Додека сте онлајн, кешот како средство за плаќање е исклучен, па применливи и достапни се други платежни методи на онлајн казината. Ние ви ги нудиме одговорите на прашањата кои веројатно ги имате поврзани за плаќањето при овој начин на играње казино игри.
Платежните картички, банковните трансфери и чековите се веќе познати, но дополнително има уште неколку други начини на плаќање. Највообичаени од нив во онлајн казината се: платежни картички, е-паричници, виртуелни припејд картички, банковни трансфери и чекови.
Начини на плаќање(уплата) на онлајн казината
Платежни/кредитни картички:
Веќе знаете за овие средства за плаќање, бидејќи веројатно не постои некој кој не поседува барем една таква картичка. Но, за секој случај: платежна картичка, на пример VISA или Master Card, е најчестиот принцип кој сите го практикуваат при шопинг и пазарење во маркети, во ресторани и на други купопродажни места. Со нив можете да плаќате и на онлајн казината.
Предноста на платежните картички е што сигурно веќе поседувате една таква, па трансферите ќе одат брзо. Пожелно е да се служите со начин на плаќање кој веќе ви е познат.
Забелешка: Некои платежни картички можеби повлекуваат и провизија за трансферот. Проверете го тоа на вашето онлајн казино.
Банковни трансфери:
И ова сигурно не е целосно непознат начин за вас. Банковниот трансфер обично е бесплатен. Како и да е, кога го користите овој метод на плаќање, треба малку повеќе да почекате пред парите да бидат префрлени од вашата сметка на онаа од казиното. Поточно, тоа може да потрае помеѓу 2 и 10 работни дена пред сумата да биде префрлена.
Предноста на овој начин на плаќање е дека не треба да ги носите парите на друго место од вашата банка. Сигурно веќе си ја знаете вашата банка каде што сте клиент, па ќе се чувствувате посигурно.
Забелешка: Треба повеќе време за парите да се префрлат од една сметка на друга кога правите банковен трансфер.
Чекови:
Плаќањето со чекови е постаромоден начин на плаќање за кој веројатно и претходно сте чуле, но можеби не ви е достапен.
Чекот веројатно е најблиска варијанта до кешот, без да кешот да биде вклучен. Плаќањето со чекови веројатно е начинот на плаќање кој ќе ви одземе најмногу време. Првин, треба да одите во банка за да размените одредена сума пари во чекови, па потоа ќе ви треба време да го пополните чекот. Потоа, чекот треба да го испратите по пошта, што може да потрае и 28 дена. Исто така, постои ризик времето на одобрување на чекот да се одолговлечи. Казиното првин ќе одреди дали постои реално покритие за чекот. Поради сите овие работи, плаќањето со чекови е прилично скептично, а ќе ве кошта и време и нерви.
Понови начини на плаќање (уплата)
Електронски паричник:
Има повеќе различни е-паричници. Најпопуларни се: Skrill, Skrill1-tap, Neteller, Paypal и Paysafecard.
Електронскиот паричник е онлајн паричник. Секако, за да имате пари во него, треба да префрлите одредена сума на истиот. Ова мора да го направите со кредитна картичка, онлајн банкарство или банковен трансфер. Откако ќе префрлите пари во вашиот електронски паричник (Ewallet), брзо и лесно можете да плаќате со оваа алатка на различни казино сметки. При овој начин на плаќање нема никакви такси и даноци, а парите се префрлаат моментално. Една голема предност на овој метод на плаќање е брзината со која се одвиваат трансферите и лесното и брзо префрлање на пари помеѓу различни сметки. И лесно можете да контролирате колку пари имате во вашиот електронски паричник.
Електронскиот паричник ги содржи информациите за банката и картичката кои обично ви се потребни за онлајн плаќање, па нема потреба секојпат да ги имате при рака тие информации секогаш кога ја користите оваа алатка.
Виртуелни припејд картички:
Овој начин на плаќање подразбира дека поседувате некој вид на онлајн дебитна картичка, со која ќе плаќате. Нема да можете да оперирате со парите со кои сте ја купиле картичката, но можете да плаќате со нив на различни места.
редноста на овој метод е што кога ќе ја одберете вашата виртуелна платежна картичка со која ќе плаќате за казино игрите, нема да трошите пари од вашата лична банковна сметка. Овој начин на плаќање обично е слободен, но за секој случај проверете во казиното за тоа.
Кој начин на плаќање(уплата) да го одберете?
Најдобро е да одберете метод на плаќање кој најмногу одговара на вашите потреби. Ако сакате трансферите да одат брзо, тогаш бирајте плаќање со кредитна картичка, електронски паричник и виртуелна припејд картичка како најдобри опции. Истите најчесто не се наплаќаат како платежни методи. Оваа опција посебно е препорачлива за играчите на онлајн казино игри кои играат многу и често, па оттука често треба да се прават трансфери помеѓу нивната и казино сметките.
Ако немате доволно доверба во овие нови начини на плаќање, можете да ги користите добро познатите стари методи како банкарски трансфери и чекови, но истите траат подолго и земаат повеќе време. Ако треба да чекате еден месец за парите да се префрлат на вашата казино сметка за да го испробате новиот слот апарат, дали по еден месец тој ќе биде уште нов? Поради тоа, чековите се неверојатно непрактични и одземаат многу време.
Внимавајте на дополнителните давачки и провизии!
Секогаш треба да проверите дали се вклучени и дополнителни давачки (такси) за начинот на плаќање кој сте го одбрале. Ова може да биде ограничувачки фактор во изборот на метод на плаќање кој ќе го користите.
Мора да бидете свесни за депозитите и начините на исплата. Што дека можете да ставите пари на десет различни начини, ако исплата добивате на само еден, инертен и долг начин. Затоа, проверете дали онлајн казиното нуди метод на исплата кој го преферирате, за да може парите да ви бидат исплатени на за вас најповолниот начин. Повеќето казина нудат широк дијапазон на депозити и начини на исплата, бидејќи и тие се сосема свесни дека на нивните членови треба да им понудат најдобри услови и да ги задржат нив како клиенти.
Краток водич во изборот за начин на уплата и исплата
Кога ќе одлучите да ги вложите вашите пари во некое казино, себеси и на казиното поставете им ги овие три прашања за начинот на исплата кој ви е достапен и истражете ги малку одговорите кои ќе ги добиете пред да ги префрлите парите.
- Дали казиното нуди начини на плаќање (уплата/депозит) кои вие ги преферирате?
- Дали тие се применливи и на уплата (депозит) и на исплата?
- Дали се вклучени некои провизии, давачки и такси поврзани со начинот на плаќање (депозит/уплата)?