корисниците лесно може да се снајдат на сајтот.

Јазици во Kingmaker казино

Ако едно онлајн казино е достапно на повеќе јазици, тоа значи дека е создадено да привлекува корисници од различни делови на светот. Во Kingmaker сајтот може да биде на околу 28 различни јазици и тоа е голема предност, но за жал во толку голема понуда го нема македонскиот. Ние сме оптимисти и се надеваме дека во иднина ќе го има нашиот јазик.

Избор на игри во Kingmaker казино

Една од поголемите предности е на Kingmaker казино е тоа што има разновидна понуда. Во однос на слотовите, бројката е импресивна и е блиску до 12.000, но покрај слотови има и другите игри на среќа кои дефинитивно ќе го задоволат секој љубител на онлајн казината.

Слот игри во Kingmaker казино

И претходно спомнавме дека бројката е навистина огромна во понудени слот игри. Тие се организирани во повеќе категории и тоа топ слотови, брзи игри, ексклузивни, тематски, слот со купување на бонус итн.

Казино во живо во Kingmaker казино

Ова е една интересна категорија која ви ја препорачуваме да ја испробате. Тука можете да уживате во различни казино игри кои се пренесуваат во живо поточно преку Live Stream, па вие имате директна комуникација со дилерите. Исто така, графиката дава некое посебно чувство на задоволство, па на момент ќе добиете впечаток дека сте во некое огромно и елитно казино.

Kingmaker казино
Kingmaker казино – казино во живо

Бонуси и промоции во Kingmaker

Категоријата со бонуси и промоции е многу важен дел од едно онлајн казино. Имено, преку тие работи привлекуваат нови корисници, а искрено во Kingmaker овој дел е солиден и нудат различни можности за новите и за постоечките корисници.

Kingmaker казино
Kingmaker казино – бонуси и промоции

Бонус за добредојде до 500 евра + 50 шанси за 1 милион евра

Овој бонус е наменет за нови корисници кои ќе направат депозит од најмалку 20 евра. Вредноста на бонусот е 100% до 500 евра, а покрај тоа добивате и бесплатни вртења на тркалото на среќата. Бонусот се активира автоматски и потребно е да го изиграте во рок од 10 дена.

25% кешбек за сите казино играчи во Kingmaker казино

Оваа промоција спаѓа во категоријата програми за лојалност. Вие играте на казиното на Kingmaker, a во зависност од вашиот левел добивате и кешбек. Максималниот кешбек може да биде 25% до 250 евра што искрено не е цифра за потценување.

Викенд бонус до 700 евра и 50 бесплатни вртења

Самиот наслов на промоцијата кажува дека овој бонус е наменет за сите играчи кои ќе направат депозит за време на викендот, поточно од петок до недела. Вредноста е 50% до 700 евра, а покрај тоа си добивате и бесплатни спинови. Исто и овој бонус им рок на траење од 10 дена.

Неделна промоција – бесплатни спинови

Оваа промоција важи за сите играчи кои ќе направат депозит од понеделник до четврток. Тие со најмалку 20 евра депонирани се квалификувани за бесплатни спинови кои можат да ги изиграат на слотовите во Kingmaker.

Имајте на ум дека оваа категорија често претрпува промени, па овие информации се точни за време на пишувањето на овој текст.

Уплата на средства во Kingmaker казино

Kingmaker казино поддржува повеќе начини за депозит на вашите средства. Тоа значи дека корисниците имаат можност за избор, а целиот процес е многу едноставен, брз и што е најважно бесплатен поточно без провизија.

Достапни методи за уплата во Kingmaker се:

  • Кредитни и дебитни картички – Visa и Mastercard
  • Електронски паричници – Skrill, Neteller, Jeton, MiFinity
  • Криптовалути – Bitcoin, Ethereum, Litecoin, USDT на повеќе мрежи и други популарни дигитални валути

Исплата на средства во Kingmaker казино

Онлајн казиното на Kingmaker максимално се потрудиле да воведат поголем број начини за исплата. Исто како и уплатата, достапни се повеќе методи кои најчесто се одвиваат без провизија што е многу битен податок. Недостаток е тоа што во методите за исплата немаат кредитни и дебитни картички.

Корисниците своите пари од Kingmaker може да ги повлечат на следните начини:

  • Банкарска девизна сметка
  • Електронски новчаници – Skrill, Jeton, MiFinity
  • Криптовалути – Bitcoin, USDT, USDC, Ethereum и многу други

Ако сакате да повлекувате преку банкарска сметка ви требаат најмалку 52 евра, преку електронски новчаници 10 евра и преку криптовалути 20 евра. За повлекување на Bitcoin потребно  е да имате најмалку 60 евра.

Мобилна верзија

Една од поголемите предности е мобилната верзија на сајтот на Kingmaker. Тие имаат супер оптимизирана веб страна која функционира беспрекорно доколку пристапите од вашиот мобилен телефон или табелт. Достапни се апсолутно истите функции како на десктоп верзијата, а искрено тоа што можете да играте преку мобилен нуди дополнителна флексибилност.

За жал во моментов не е достапна посебна апликација за Android или iOS, но во иднина се надеваме дека ќе го видиме и тоа.

Kingmaker казино – мобилна верзија

Корисничка поддршка

Онлајн казиното на Kingmaker нуди професионална корисничка поддршка за сите играчи кои имаат потреба од дополнителни информации или пак се соочуваат со некои проблеми. Агентите се достапни на англиски јазик, а искрено се добро обучени и спремни да ви помогнат буквално за било каков и да имате проблем. Нив може да ги добиете преку е-маил [email protected] или директно на сајтот преку нивната Live Chat форма.

Заклучок

За крај ние може да кажеме дека онлајн казиното на Kingmaker располага со широк спектар на игри од категоријата слотови, игри на маса, казино во живо итн. Нивниот модерен дизајн и одлично оптимизираната мобилна веб страна е голем плус за сите играчи. Како мини недостаток може да издвоиме тоа што немаат повлекување на кредитна и дебитна картичка, но во секој случај достапни се други методи. Се на се, ова онлајн казино ги исполнува сите критериуми за да станете нивни корисник.