Рулет стратегии
Ако сакате да се коцкате и да се обложувате додека играте некоја игра, рулет стратегиите се вистинскиот избор за вас. Постојат пет различни стратегии за рулет кои можете да ги користите додека играте. На сите нив им е заедничко тоа што не можат да го променат или да влијаат врз бројките на кои застанува рулет топчето. Од друга страна, овие стратегии се однесуваат на тоа колку и кога треба да вложувате во играта од вашата сметка.
Тука треба да се потенцира дека не постојат гаранции за добивање ниту беспрекорно безбедна стратегија за играње на игра која се базира на коинциденции.
Мартингејл стратегија
Првата стратегија за која треба да прочитате е наречена Мартингејл стратегија. Од сите рулет стратегии, оваа е најпозната и најчесто користена од играчите.
Стратегијата се користи само за облозите кои ги нарекуваме надворешни влогови. Надворешните влогови се полесни за добивање, но носат помалку пари. Постои, исто така, облог наречен 50/50, со што во таква ситуација казиното секогаш има мала предност.
Постојат и влогови како црвено или црно, исти или различни броеви и високи или ниски броеви на кои можете да ја користите Мартингејл стратегијата.
Како да ја применувате стратегијата
Стратегијата е доста едноставна за примена. Секогаш кога губите на овие надворешни влогови, повторно се обложувате на она што сте играле (пример на црвена боја) со зголемување на влогот. Поентата на стратегијата е дека кога после неколку евентуални губења ќе добиете. Добивката ќе ви ја покрие цела загуба која сте ја направиле претходно. Тоа функционира така бидејќи вие константно го зголемувате влогот.
Недостатоци на стратегијата
Прво, треба да сте свесни дека шансите рулет топчето да застане на црно или црвено, на пример, се апсолутно еднакви, без разлика колку пати претходно сте вложиле на една од двете варијанти. Топчето без никаков проблем може да застанува на спротивната боја од онаа на која се обложувате вие 100 пати по ред. Па така, ако топчето сто пати по ред застане на црвено, а вие цело време сте се обложувале на црно, лесно можете да ги загубите парите и стратегијата во тој случај нема да ви функционира.
Ако сакате да ја применувате оваа стратегија, мора да имате одредена сума на пари која ќе ја потрошите/да ризикувате да ја загубите доколку Мартингејл стратегијата не профункционира за вас како што треба.
Стратегијата број два, од друга страна, е сосема спротивна на Мартингејл стратегијата.
Спротивна стратегија на Мартингејл
Спротивно на стратегијата на вложување која ја заговара принципот на Мартингејл, тука секогаш кога добивате го зголемувате влогот, а секогаш кога губите го намалувате.
Ако добиете обложувајќи се на боја, на пример, следното вртење го удвојувате влогот и се обложувате на истата боја. Оваа стратегија бара многу победувања за да функционира оптимално.
Ако, да речеме, сте добитни десет пати по ред со почетен влог од еден долар, и секој нареден пат го зголемувате влогот, вашата добивка прогресивно ќе се зголемува вака:
1 – 2 – 4 – 8 – 16 – 32 – 64 – 128 – 256 – 512
Недостатоци на оваа стратегија
Ако сте освоиле 512 долари и одненадеж загубите, со тоа ги губите сите пари кои сте ги вложиле во последните десет вртења во кои сте биле добитни. Ако играта испадне толку добра за вас и да бидете добитни толку пати по ред. Пробајте да си ги следите малку чувствата за тоа кога е добра идеја да престанете со играње, пред да станете алчни за поголеми добивки.
Стратегијата Д’Алемберт
Стратегијата Д’Алемберт е малку побезбедна стратегија за примена наспроти претходните два методи погоре. Сепак, тоа исто така значи и дека добивките кои можете да ги остварите со примена на истата се помали.
Како се применува оваа стратегија
Секогаш кога губите при примена на оваа стратегија, го зголемувате влогот, а секогаш кога добивате, го намалувате. Да речеме дека сте почнале со влог од еден долар на една боја. Губите, па зголемувате влог и вложувате два долари, повторно губите и вложувате три. Повторно зголемувате и вложувате четири, добивате, па тогаш го намалувате влогот и вложувате три долари.
Пресметката изгледа вака
-1 -2 -3 +4 +3
Во овој случај, на крајот имате вложено 13 долари, а имате заработка од 1 долар. Секако, тоа не е голема заработка, но ви го даваме примеров за да ви покажеме како функционира оваа стратегија.
Попрво треба да ја напуштите играта кога еднаш ќе добиете, независно колку пати сте загубиле претходно.
Недостатоци на стратегијата
Може да помине долго време пред да имате профит со примена на оваа стратегија, па затоа треба да ја применувате со вложување мали влогови.
Никогаш не можете да знаете колку долго ќе функционира стратегијата и вие ќе бидете добитни.
Четврта стратегија за која треба да знаете нешто повеќе е Фибоначи стратегијата. Фибоначи бил италијански математичар кој ја открил низата бројки која се зголемува така што збирот од претходните две го дава наредниот број и може да се спореди со рулет бројките.
Стратегијата Фибоначи
Таа функционира така што ги збирате последните два влога кои сте ги направиле за да го добиете наредниот влог. Пример, почнувате со влог од еден долар и наредно вложувате еден плус, т.е. два долари. Потоа ги вложувате тие два плус тој еден од претходно, т.е. три долари. Потоа ги вложувате тие три плус тие два претходно, т.е. вложувате пет долари. Кога ќе имате добитно вртење при примена на оваа стратегија, мора да се вратите два облози назад и да започнете со обложување со таа сума. Тоа значи дека мора постојано да внимавате на влоговите кои ги ставате при секое вртење. Добра работа во оваа стратегија е дека можете да изгубите повеќе пати отколку да добиете, па сепак да имате профит во крајната пресметка.
Недостатоци на стратегијата
Колку подолго ги собирате претходните облози за одредување на наредниот, толку повеќе се зголемува сумата која ја вложувате. Со тоа ризикувате да загубите голема сума на пари користејќи ја оваа стратегија.
Стратегија Џејмс Бонд
Наречена е по славниот агент 007, бидејќи за да ја користите истата треба да бидете храбри како Џејмс Бонд и треба да сте расположени да вложувате високи суми во влоговите.
Потребни ви се 200 долари кои ќе ги користите при потребното за оваа стратегија вертикално вложување. Почнувате со 140 долари на високи броеви (19-36). Потоа ставате 50 долари на броевите од 13-18 и на крајот 10 долари за да ја обезбедите 0-та.
Ако сте добитни на првиот влог (19-36), имате добивка од 80 долари. Доколку сте добитни на вториот влог (13-18), добивате 100 долари. Ако топчето падне на нулата, добивата 160 долари.
Со примена на оваа стратегија можете да освоите сериозна сума на пари.
Недостатоци
Ако топчето се падне на било кое друго поле, ги губите сите пари. Овој облог бара голема сума на пари и прашање е дали сте расположени да ризикувате да изгубите толку кеш на едно единствено вртење.
Стратегија или не?
Може да биде убаво и релативно забавно да користите некоја стратегија при играњето рулет. Во секој случај, секој мора да биде свесен дека примената на било која стратегија не е гаранција дека ќе бидете добитни во играта. На крајот, резултатот во рулетот секогаш е случајност.
Ако одберете да пробате некоја од погоре наведените стратегии, добра идеја е на старт да си одредите сума која сакате да ја потрошите во играта потпирајќи се на таа стратегија. Треба да бидете на чисто со себеси дека секогаш постои голем ризик за губење на сите пари и дека нема да бидете во можност да се заштитите од тоа. Единствен начин да бидете сигурни дека нема да загубите на рулетот, е едноставно да не играте.
Обидете се со мали суми кога ќе пробувате некоја стратегија. Најдобро би било да ја одберете стратегијата која ви дава најголемо чувство на безбедност и најлесно ја разбирате нејзината логика.
Знајте ги правилата
Независно дали следите некоја стратегија или не, кога играте рулет најпрвин бидете сигурни дека ги знаете правилата и условите на играта. Така, ќе знаете што да очекувате и од добрата и од лошата страна на играта. Исто така, добро и безбедно е кога можете да ги препознаете концептите и можете да ги следите во играта бидејќи знаете за што станува збор.
Не применувајте стратегија по секоја цена
Ако гледате дека почнувате сериозно да губите во играта, и покрај тоа што доследно применувате некоја стратегија, а тоа веќе не ви дава удобност, прекинете со играта. Играњето казино игри треба да биде забава и не треба да чувствувате голем притисок пред методите и теориите. На крајот, парите се ваши и вие треба да ги потрошите онака како што сметате дека е најдобро.
Испробајте стратегија
Најдете место на интернетот каде можете да играте рулет за забава, без да бидат вклучени вистински пари во играта. Таму можете да испробате некоја од стратегиите кои ви ги наведовме погоре, да видите како функционира и се применува. Ако имате успех со примена на некоја од нив и мислите дека тоа е забавно, секогаш можете да се префрлите на рулет каде што се вложуваат вистински пари и да си ја пробате среќата.