• Игри
  • Бонус и промоции
  • Уплата и исплата
  • Дизајн
  • Корисничка поддршка
  • Мобилна верзија
3.9

Резиме

Evrotip online казиното е модерен онлајн казино сервис кој нуди одлични можности за играчите преку одличен бонус, сигурни методи за плаќање и високо квалитетна корисничка поддршка. Казиното обезбедува одлично искуство и на десктоп и на мобилни уреди. Сепак, провизиите за депозити и ограничениот број на методи за плаќање можат да бидат причина за замерка за некои казино играчи.

Pros

  • Атрактивен бонус за добредојде
  • Одлична корисничка поддршка
  • Одличен мобилен сајт

Cons

  • Ограничени опции за плаќање
  • Мал број на казино игри
  • Минимална провизија за уплата и исплата

Evrotip online е ново онлајн казино и обложувалница кое работи со официјална лиценца од нашата земја. Како организатор е Државна лотарија – 77 БИТС ДОО со ЕМБС 7735952 и ЕДБ 4002024572347. Со оглед на фактот што имаат лиценца во Македонија, може да кажеме дека станува збор за многу сигурен сервис кој нуди најразлични казино игри.

Вебсајт на Evrotip online казино

Кога ќе пристапиме на сајтот на Evrotip online казиното ќе наидеме на шаренолик интерфејс кој дава некое интересно чувство кај корисниците. Најпрво не пречекува слајдер кој ги прикажува активните бонуси и промоции. Казино игрите се поделени на неколку категории и може да ги пребарате во Search барот или да ги филтрирате според провајдерот.

Најдолу се информации за сајтот, поточно условите и правилата, категоријата одговорна игра, разговор во живо итн.

Evrotip online казино
Evrotip online казино – вебсајт

Навигација и јазици

Со оглед на фактот дека станува збор за доста едноставен вебсајт, тоа во превод значи и дека истиот тој сајт е лесен за навигација и управување.  Што се однесува до јазична поддршка, достапни се два јазици и тоа Македонски и Албански. Изборот не е голем, но ова казино функционира само во Македонија, па така тоа не може да го забележиме како недостаток за ова казино.

Избор на игри во Evrotip online казино

Добро е избраното казино да има голем избор на игри, но доколку вие сте љубители на слотови, тогаш и нема некои посебни причини тоа да биде преполно. Конкретно еден играч се навикнува на само неколку слотови, па за таков профил искрено и не е потребно оваа бројка да биде кој знае колку голема.

Конкретно во Евротип онлајн казино е достапна само видеолотаријa, поточно тоа значи дека се достапни само слот игри во повеќе верзии.

Слот игри во Evrotip online казино

Бројот на игри не кој знае колку, но може да кажеме дека е одлично тоа што се достапни казино игрите од EGT (Amusnet), а тоа се најпознатите игри во Македонија кои се достапни скоро во секое онлајн и локално казино.

Овој вид на игри се поделени на три категории и тоа нови игри, слот игри и препорачани.

Во делот на нови игри е листата на неодамна прикачени игри на сајтот, во слот игри се слотовите кои се достапни во ова казино и препорачани се тие кои се најмногу барани и кои најмногу се играат.

Evrotip online слот игри
Evrotip online kazino – избор на игри

Софтвер

Казино игрите во Evrotip online казино се развиени од реномирани провајдери кои нудат фантастични игри. Да бидеме искрени, сме биле сведоци на онлајн казина кои нудат огромен број на слотови од различни софтверски провајдери. Тука, случајот е малку поразличен и искрено бројката на софтвер е навистина ниска. Сепак станува збор за ново онлајн казино кое има тенденција за нови договори.

Во Evrotip online казиното се достапни следните софтверски провајдери: Wazdan, CT Interactive, PATEPLAY, EGT Digital, FAZI, AMATIC.

Се надеваме дека во иднина оваа бројка значително ќе порасне, а со тоа ќе се зголеми и бројот на достапни казино игри.

Бонуси и промоции во Evrotip online казино

Казино бонус или бонус за казино е специјална понуда или промоција што онлајн казината им ја даваат на играчите за да ги привлечат да се регистрираат. Бонусите можат да бидат од различни видови и да имаат различни услови и правила. Главната цел на казино бонусите е да им обезбедат на играчите дополнителни средства или привилегии за играње. Ова придонесува да се зголеми нивната шанса за добивка.

Во Evrotip онлајн казино е достапна само еден бонус и тоа бонус за добредојде.

Бонус за добредојде во Evrotip online казино

Со овој бонус, играчите имаат можност да искористат бонус од 100% до 20.000 денари, кој е специјално наменет за играње казино игри. За да се квалификувате за овој бонус, потребно е да направите минимален депозит од 300 денари. Дополнително, покрај овој паричен бонус, играчите добиваат и бесплатни вртења (free spins), чиј број зависи од износот на нивната уплата.

Условите за користење на двата вида бонуси – паричниот бонус и бесплатните вртења – се речиси исти. Единствена разлика е во бројот на обрти или условите за играње кои мора да се исполнат пред средствата да бидат достапни за повлекување.

Онлајн казиното може редовно да ги менува условите и правилата на бонусите. Поради тоа се препорачува играчите секогаш да ги проверат најновите информации на официјалната страница.

Уплата во Evrotip online казино

Кога станува збор за онлајн казината, начинот на уплата на средства на вашиот акаунт е една од клучните категории која заслужува посебно внимание. Во Evrotip online казино, откако ќе го завршите процесот на регистрација и ќе сакате да започнете со играње, ќе треба да додадете средства на вашата сметка. Моментално, единствените опции за уплата во ова казино се преку дебитни и кредитни картички, како што се Visa и MasterCard. Минималниот износ што можете да го депонирате е 300 денари, додека максималната граница е поставена на 300.000 денари.

Треба да се истакне дека секој депозит е подложен на провизија од 2% од вкупниот износ. Иако постои оваа мала провизија, прилично незначителна и не би требало да се гледа како голем недостаток за корисниците. Напротив, ова е стандардна пракса во многу казина и не претставува голем трошок.

Исплата на средства во Evrotip оnline казино

Еднакво важна, ако не и поважна од уплатата, е опцијата за исплата на вашите средства од казиното. На крајот на краиштата, смислата на играњето е да се исплати добивката. Во Evrotip online казино, исплатата е добро организирана и ефикасна. Ова значи дека вашата заработка е безбедна и ќе биде префрлена на трансакциската сметка која сте ја навеле при регистрацијата. Минималниот износ што можете да го повлечете е исто така 300 денари. Независно од сумата што ја повлекувате, постои фиксна провизија од 20 денари. Оваа ниска провизија го прави процесот на исплата уште попривлечен и можеме да заклучиме дека овој дел од платформата функционира беспрекорно.

Корисничка поддршка на Evrotip online казино

Доколку играте онлајн, постојат моменти кога можеби ќе ви треба помош или совет за одреден проблем. Во Evrotip online, за оваа намена постои одлична опција за поддршка. На дното од сајтот се наоѓа опција наречена „поддршка за разговор“, каде што корисниците можат директно да контактираат со агентите во живо. Овие агенти се високо стручни и професионални, и се трудат да ги решат сите ваши прашања и проблеми што е можно побрзо. За време на нашето тестирање на оваа услуга, добивме моментален одговор, а тоа покажува дека корисничката поддршка е организирана и ефективна.

Мобилна верзија на Evrotip online казино

Evrotip online казиното нуди и мобилна верзија на својата платформа, која е достапна преку мобилни уреди и таблети. Мобилната верзија е оптимизирана за различни оперативни системи, како што се iOS и Android, што овозможува лесно и безбедно играње. Дизајнот на мобилната платформа е одличен, овозможувајќи брз пристап до сите функции на казиното. Дури и на помали екрани, игрите се прикажуваат со висока графика што е огромна предност. Се на се, овој дел им е одличен и нуди флексибилност за играчите.

Evrotip online мобилна верзија
Evrotip online казино – мобилна верзија

Заклучок

Evrotip online казиното се истакнува со одличен вебсајт, атрактивен бонус за добредојде, лесни и ефикасни методи за уплата и исплата на средства. Со високо професионална корисничка поддршка и достапна мобилна верзија на сајтот, ова казино нуди фантастично искуство на своите играчи. Иако постојат некои ограничувања како провизии за трансакции и ограничени начини на плаќање, опшиот впечаток е дека на Evrotip online казино треба да му се даде шанса.