Лотарија

Лотарија

Лотарија е форма на игра на среќа која вклучува извлекување на броеви за награда. Лотаријата е контролирана т.е регулирана од некоја држава. Се организира како национална или државна лотарија. Добро е пред играњето да се види кој степен на регулатива го поседува лотаријата и од која држава е регулирана. Логаријата прво се појавила во Соединетите Американски Држави, и потоа се проширува и во другите држави на крајот од 19 век. Во текот на 20 век, во многу форми на коцкање била вклучена лотаријата. Поради големата популарност во Европа и САД станува илегална, како и во многу други држави. Дури по Втората светска војна, се регулира според закони и станува легална со што е вклучена во многу казина. Но за тоа се воведуваат и провизии и даноци кон државата.

Лотарија

Лотарија може да сретнете во повеќе форми. Како на пример, Кеното или некои слични игри кои спаѓаат под „капата“ на лотарија. Добивката може да биде фиксен кеш или пак некои „добра“, како бонуси и слично. Најчест облик на добивка е оној кој е регулиран „50-50“, каде организаторите даваат 50% од вкупниот број на средства. Многу организатори на Лотарија доделуваат добивки на повеќе играчи, не само на еден, па така шансите да добиете нешто се поголеми.

Класична Лотарија

Првите записи за Лотарија се Кено вртењата од Кинеската Династија помеѓу 205 и 187 година п.н.е. Со парите собрани од лотаријата се потпомогнала финансиски изградбата на Кинескиот ѕид.

Првата позната Лотарија во Европа е за време на Римската империја. Со секој тикет тогаш се освојувало нешто. Првите записи во за Лотарија во Европа се дека нудел Октавијан Август, на победниците им се давало уникатни предмети.

Математички анализи кај Лотаријата

Со купувањето на тикет за Лотарија нема да дознаете на кој модел е базирана максималната вредност. Причина зошто тикетите чинат повеќе од очекуваната добивка e затоа што е пресметана и провизијата што ја добиваат организаторите односно профитот. Доколку не би постоело такво нешто никој не би организирал Лотарија и не би постоел ризикот кој ја прави возбудлива. Гледано на индивидуално ниво, тикетите се многу евтини во споредба со сумата која може да се освои. На сите тоа им е привлечно дека со многу малку може да се збогатат.

Веројатност за добивка

Шансите за освојување на премијата може да варираат во зависност од дизајнот на Лотарија. Фактори кои влијаат се

  • бројот на можни броеви кои може да се погаѓаат
  • бројот на добиени броеви
  • редоследот на броевите т.е низата
  • дали вратените обработени броеви може и понатаму да се извлечат

Во едноставно лото 6-од-49, играчот избира шест броеви од 1 до 49 (не се дозволени дупликати). Ако сите шест броја на тикетот на играчот се совпаѓаат со оние што се добиваат од барабанот (без оглед на редоследот по кој се извлекуваат броевите), тогаш играчот е добитен. За таква лотарија, шансата да се биде добитен  е 1 во 13.983.816. Кога станува збор за највисоката добивка.

Шансите за добивка, исто така, може да се намалат со зголемување на групата од која се извлекуваат броевите. Во Супер Лото на Италија, играчите мора да погаѓаат 6 броеви од 90. Шансата за освојување на џекпот е 1 во 622.614.630. Што е многу мала во однос на „нормалната“ лотарија.

Но со тоа што е воведено повеќе играчи да освојат добивки, може да се освои и со две или три. Тоа зависи од Лотаријата, некои Лотарии како онаа Националната на Велика Британија се дава добивка од 25 фунти и на 3 погодени броја.

Со извлекување на повеќе броеви добивката се зголемува и таа не влијае врз главната премија. Доколку повеќе играчи ги имаат погодено сите добитни броеви за главната награда, тогаш таа се дели рамномрно.

Дали постојат измами и трикови во Државната Лотарија?

Како и во секоја форма на коцкање, така и овде, секако дека постојат измами. Тие постојат и покрај големата регулатива која се спроведува од страна на организраторите и слично. Како на пример, познатата измама со Националната Лотарија на Пенсилванија. Тука стануваше збор за организиран криминал, додека трикови и измами може да се сретнат на интернет како „добитни“ системи.

На интернет може да најдете продавачи на софтвер кој ви „гарантира“ дека ќе освите на лотарија, но тоа се измами. И тоа е легално да се нуди таков софтвер и трикови поради тоа што тие имаа наведено дека не гарантираат добивка. Затоа бидете внимателни и не уплаќајте за некаков софтвер кој „магично“ ќе ги погоди комбинациите. И притоа се бара од вас да го купите предвреме и слично. Дури и оние кои нудат некои системи и трикови, не се за верување. Затоа што лотаријата се базира врз математички методи и веројатност. Сето останато имајте го во втор план.

Лотаријата е одлична како игра во која може да си ја испробате среќата. Одлична работа кај лотаријата е што со многу мал влог, може да освоите некоја голема премија и преку ноќ да се збогатите. Се што ви е потребно не се системите кои ви „гарантираат“ добивка, туку среќата која мора да биде на ваша страна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*